концерти
Солистички концерт на обоистот Васил Атанасов во Полска
Утре, на 18 мај, обоистот Васил Атанасов ќе настапи на 26. Меѓународен музички фестивал Tarnow 2019 во Полска.
Атанасов ќе одржи целовечерен солистички настап заедно со неговиот колега Тодор Светиев, кој ќе го придружува на пијано.
На програмата ќе бидат изведени дела од Скарлати, Сен Санс, Жан Филип Рамо, Бонзон, Колин, како и композиција од македонскиот композитор Стојан Стојков.
Атанасов е мaкедонски врвен и познат уметник кој со својата обоа ги пренесе високите уметнички вредности од македонската култура и уметност во Европа и светот. Добитник е на голем број награди и признанија како: Златна лира – највисоко признание на Сојузот на музичките уметници на Македонија, награда „13 Ноември“, највисоко признание на Град Скопје за врвни дострели, наградата „Феникс“ на општина Центар во 2003 година за врвни достигнувања во музиката, годишната награда на градот Струмица „Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици“ за 2008 година – за особени остварувања во областа на музиката, грамота и златен медал од Министерството за култура на Република Бугарија во 2012 година за развојот, популаризацијата и соработката на полето на културата.
Во еден мандат 1995-1999 година беше и директор на Македонската филхармонија со која оствари успешни концерти, премиерни изведби и неколку записи на компакт-дискови со светска музика, но и македонски автори: Б.Ивановски, Т.Прокопиев, Г.Смокварски двоен компакт-диск, турнеи во Романија, Бугарија и се смета за еден од најуспешните периоди на Македонска филхармонија.
Атанасов има настапувано во Италија, Шведска, Франција, Австрија, Германија, Полска, Португалија, Бугарија, Романија, Турција, Русија, САД, Мексико, Австралија, Северен Кипар, Јужна Кореја, Виетнам, Израел, Албанија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово.
Неговите изведби трајно се запишани на една ЛП-плоча, седум солистички компакт-диска и три со камерна музика со Камерен оркестар „Скопски солисти“ и два компакт-диска со Скопски дувачки квинтет.
Во моментов маестро Атанасов е прв обоист солист на Македонската филхармонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

