Култура
Театар „Комедија“ со вонредна сцена

Минатата седмица Театар „Комедија“ почна со директно вклучување свои содржини. Од институцијата се огласија со соопштение до медиумите:
„НУ Театар ‘Комедија’ секојдневно работи на што побрзо отворање на вратите за публиката. Постојано сме во тек со препораките на Комисијата за заразни болести, Владата и на Министерството за здравство, па така и ние постапуваме и ќе постапуваме во согласност со тековните препораки. Месецов решивме да направиме една мала вонредна сцена, на која актерите ќе настапуваат секој петок. Првиот настап го имаше актерката Жаклина Стевковска, а веќе в петок ќе настапи и актерот Жарко Димоски. Се одлучивме за музички настапи со цел да ѝ го разубавиме и да ѝ го разведриме секојдневието на публиката. Управата на Театар ‘Комедија’ веќе работи и на нов план за летниот период“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Македонскиот народен театар вечерва ја изведува „Народен пратеник“ во Народно позориште – Белград

129 години по праизведбата на „Народен пратеник“ и 101 година од неговото прво печатено издание, „Народен пратеник“ на Македонски народен театар вечерва игра во Народно позориште – Белград.
Оваа прва комедија на Бранислав Нушиќ, во изведба на моќна актерска екипа и режисерски конципирана од страна на Егон Савин, по впечатливата и одлично забележана изведба на реномираниот фестивал и добиената специјална награда за колективна актерска игра од „Стериино позорје“ – вечерва во 20:30 часот игра на сцената „Раша Плаовиќ“.
Силните впечатоци и импресиите што ги сподели новосадската публика и критиката за двете изведби се патоказ и очекување тоа да се доживее и по оваа изведба.
Култура
Историски ден за МНТ: триумф на ансамблот во „Народен пратеник“

3 јуни 2025 – ден што со особена чест ќе биде запишан во поновата историја на Македонскиот народен театар.
Наградата што секој актер и ансамбл ја посакуваат – Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра – му припадна на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, а во продукција на Македонскиот народен театар – Скопје.
Ова е награда што ја слави и ја велича не само актерската вештина туку и сплотеноста што се раѓа на сцената – заедништвото во процесот на создавање, како и силата на колективната енергија што живее низ целото траење на претставата.
Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов, Тања Кочовска, Александар Михајловски (со снимен глас), народот: Дејан Стамчевски, Синан Ракип, Скендер Бериша, Зекирија Алим, Мирослав Атанасовски, Мартин Китановски и Хусеин Халили, како и целиот тим зад сцената – го заслуживте ова признание!
ПР
Култура
Премиера на балетот „Госпоѓа Бовари“ – одбележување 25 години уметничка дејност на примабалерината Марија Кичевска-Шокаровска

На 25 јуни 2025 година со почеток во 20.00 часот на големата сцена на Националната опера и балет, ќе се одржи премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Густав Флобер. Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска која со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег во историјата на македонскиот балет.
Ова балетско дело, поставено во два чина ја раскажува драмата на женската душа, копнежот по страст, слобода и трагичниот судир со општествените норми.
Диригент е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизност и современ израз го доловува духот на 19 век, додека музичката подлога е составена од дела на К. Сен-Санс, М. Равел, Ж. Масне, Ф. Менделсон и Г. Ф. Хендл, сценографијата и костимографијата се на Андреј Злобин и Гана Ипатиева од Украина, светло дизајн, Милчо Александров, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.
Особено значајно е што оваа премиера е посветена на Марија Кичевска Шокаровска, која со својата уметничка кариера остави неизбришлив печат во историјата на македонскиот балет.Таа ќе ја толкува главната улога на Ема Бовари, во останатите улоги ќе настапат, Франциско Хименез Руиз (Шарл Бовари), Балаж Лочеи (Рудолф Буланже), Дмитро Чеботар (Трговецот Лере) и Ендру Кук (Доктор Оме) заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Билетите се пуштени во продажба, онлајн и на билетарницата на МОБ.