Контакт

Култура

Симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова на „Охридско лето“

Објавено пред

Музичката програма на годинешното 64. издание на „Охридско лето“ продолжува со целовечерен концерт на уметниците од Црногорскиот симфониски оркестар, со пијанистката Нина Костова како солист.

dobivaj vesti na viber

Црногорскиот симфониски оркестар за прв пат настапува  на 14 декември 2007 година во Цетиње, и набргу станува центар на музичкиот живот во Црна Гора. На преку 500 концерти одржани во земјата и во странство (Италија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Русија, Турција, Албанија, Франција) како солисти со овој оркестар меѓу останатите настапиле: Монсерат Кабалје, Миша Мајски, Иво Погорелиќ, Иља Гринголц, Роман Симовиќ, Милош Карадаглиќ, Денис Шаповалов, Симон Трпчески, Стефан Миленковиќ, Константин Лифшиц и многу други истакнати солисти и диригенти.

На репертоарот на овој оркестар се наоѓаат дела од сите стилови и музика од барокната ера,  па се до современи дела. Оркестарот остварува концерти со епохални дела од светската музичка ризница кои претставуваат историски мигови во црногорскиот музички живот. Покрај тоа, редово се застапени делата на црногорските композитори Иван Бркановиќ, Илија Лакешиќ, Борислав Таминжиќ, Жарко Мирковиќ, Нина Перовиќ, Александар Перуновиќ, Сенад Гачевиќ кои се значајни во музичката историја и сегашност на Црна Гора.

Со оркестарот раководи и диригира Марк Корович, дипломец по хорско и оркестарско диригирање на „Сорбона“ во Париз. Оркестарско диригирање студира и на Конзерваториумот за музика во Париз, а магистерски студии по хорско диригирање завршува на Високата школа за музика во Женева. Од 2014 Марк Корович редовно работи со хорот на Француското радио, како и со хорот „Акцентус“ со кои настапува на турнеи, снимања, а надвор од Франција соработува со хорот на Хрватското радио, со вокалните ансамбли во Штутгарт и Минхен, ансамблот English voices, хорот на градот Мадрид и на Шпанската РТВ. Соработува со ансамблот „Кончерто Келн“, со Хрватскиот барокен оркестар, Хашкиот камерен оркестар, Симфонискиот оркестар на ХРТ, како и со националниот оркестар во Монпелје. На оперската сцена работи во оперите во Руен и Монпелје, во театарот „Шанзелизе“ и во Виенскиот театар. Остварува успешни соработки со врвни диригенти како што се:  Сајмон Ратл, Даниел Хардинг, Алан Гилберт, Густаво Дудамел, Еса-Пека Салонен, Даниеле Гати, Клаус Мекела, Лахав Шани, Луи Лангре, Стефан Денев, Херберт Бломштед, Филип Жордан, Лоренс Екилбеј и др. Марк Корович учествува на бројни фестивали во Салцбург, Монпелје, фестивалот „Моцарт“ во Њујорк,  „Балтичкиот фестивал“ во Стокхолм, како и на оперскиот фестивал во Екс ен Прованс. Во 2017 година е именуван за уметнички директор на Младинскиот хор на Париз, од 2018 година е хор-мајстор на Шведскиот радио хор, а од 2022 е уметнички раководител и диригент на Парискиот оркестар „Колон“.  Раководител е на семинари и мајсторски курсеви ширум Европа (Хаг, Осло, Валенсија, Загреб) и редовно е член на жири на меѓународни хорски натпревари. Ангажиран е како професор по диригирање на Регионалниот конзерваториум за музика во Париз.

Како солист на вечерашниот концерт заедно со гостите од Црна Гора ќе настапи и нашата пијанистка, Нина Костова. Костова музичкото образование го стекнува во Скопје, во класата на реномираните професори Људмила и Борис Романови. Во текот на своето образование добитник е на бројни награди и признанија и често настапува на европските сцени во Велика Британија, Франција, Италија, Бугарија, Турција и сл. Во периодот од 1991 до 2010 година, учесник е на сите семинари водени од проф. Борис Романов, организирани од ДМБУЦ – Скопје, МММ, како и Музичкото училиште „Добрин Петков“ во Пловдив и музичкото училиште „Војислав Вучковиќ“ од Белград.  Дипломира и магистрира со посебна пофалба cum laude, a во 2014 година ги завршува докторските студии. Нина Костова, повеќе пати настапува како солист со Националната филхармонија, Младинскиот симфониски оркестар „Добрин Петков“ од Пловдив, Камерниот оркестар „Св. Ѓорѓе“, камерниот оркестар „Московија“, Симфонискиот оркестар на ФМУ. Соработува со значајни диригенти од земјава и странство меѓу кои Саша Николовски, Александар Лековски, Борјан Цанев, Леонид Николаев, Едуард Грач, Пламен Парванов, Јанко Костелиц и други. Исто така, одржува бројни настапи во камерни состави и дуа од кои се издвојуваат настапите во Босна и Херцеговина, Белгија, Италија, Франција и САД, како и настапот на „Охридско лето“ со Квартетот Хеншел од Германија. Моментално работи како вонреден професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Со своите ученици и студенти постигнува огромни успеси, за кои показател се двете признанија од Карнеги Хол за посебен придонес на натпреварот „Американски таленти“ како и признанието од фондацијата „Спиваков“ за посебен придонес на фестивалот „Москва сретнува пријатели“ во 2013 год.

Вечерашниот концерт ќе се одржи на сцената во Предворјето на „Света Софија“ со почеток од 21 часот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“

Објавено пред

Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.

dobivaj vesti na viber

Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.

Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.

Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина Кетрин О’Хара

Објавено пред

Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.

dobivaj vesti na viber

О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.

Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.

Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.

Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.

Фото: скриншот од филмот „Сам дома“

Прикажи повеќе...

Култура

Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски

Објавено пред

На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.

dobivaj vesti na viber

Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.

Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.

Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).

Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет7 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион8 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија10 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет12 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија13 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија15 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет1 ден

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија1 ден

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија1 ден

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија1 ден

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет3 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија3 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...