Култура
Со претставата „Црвенкапа“ на велешкиот театар започна првиот детски фестивал „Силјан Штркот“

Со претставата за деца „Црвенкапа“ во адаптација на Сашо Димоски, а во режија на Деан Дамјановски и забава за најмладите ,синоќа во тетатарот Војдан Чернодрински започна детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот“.
Првиот театарски детскиот фестивал за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, истакнувајќи дека идејата за реализација на овој фестивал потекна од Здружението на граѓани “Мал театар – Прилеп“, со цел да се промовира театарската уметност и културните вредности кај најмладата публика.
ѓ„ Се надевам дека со еден ваков чекор, ќе ги оправдаме заложбите на големите театарски имиња кои излегле од нашиот град и несебично и гордо не претставувале со нивното творење и делување во општеството. Имиња кои имаат голем придонес на прилепската и македонската театарска сцена, како и надвор од нашите граници“, истакна градоначалникот Јованоски.
„Црвенкапа“ е современа адаптација на добро познатата сказна за Црвенкапа и лошиот волк и истата е наменета за деца и младинци. Претставата покрај комичниот и забавен елемент, има и едукативен карактер, правејќи јасна споредба помеѓу безбедноста на градот наспроти опсаностите на шумата, нагласувајќи ја презафатеноста на родителите и преокупираноста на децата со мобилните телефони, но и потребата од консумирање на здрава храна.
Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерите: Славица Манаскова како Црвенкапа, Васил Зафирчев како Волкот, Самоил Стојановски како Ловецот, Весна Димитрова Бобевски како Бабата и Кети Борисовска како Мајката.
Денес на репертоарот на детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот“ во 12,оо ч. во кино салата „Мис Стон“ е преставата „Малиот Принц“ на театарот на Сенки и облаци од Скопје, а во центарот на градот кај саат кулата во 20,оо ч ќе биде прикажана пртставата „Заборавените кукли“ од театар Битола, додека, в недела, фестивалот ќе го затвори претставата „Грдото пајче“ од театар за деца и младинци Скопје , која ќе се прикаже во театарот “Војдна Чернодрински“, во 19,оо ч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Јовановиќ: Прикажавме силно авангардни и ангажирани филмови на унгарската филмска вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“.
Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.
– Силно авангардниот и ангажиран филмт „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.Настанот привлече бројна публика, а филмот „Три илјади изброени парчиња“ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.
Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.