Контакт

Култура

Словенечкиот писател Драго Јанчар е добитник на наградата „Прозарт“

Објавено пред

Наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ 11. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, годинава му припадна на словенечкиот писател Драго Јанчар. Станува збор за автор со изострен нерв за современо раскажување и писателска моќ, во кои слика оригинални страници во словенечката и балканската проза. Неговите прозни дела во современата балканска и европска литература се наметнуваат како силен потенцијал во разоткривањето нови стратегии и можности на прозното писмо, стои во образложението за доделување на наградата, во состав Ермис Лафазановски, претседател, Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски, членови.
Освен Јанчар, гости на 11. издание на фестивалот ќе бидат: Владимир Левчев од Бугарија, Тарик Туфан од Турција, Даница Вукичевиќ од Србија, Ренато Баретиќ од Србија, Слободан Шијан од Хрватска и Снежана Младеновска Анѓелков од Македонија.

dobivaj vesti na viber

Како романсиер, раскажувач, драматург и есеист, Драго Јанчар е централна фигура во современата словенечка литература. Неговите романи, есеи и раскази се преведени на 33 јазици и објавени во Европа, Азија и САД. Додека неговите драми, поставени од голем број странски театри, дома се сметаат за најважни настани во словенечката театарска сезона. Јанчар има добиено голем број словенечки и меѓународни книжевни награди, вклучувајќи ја Прешерновата награда, највисоката словенечка награда за уметнички достигнувања за 1993 година; четири награди „Кресник“ за најдобар словенечки роман на годината за 1999, 2001, 2011 и 2018 година, како и наградата „Кресник“ за најдобар роман на деценијата во 2020 година; Европската награда за краток расказ, 1994 година; наградата „Хердер“, 2003 година; „Жан Амери“, 2007 година; Европската награда за литература, 2011 година; Наградата за најдобра странска книга, 2014; Австриската државна награда за европска литература, 2020 година и други.

Тарик Туфан е познат романсиер, раскажувач, есеист и сценарист. Има објавено десет книги, вклучувајќи романи и збирки раскази. Негови изданија се: Хор на деца кои пелтечат (2000), Болвите на кралицата (2002), И ти стануваш птица (2004), Сонот Мејал (2007), Еден човек влезе во градот трчајќи ( 2010), Сала за свадби Шанзелизе (2015), Не ми ги давај (2017), Додека паѓа (2018), Изгубени (2020), Доцна (2021), Нема простор за љубовници (2023). Неговите книги се преведени на грчки, бугарски, босански, српски, македонски, албански, грузиски, арапски, азербејџански и на романски јазик. Покрај пишувањето за литературни списанија, тој пишува и документарни филмови и сценарија за играни филмови. Освоил награди за сценаријата што ги напишал за филмовите „Погрешна розарија“ на Филмскиот фестивал во Истанбул во 2009 година и „Јозгат блуз“ на Филмскиот фестивал во Адана во 2013 година. Исто така, ја освоил специјалната награда на жирито на Филмскиот фестивал во Венеција во програмата „Хоризонти“, со филмот „Најава“, во кој биле еден од продуцентите.

Владимир Левчев е бугарски поет, писател и вонреден професор по литература и пишување на Американскиот универзитет во Бугарија. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Софија во 1982 година. Неговото незаконски печатено списание „Глас“ било забрането од страна на комунистичките власти пред ноември 1989 година. Тој добил Фулбрајтова стипендија во 1994 година, а магистрирал на програмата за креативно пишување на Американскиот универзитет во Вашингтон во 1996 година. 13 години престојувал и работел како лектор и професор по литература во САД. Објавил четири книги поезија во САД, една во Италија, една во Романија, една во Македонија и 20 книги поезија во Бугарија. Тој е исто така автор на три романи и четири книги научно-стручна литературна проза, вклучително и една монографија со наслов „Поезија и музика: Четири квартети“ од Т.С. Елиот. Неговиот роман „Крали Марко: Балканскиот принц“ е преведен и на македонски јазик.

Даница Вукиќевиќ дипломирала компаративна книжевност и теорија на литература и женски студии. Живее и работи во Белград. Нејзини книги се: Како хотел на ветрот (1992); Кога слушнав гласови (1995); Шаманка (2001); Лак и стрела (2006); Премин од еден во друг вид (2007); Високи фабрички оџаци (2012); Раскош и милост (2013); Сè додека ги има Сонцето и Месечината (2015); Јас, Клаудија, (2018); Кога ние, мртвите, се будиме, (2014); книга поезија на германски јазик (превод Матијас Јакоб, избор и предговор Драгослав Дедовиќ) Шаман (2014); книги со кратка проза: На плажите (1998); Животот е горила, (2000); збирката раскази Мајката на превртените нешта, (2017); романот Внатрешно море, (2022). Ги освоила следните награди: Профемина; Билјана Јовановиќ; Милица Стојадиновиќ-Србинка; Кондирот на косовка девојка; наградата НИН.

Пишува и книжевна критика и есеи. Нејзините песни се преведени на шпански, англиски, германски, полски, француски, грчки, македонски, холандски…
Ренато Баретиќ работи периодично како филмски и телевизиски сценарист, новинар; коосновач е, а од 2007 година и уметнички директор на популарниот фестивал за раскажување приказни „Причигин“ во Сплит, Хрватска. Член е на Хрватското здружение на новинарите, хрватскиот ПЕН-центар и Друштвото на хрватските писатели; порано бил член на хрватскиот разгранок на Менса (IQ 153), но бил исклучен поради нередовно плаќање на претплатата за членство. Негови книги се: Последен допир (2021); Јадран Лазиќ – 50 години фотографија (2021); Следи го срцето низводно, поетски есеи во монографија за хрватската област Сисачко-мославинска жупанија, која претрпе последици од разорниот земјотрес во 2020 (2021). Одиме во кино, едукативен водич за училишта, (2019); Маката на малиот волк, сликовница (2015); Сплит за почетници, во коавторство со Ивица Иванишевиќ (2015); Хотел Гранд, роман (2008); финалист на книжевните наградни конкурси на Саемот на книгата во Пула на „Јутарњи лист“ и „Т-портал“ за соодветната година; преведен и објавен во Украина, Словенија, Македонија и во Албанија, а објавен во оригинал во Србија; Зборувај ми за неа (2006); (полуфиналист на литературниот награден конкурс на „Јутарњи лист“ за соодветната година); преведено и објавено во Украина и Македонија; Кому да испратиме разгледници, собрани песни (2005); Кадрови на кадарот, (2005 година); Осмиот повереник, (2003) и други.

Снежана Младеновска-Анѓелков дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ-монтажа во 2000 година, а магистрирала во 2012 година. Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ (2011) ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ и таа потоа доживеа уште три изданија. Во 2014 година ја издаде филмско-есеистичката книга „Слики со животна уверливост“ посветена на филмовите на режисерот Владимир Блажевски.

Како автор е застапена во тематската збирка раскази „Тивка анестезија“ (2016, Антолог) и во антологиите Best European Fiction 2017 и Contemporary Macedonian Fiction (2019) на Dalkey Archive Press. Нејзиниот втор роман „Молчи со отворена уста“ (2019) беше финалист на наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“. Нејзината најнова книга „Луѓето, а не градот“(2022) е слоевито, хибридно дело, документарна проза, книга посветена на Скопје, кое веќе го нема.

Слободан Шијан (1946, Белград) е филмски режисер, сценарист, писател, публицист, сликар и мултимедијален уметник. Автор е на неколку најпопуларни српски играни филмови и низа публикации и книги за филмот и визуелната култура. Автор е на поетската проза за познатиот филм на Алфред Хичкок „Вртоглавица“ во издание на „Геопоетика“. Објавил повеќе книги за филмот, меѓу кои и книгата за Џон Форд. За книгата „Кино Том“ во Хрватска во 2013 ја доби престижната награда на „Јутарњи лист“ за најдобра публицистичка книга. Режисер е на некои од најпознатите филмови од поранешна Југославија, како „Кој тоа таму пее“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Како бев систематски уништуван од идиот“, „Давител против давител“, „Тајната на манастирската ракија“, „Сироти мали хрчки“ и „С.О.С Спасете ги нашите души“, како и на повеќе телевизиски филмови и преку дваесет експериментални филмови и видеа. Шијан е добитник на многу домашни и меѓународни признанија за своите филмски остварувања. Шијан ја доби и наградата „Традиција на авангардата“ за придонес кон авангардната уметност.

Во рамките на „ПРО-ЗА Балкан“ годинава се одржува 10. програма „Скопје фелоушип“, која годинава е дел од меѓународниот проект „Читај, сподели, уживај“. Се реализира во соработка со КУД „Содобност“ од Словенија, а кофинансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медија“ од Скопје.

Култура

„Фолклорни игри под Шара“ во Тетово

Објавено пред

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка” од Тетово денеска во големата сала на Центар за култура „Иљо Антевски-Смок“ во Тетово ќе ја одржи четвртата манифестација „Фолклорни игри под Шара“. Манифестацијата ќе започне во 17:00 часот со дефиле на културно-уметничките друштва по улиците на градот, а свечениот концерт е закажан за 19:00 часот.

dobivaj vesti na viber

„Манифестацијата има мултиетнички карактер на која на едно место се претставува фолклорот на народите кои живеат во пазувите на Шар Планина. На годинешната манифестација, како и на претходните три изданија, својот фолклор го претставуваат културно-уметнички друштва кои делуваат во Тетово и околните населени места. На сцената ќе продефилираат народните носии на Македонците, Албанците, Турците и Србите“, информира Соња Андонов, претседателка на Здружението.

Народните игри на Македонците и Србите ќе ги претстават членовите на домаќините, КУД „Бранко Чајка“ кое што делува во состав на Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово. Покрај ова друштво пред тетовската публика ќе настапат КУД „Брвеница“ од Брвеница со македонски фолклор, КУД „Џеладин Зеќири“ од Тетово со албански фолклор, КУД „Јени хајат“ Тетово со турски фолклор како и Вокалниот ансамбл „Распеани кичевчани“ од Кичево.

Манифестацијата „Фолклорни игри под Шара“ претставува проект од национален интерес во културата за 2024 година на Министерството за култура на Република Северна Македонија од областа на фолклорот.

Прикажи повеќе...

Култура

„Златна рамка“ од 18 до 20 јуни во МКЦ: нови македонски филмови, презентации, трибини

Објавено пред

Шестото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), ќе се одржи од 18 до 20 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

dobivaj vesti na viber

Филмската ревија „Златна рамка“ претставува можност за публиката бесплатно да ги гледа македонските филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а биле поддржани од Агенцијата за филм. Филмската програма годинава содржи долгометражни, краткометражни и документарни остварувања.

Во рамките на долгометражната програма на 18 јуни, во 20.30 часот, ќе биде прикажан филмот „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова во продукција на „ДНФ продукција“, на 20 јуни е проекцијата на „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски со „Лист продукција“, како и филмот „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов со „Минд продукција“.

Краткометражната програма содржи девет филма, кои ќе бидат прикажани во терминот од 18 часот на 19 јуни. На програмата се остварувања на режисер(к)ите Александра Кардалевска, Ангела Димеска, Јован Саркањац, Јане Спасиќ, Ѓорче Ставрески, Сандра Георгиева, Сабедин Селмани, Берат Асани, Јане Алтипармаков и Бесар Илјази.

Документарната програма носи пет остварувања, а проекциите се распоредени во текот на трите дена на одржувањето на ревијата „Златна рамка“. На 18 јуни, во 18 часот, е проекцијата на филмот „Бисер“, во режија на Драган Кумев, а во 19 часот ќе биде прикажан документарецот „Последниот каубој на Балканот“, на режисерот Сабедин Али. На 19 јуни, во терминот од 12 часот, ќе бидат прикажани филмовите „Живот на крстосница“ (Недопирливи) на Зоран Димов и „Емигрант сум или…“ на Сенад Абдули. На 20 јуни, во 18 часот, ќе биде прикажан документарниот филм „Јанѕа“, работен според „Дневник по многу години“ од Блаже Конески, во режија на Никола Т. Калајџиски, во продукција на „Контраст филм“.

Социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од разни социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“, годинава ќе се одржи на 20 јуни во Домот за стари лица „Мајка Тереза“.

Покрај ревијата на македонски филмови, „Златна рамка“, предвидува да се одржи свечено собрание на ДФРМ на 18 јуни. На 19 јуни, пак, во 20 часот, ќе има презентација на филмската камера „Сони“.

На 20 јуни, во 12 часот, ќе се одржи трибина со наслов „Зачувување на аудиовизуелното наследство“, на која ќе учествуваат Владимир Ангелов, вон. проф. м-р Владимир Павловски, Игор Старделов и Роберт Јанкуловски.

Традиционално „Златна рамка“ ќе ги додели почесни награди на ДФРМ за филмски актер, филмски автор и филмски работник.

Прикажи повеќе...

Култура

Филхармонија во Градскиот парк со „Одисеја 2024“ – музиката од филмовите на славниот Кјубрик

Објавено пред

И оваа година, Македонската филхармонија ќе го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено“, кој ќе донесе разновидност и секако, несомнен квалитет. Во среда, на 19 јуни во Градскиот парк со почеток во 21 часот, под ѕвездите на скопското небо, одиме на футуристичко патување низ дел од филмографијата на најкреативниот режисер на сите времиња – Стенли Кјубрик, визионерот кој изврши огромно влијание врз светската филмска уметност.

dobivaj vesti na viber

Концертот носи наслов „Одисеја 2024“, кој е инспирација од неговиот револуционерен филм „2001: Вселенска одисеја“, но и кој ја најавува новата концертна сезона на Македонската филхармонија во јубилејот којшто годинава го слави оваа најстара национална институција – 80 години од постоењето.

Под диригентската палка на маестра Дијана Имери Илкоска, ќе бидат изведени музички теми од големите композиторски имиња од светот на класичната музика: Моцарт, Бетовен, Штраус, Росини, Хачатуријан, Елгар, Хендл, Пук и Шостакович, а кои ги одбележаа маестралните филмови: „Одисеја 2001“, „Пеколен портокал“, „Бери Линдон“ и „Очи широко затворени“.

Кјубрик на музиката гледал како едно од најмоќните оружја во неговите уметнички остварувања, па затоа и неговиот избор на дела бил мошне деликатен. Токму музиката на класичните композитори, ги прави филмовите на Кјубрик дотолку повеќе препознатливи, давајќи им посебна драматургија и естетика.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Најмалку 13 загинати во судир на воз во Индија

Најмалку 13 лица загинаа во судир на патнички и товарен воз во источната индиска држава Западен Бенгал, соопшти денеска полицијата....

Македонија28 минути

Николоски откако беше предложен за министер: Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја кренеме и Македонија

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба...

Регион54 минути

За една недела тројца исчезнати туристи пронајдени мртви на грчките острови

За само една недела тројца исчезнати туристи се пронајдени мртви на грчките острови, јавија грчките медиуми. Турист од САД кој...

Македонија1 час

Мицкоски за предлог составот за влада: Имаме амбициозен план за реформи и проекти чија реализација ќе почне од првиот ден

Мандатарот за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ...

Свет1 час

Шест лица загинаа во свлечиште во Еквадор, 30 се водат за исчезнати

Најмалку шест лица загинаа, а 30 се водат за исчезнати во лизгање на земјиште во градот Банос де Агуа Санта...

Свет1 час

Јенс Столтенберг: НАТО размислува да стави нуклеарно оружје во состојба на готовност

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека имало консултации меѓу членките на Алијансата за отстранување на нуклеарното оружје од...

Македонија11 часа

Тошковски по предлогот да биде министер: Ја прифаќам одлуката која за мене е голема одговорност и обврска кон сите вас

Досегашниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, е предлогот за истата оваа функција во новата влада. „Вечерва...

Македонија13 часа

Мицкоски ги соопшти петнаесетте предлози со имињата на министри во неговата влада

Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во...

Македонија14 часа

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседаваат за кадровскиот состав од партијата

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска заседаваат за кадровскиот состав од партијата за владата што ќе го предложи мандатарот...

Европа18 часа

Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)

Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на...

Македонија18 часа

Силјановска-Давкова од Швајцарија: Тековната војна во Украина нè засега сите нас

Во обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн...

Европа19 часа

Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во...

Регион21 час

Црвен аларм за туристите на Јадранот: месојадни црви забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во Италија

Месојадни црви се забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во италијанските региони Сицилија, Калабрија и Апулија. За туристите...

Свет21 час

Затворениците кои држеа затворски чувари како заложници во градот Ростов се убиени

Руските безбедносни сили влегоа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски...

Свет21 час

Затворениците вооружени со ножеви во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници

Обвинети во истражниот центар во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници, соопштија денеска руските власти, цитирани од британските...

Македонија22 часа

Македонски концепт од Украина: Куќата на Крсте Петков-Мисирков ќе добие нова меморијална плоча на македонски јазик со македонско знаме

Делегација на политичката партија Македонски концепт, предводена од претседателот на партијата Петар Богојески и потпретседателот Самуел Наумовски-Викиус, остварија средба со...

Македонија22 часа

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса и се опасност за минувачите по тротоарот на булеварот Илинден во ценатор...

Македонија22 часа

Радост, љубов, хармонија и мир посака Силјановска-Давкова по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х....

Македонија1 ден

Украс во Владата ќе биде и портрет од Талат Џафери, техничкиот премиер во заминување

Техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук објави дека во Владата е истакнат и неговиот портрет како премиер на техничката Влада,...

Македонија2 дена

Муртезани, поранешниот генерален директор во МЕПСО и МЖ е кандидат за министер за европски прашања на Алтернатива

Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование,...