Контакт

Изложби

Стрип изложба во Битола

Објавено пред

Битола ќе биде домаќин на втората по ред изложба, која е дел од проектот „Стрип училиште – стрипот во интеркултурна едукативна мисија 2020“.

dobivaj vesti na viber

Таа ќе се одржи денеска со почеток во 19 часот во хотелот „Епинал“. Проектот е финансиран од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија и како основна цел има зацртано развој на интеркултурноста, како и деметрополизацијата на културата преку едукативни стрип-активности наменети за млади од разни етнички и други средини.

Ќе бидат изложени дела на млади таленти од Велес, Скопје, Битола и од Куманово.

Преку овој проект се остварува зголемување на бројот на млади таленти од разни етнички припадности, кои и натаму ќе се занимаваат со стрип, како и афирмација на стрипот како алатка за обработка и решавање на разни теми од општествената сфера.

Изложби

„Ќе ме (С)нема!“ – изложба на Кети Талевска-Бакревска за исчезнувањето на Преспанското Езеро

Објавено пред

Изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска-Бакревска отвора силна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро.

dobivaj vesti na viber

Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е една од ретките што ја користи оваа техника во регионов.

Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам-глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на природното богатство. Во оваа изложба, Талевска Бакревска користи нежна, но истовремено силна визуелна поезија, со што ја пренесува меланхолијата на исчезнувањето на езерото.

Во нејзиното дело се чувствува јасен и храбар став – критика кон општеството кое не реагира соодветно за да ја зачува природата. Преку „Ода за Преспа“, Кети ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите еко-системи.

Изложбата ќе се отвори во понеделник, 18.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола, во 20.00 часот.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Фрагментирана интроспекција“ – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Објавено пред

На 23 мај 2024 од 19:30 часот во изложбениот салон на Музеј на град Неготино ќе биде отворена изложбата „Фрагментирана интроспекција“ од авторот Слободан Милошески.

dobivaj vesti na viber

Изложбата е составена од 14 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Публика ќе има прилика да ја посети изложбата до 1 јуни.

„Фрагментирана интроспекција“ е технички умешна и концептуално богата изложбена поставка која ја истражува сложената врска помеѓу нашето Јас, перцепцијата и идентитетот. Го ангажира гледачот и на интелектуално и на емоционално ниво, поттикнувајќи подлабоко истражување на сопственото битие. Оваа изложба е доказ за умешноста на уметникот и неговата способност да пренесува сложени и длабоки концепти преку медиумот на метал, што резултира со прекрасни уметнички дела кои предизвикуваат контемплација.“ – вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.

До сега има реализирано 30 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 90 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 16 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ во 2014 година , Награда за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020 година , нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021 година. и наградата „Адем Кастрати“ доделена од КИЦ-Скопје во 2021 година.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски,

Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански Универзитет, сите во Скопје.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Прикажи повеќе...

Изложби

Мице Јанкуловски ја отвори изложбата во Букурешт

Објавено пред

Синоќа, во 19 часот, беше отворена самостојната изложба на слики од Мице Јанкуловски, „Надвор од црното“, во галеријата „Галатека“ во Букурешт.

dobivaj vesti na viber

Автор на концептот е Корнелија Конеска, а куратор – Анка Боериу, универзитетски професор на Националниот универзитет за уметност на Романија.

За уметничкото творештво на Јанкуловски

Како уметник повеќе од пет децении Јанкуловски континуирано е посветен на истражувањето во областа на сликарството и цртежот, но експериментирал и се претставувал преку повеќе уметнички дисциплини (сликање на стакло, карикатура, анимиран филм, палиндроми…) заради што меѓународната професионална јавност го препознава како мултимедијален уметник. Во своето уметничко дело тој постојано ги истражува формата, просторот, бојата, небојата и движењето како елементи што се повторуваат.

Јанкуловски првенствено се занимава со истражување или поточно барање на разните форми, кои ги поставуваат темелите за создавање уметност. Неговите интереси вклучуваат испитување на врските меѓу формите и просторот, нивното заемно влијание и како формите се движат во даден простор. Кога се набљудуваат неговите слики и цртежи, може да се забележи дека доминантни се геометриските форми, но на крајот тие еволуираат во поорганска и невоздржана форма. Рабовите на овие форми играат клучна улога во дефинирањето на просторот и овозможуваат тој да функционираат како кохезивна целина.

Последната фаза на концептуални слики на Јанкуловски се одликува со монохроматичност, модуларност, мултипликација и минимализам. Уметникот користи систематски пристап за примена на основни форми, како што се кругови, квадрати и триаголници на големи квадратни платна, користејќи само црна боја. Формите се создаваат со правење шари на намази од дебел слој црна боја. Во зависност од тоа дали намазите се нанесуваат на заднината или на самите форми, се постигнува дополнителен впечаток на позитивно/негативно. Серија од дела се создава со мултипликација на формите во платната, како и со мултиплукација на самите платна, што резултира со големи концептуални дела, како полиптиси.

Веднаш треба да се забележи дека црното, т.е. небојата, како што понекогаш се дефинира, е единствениот протагонист на делото… покрај светлината како составен дел на конечниот резултат.

Во однос на просторната организација на концептуалните дела од повеќе делови, Јанкуловски секогаш се труди да обезбеди можност за нивно читање, без разлика на позицијата на деловите, за да може да се набљудуваат поставени на разни начини – резултат на неговиот првичен интерес за палиндромите (зборови што се читаат исто и напред како назад).

Индивидуалниот творечки потпис во делата на Јанкуловски се стреми кон контемплативност и медитативност со претставување на постојаната различност на универзалниот поредок. Неговата потреба да ги пренесе горенаведените односи во (речиси) дводимензионални дела е на ниво на филозофска интерпретација, при што секое дело има своја приказна и отвора мноштво нови димензии.

Неговото најново уметничко творештво е истражување со карбон (познатата најцрна боја) – боја откриена со најновите нанотехнологии, која обезбедува поглед во непознатото надвор од сè што досега е познато за црното.

За изложбата „Надвор од црното“

Основниот мотив на изложбата е визуелен одговор на прашањето: „Што има надвор од границите?“

Наспроти белата боја (која ги рефлектира сите бои), црната ги апсорбира сите бои и се доживува како граница каде што сите бои завршуваат. Дали е така? Што е зад или подобро надвор од црното? Според перцепцијата на Јанкуловски – повеќекратна реалност!

Концептот на изложбата е една од тие реалности. Главните атрибути на неговото уметничко дело му дозволуваат да прави бескрајни варијации и разни реалности, но како докажан минималист ги постигнува со минимални елементи. Како и секогаш, тој користи само црни квадратни платна со разни растери со црн акрилик. Конечниот резултат се постигнува со мултипликација на формите и со комбинација на модуларните (претходно обмислени) формати на платната распоредени во полиптиси.

Изложени дела:

„Ноќите на Тоскана“, 2019 (сегмент)
Полиптих од 10 слики, акрилик на платно, 195 x 1.950 cm (195 x 195 cm/секоја)

„Круговите на Леонардо“, 2020 (сегмент)
Полиптих од 4 слики, акрилик на платно, 195 x 780 cm (195 x 195 cm/секоја)

„Хоризонтален свет“, 2021 година
Полиптих од 4 слики, акрил на платно, 195 х 390 см (97,5 x 97,5 cm/секоја)

„Дијагонален свет“, 2021 година
Полиптих од 4 слики, акрил на платно, 195 х 390 см (97,5 x 97,5 cm/секоја)

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет51 минута

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки. Тие денеска...

Спорт55 минути

Македонија ја победи Гвинеја, носи еден бод во главната фаза

Фото/ facebook.com/rfmofficial Македонија не импресионира со играта но ја опрвада фавористската улога и ја совлада Гвинеја со 29:20 (14:10). Македонија...

Македонија5 часа

Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили

Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание. Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје...

Македонија6 часа

Пари, дрога и оружје се одземени во акцијата во која беше уапсен Штекли, се бара притвор за 10 лица

Пари, дрога, возила, мобилни телефони и оружје биле одземени во полициската акција за сузбивањето на криминалната крупа во која уапсен...

Македонија9 часа

Мартин Гоџо го фати светиот крст во Охрид, Сиљановска му подари рачно изработена резба

Мартин Гоџо од Варош го фати крстот во водите на Охридското Езеро, по повод денешниот празник Водици. Мартин го фати...

Свет10 часа

Договорот меѓу Израел и Хамас повторно го привлече вниманието кон децата заложници Кфир и Ариел Бибас

За првиот роденден на Кфир Бибас минатата година, поддржувачите ширум светот се собраа со надеж дека тој ќе се врати...

Свет10 часа

🔴 Почна примирјето во Газа

Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доаѓа нова вест – договорениот прекин на огнот штотуку стапи во сила. Договорот...

Свет11 часа

Хамас ги објави имињата на тројцата заложници кои треба денес да бидат ослободени

Хамас ги соопшти имињата на тројцата израелски заложници кои први треба да бидат ослободени во текот на денот, се вели...

Свет11 часа

Трамп пристигна во Вашингтон

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вечерта пристигна во Вашингтон на почетокот на прославите за неговото враќање на власт, два...

Свет11 часа

Израел продолжи со напади во Газа, Хамас не доставил список на заложниците поради „технички проблеми“

Израелската армија денеска, по истекот на рокот за почеток на примирјето во Газа, напаѓа во северниот и јужниот дел на...

Свет12 часа

„Тик-ток“ не е достапен во САД

Кинескиот „Тик-ток“ не е во функција за корисниците во САД, пренесоа светските агенции. Апликацијата повеќе не е достапна на Apple...

Македонија13 часа

Православните верници го слават Богојавление – Водици, над 220 граѓани ќе се обидат да го фатат крстот во Вардар

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление, а централните манифестации, традиоционално ќе се одржат во Скопје и Охрид со осветување...

Свет23 часа

Израел го задржува правото да ја продолжи војната против Хамас во секое време, рече Нетанјаху

Израел го задржува правото да ја продолжи војната против Хамас во секое време, со поддршка од САД, според условите на...

Македонија1 ден

Поради трговија со дрога уапсен е Раде Трајковски – Штекли кој трипати се обидоа да го ликвидирааат

Полицијата го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Тој се...

Македонија1 ден

Полицаец зел 50 евра поткуп за побрзо вадење на пасош: „Знаете дека ние не се трудиме џабе” – и’ рекол на оштетената

Eдиниците на МВР во текот на вчерашниот ден приведоа полициски службеник осомничен дека примил поткуп од 50 евра. Според информаците...

Македонија1 ден

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Киев оствари средба со заменик претседателката на Владата на Украина, задолжена за...

Топ1 ден

Седумдесетгодишник со маска и пиштол се обидел да ограби канцеларија за кредити во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Топ1 ден

Во животно загрозувачка состојба е пешакот кој беше удрен од автобус на ЈСП

Во животно загрозувачка состојба е пешакот кој вчера беше удрен од автобус на ЈСП во Скопје кај Транспортниот центар. Од...

Македонија1 ден

Мицкоски патува на инаугурацијата на Трамп, Владата објави кој ќе го придружува

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од утре па во наредните неколку дена ќе присуствува во САД. Премиерот коj ќе биде...

Свет1 ден

Америка подигa бодликава жица на границата со Мексико пред инаугурацијата на Трамп

Агентите на американската гранична патрола вчера подигнаа бодликава жица меѓу градот Ел Пасо во Тексас и неговиот мексикански сосед Сиудад...