концерти
Соло-концерт „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко во Софија
На 6 ноември (вторник), со почеток од 19 часот, во Културно-информативен центар на Република Македонија во Софија ќе се одржи соло-концертот „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко (виолина).
Во програмата на концертот се предвидени музички композиции на германскиот композитор од доцниот барок, Георг Филип Телеман (1681-1767). Тој е сметан за еден од најплодните композитори во историјата, а исто така, според неговите современици е еден од водечките германски композитори. Споредуван е со неговиот пријател Јохан Себастијан Бах. Неговата музика вклучува неколку национални стилови (француски, италијански, германски), а понекогаш е под влијание на полската популарна музика. Неговите дела се важна врска меѓу доцните барокни и раните класични стилови. На концертот во КИЦ на Република Македонија во Софија ќе бидат исполнети „Четири сонати за соло-виолина“.
Наташа Диденко (родена во Скопје 1988 година) oсновното и средното музичко образование ги завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Во 2010 година ги завршува студиите на Факултетот за музичка уметност- Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во класата на проф. Ганка Самоилова. Во 2011 година ги завршува постдипломските студии на истиот факултет. Во 2017 година ги завршува докторските студии на Институтот за национална историја во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и се стекнува со звање доктор по хуманистички науки – Културна историја. Како резултат на нејзината научноистражувачка работа има објавено монографија, статии и учествувано на повеќе домашни и меѓународни научни собири и конференции.
Нејзина силна мотивација, покрај солистичките, претставуваат и камерните настапи, преку кои се обидува најмногу да ја доближи класичната музика до помладата генерација. Таа, исто така е проектен менаџер, раководител на детски музички фестивал и обучувач на летни музички семинари на кои покрај пренесувањето на виолинистичката техника и специфики, учесниците ги запознава со историскиот развој на музиката во Македонија.
Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари. Има одржано концерти во Берлин, Бремен, Париз, Марсел, Сете и низ повеќе градови во Македонија.
Во моментот Наташа Диденко е професор по виолина во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“- Скопје. Нејзиното искуство го пренесува на нејзините ученици. Нејзини ученици по виолина се добитници на бројни награди на домашни и меѓународни натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

