Контакт

Култура

Филмовите „Адолесцензура“ и „Поглед во очите“ вечерва на „Македокс“

Објавено пред

Македонските премиери на деветтото издание на „Македокс“, всушност, се трите филма на првата генерација „Докуникулци“, која произлезе од минатогодишната летна филмска школа на „Македокс“.

dobivaj vesti na viber

Сместени во Програмата за деца и млади, трите филма ќе бидат прикажани во три различни термини.
Краткиот документарен филм „Адолесцензура“ (Македонија, 2018, 14 мин.) на Леа Димитрова ќе биде прикажан на денеска, во 18 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје. Филмот зборува за три другарки кои си ги решаваат  проблемите низ муабет и со кафе. И бараат чаре за цензурата.

Филмот „Поглед во очите“ (Македонија, 2018, 24 мин.) на Јоана Арсовска ќе биде прикажан денеска, во 20:30 часот, на платото пред Куршумли-ан. Ова е филм за животот пред и по ужасот наречен сексуално насилство. Едниот од протагонистите е анонимен, а другиот е самата 17-годишна режисерка. Што значи да се доживее и преживее сексуално насилство? Како може човек да се справи со последиците? А младиот човек?

Премиерата на документарниот филм „Поинакви“ (Македонија, 2018, 24 мин.) на Розе Симоновска ќе се одржи утре, во 21 часот, во Куршумли-ан. Во филмот Јордан нè води на патување во светот на аутистите кои знаат да уживаат во животот, и покрај чудните погледи и тесните гледишта на сограѓаните.

Во Музејот на современата уметност од 20 до 22 август се одржува втората работилница на темата „Режирање реалност“, овој пат со полскиот автор Војцех Старон. Работилницата почна со проекцијата на филмот „Сибирска лекција“ и со дискусија на која полскиот снимател и режисер на документарни филмови ги пренесе своите филмски искуства на пријавените учесници. Објаснувајќи ги своите методи на работа, Старон најчесто ги употребуваше зборовите „интуиција“ и „емоција“ потенцирајќи дека реалноста не ја гледаме само со очите, туку со камерата градиме нова реалност која треба да содржи емоции за да го привлече вниманието на гледачите.

„Во играните филмови се обидуваме да создадеме реалност, но гледачите ретко веруваат во неа. Во документарните филмови реалноста ја добиваме бесплатно, а реалноста може да биде многу возбудлива“, рече Старон. Работилницата се случува со поддршка на Филмската фондација на Краков, Полска.

Запознавањето со сите членови на петте комисии за доделување на наградите на деветтиот „Македокс“ се случи со нивното претставување „Под смоквата“. Покрај тоа што секој/а за себе зборуваше како станал/а режисер на документарни филмови, присутната публика имаше можност да дознае дел од нивните искуства со снимањето, монтажата и продуцирањето на креативните документарци. Држејќи се до тематската основа на годинашното издание на фестивалот, Пирјо Хонкасало едноставно објасни: „Реалноста е таму каде што умот е на некое друго место“.
Членови на жирито за доделување на наградата „Кромид“ за најдобар филм од Главната програма на фестивалот се Пирјо Хонкасало, режисерка и сценаристка на документарни филмови од Финска, Војцех Старон, режисер на документарни филмови и снимател на играни филмови, кој студирал на престижната Филмска школа во Лоѓ, и Маријам Чачија, која одлучила да снима документарни филмови речиси цела деценија по дипломирањето со почести на отсекот Театарска режија и глума на грузискиот државен универзитет за театар и филм „Шота Руставели“.
Комисијата за наградата „Млад кромид“ за најдобар филм во селекцијата Нови автори е во состав: Мартичка Божилова, продуцентка и режисерка во бугарската продукциска куќа „Агитпроп“ и директорка на Балканскиот документарен центар, Мигуел Рибеиро, програмски координатор на Меѓународниот филмски фестивал во Лисабон, и Ник Војт, режисер и продуцент кој работи и живее во Тбилиси, Грузија.

Наградата за најдобар краток филм „Сечкан кромид“ ќе биде доделена со одлука на жирито во состав: Ингибјорг Халдорсдотир, која дипломирала теорија на филм и уметност на Исландскиот универзитет во Рејкјавик и соосновачка е на Исландскиот документарен филмски фестивал, Ксавиер Марадес е од Барселона, а постдипломските студии за документарен филм ги завршил на Школата за визуелни уметности во Њујорк, и Дијана Дабровска, филмска критичарка и новинарка која пишува за месечниот филмски и ТВ-магазин „Кино“ во Полска, соработува со канадскиот магазин „Синема скоп“, а работи на Универзитетот во Лоѓ.

За наградата „Кокарче“ за најдобар студентски филм ќе одлучуваат Еол Чашку, албански продуцент, режисер и сценарист, кој студирал режија во Париз, Тамара Котевска, која дипломирала на ФДУ во Скопје, а по филмот „Студантс“ веќе работи на вториот документарец „Земјата на медот“, и Владимир Димовски, дипломиран филмски снимател кој своето филмско образование го заокружува на магистерските студии на ФАМУ во Чешка.

Жирито за наградата „Филм со најдобри етички идеи“ е во состав: Пирко Саисио, писателка, актерка и една од најактивните личности во културниот и социјалниот живот во Финска, Исмет Рамиќевиќ, редовен професор на Катедрата по вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и добитник на 20 награди од областа на ликовната уметност, и Јасна Франговска, новинарка со долгогодишно искуство стекнато во повеќе медиуми и носителка на наградите „Крсте Петков Мисирков“ и годишната награда на „Нова Македонија“.

Наградите на „Македокс 9“ ќе бидат доделени на 23 август во Куршумли-ан. Статуетките на сите награди се дело на словенечкиот академски скулптор Примож Селишкар.

Деветтото издание на „Македокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на РМ, Програмата МЕДИА на Креативна Европа, Фондацијата за развој на демократијата од Вашингтон (National Endowment for Democracy) и Град Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Министерството за култура и туризам на 60. јубилејно издание на Меѓународниот саем за туризам во Берлин

Објавено пред

Македонија учествува на јубилејното, 60-то издание на најголемиот Меѓународен саем за туризам „ИТБ Берлин“ (ITB Berlin), што се одржува од денеска до 5 март 2026 година во Берлин, Германија.

dobivaj vesti na viber

„ИТБ Берлин“ од 1966 година е водечка глобална платформа за туризмот, каде што се среќаваат претставници од туристичкиот сектор, туроператори, авиокомпании, хотели и медиуми. Годинава земја партнер е Ангола.

Македонската делегација на Саемот во Берлин, предводена од министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, придружуван од националниот координатор за туризам, Акан Махмут, ќе реализира повеќе билатерални средби со цел интензивирање на туристичката соработка, зголемување на туристичкиот промет и заеднички настап на трети пазари.

На националниот штанд од 93 м², годинава се претставуваат рекорден број учесници од туристичкиот сектор од земјава, вклучувајќи македонски туроператори за дојдовен туризам, хотелиери и ТАВ-аеродроми Македонија.

Според Државниот завод за статистика, во 2025 година земјава ја посетиле 91 290 германски туристи, а тоа претставува зголемување од 141 % во однос на 2024 година. Во истиот период се реализирани 143 138 ноќевања, а тоа е раст од 93 % споредено со претходната година. Германските туристи најчесто ги комбинираат културниот туризам, природата, гастрономијата и автентичните локални искуства, особено ги ценат Охрид и регионот околу него, како и „сити брејк“ (city-break) во Скопје со посета на кањонот Матка. Тие покажуваат значителен интерес и за вински тури, дегустации на локална храна, рурални искуства и активен туризам, што претставува силна основа за понатамошно позиционирање на земјава како атрактивна и автентична европска дестинација.

Учеството на Саемот во Берлин е уште една потврда дека како држава продолжуваме со активна промоција на туристичките потенцијали на нашата земја, со фокус на одржлив развој, диверзификација на понудата и стратегиско позиционирање на клучните пазари.

Прикажи повеќе...

Култура

„Сила“ – концерт на Македонска филхармонија по повод Денот на жената

Објавено пред

Во четврток, со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе одржи концерт по Повод денот на жената, насловен „Сила“ кој ќе го води диригентката Ребека Тонг од Индонезија, а како солист ќе настапи пијанистот Ендру фон Ојен од Франција.

dobivaj vesti na viber

На програмата се „Павана“, оп. 50 од Габриел Форе, Концертот за пијано и оркестар бр.2 во ге-мол од Камиј Сен-Санс и симфониската скица „Море“ од Клод Дебиси.

Ребека Тонг е резидентен диригент на Симфонискиот оркестар и уметнички и музички директор на Ансамблот за современа музика во Џакарта. Таа ја освои Првата награда на „La Maestra“ во 2020 година во Париз, каде што, исто така ја доби и „ARTE Prize“. Нејзините настапи вклучуваат дебитантски концерти со: Симфонискиот оркестар на Барселона, Германскиот симфониски оркестар во Берлин, Оркестарот на Париз, Националниот оркестар на Франција, Филхармонијата и Симфонискиот оркестар на Лондон, Камерниот оркестар на Париз, Националниот оркестар на Монпелие, Кралскиот Филхармониски оркестар на Ливерпул, Би-би-си Филхармонијата…Во сезоната 2021/22 дебитираше со Националниот оркестар на Лион, Полскиот национален радиосимфониски оркестар, Симфонискиот оркестар на Порто…

Маестра Тонг во својата биографија запишува и дека била асистентка на диригенти како Мајкл Тилсон Томас и Франсоа Гзавие-Рот, а учествувала и на мастер-часови со врвни имиња како Туган Сокијев, Пабло Ерас-Касадо,Марин Алсоп… Таа е добитничка на Taki Award 2019 и на неколку диригентски стипендии, вклучувајќи David Effron Conducting Fellowship и Cabrillo Festival of Contemporary Music Fellowship.

Активно учествува во конципирање на програмата на Симфонискиот оркестар на Џакарта, со цел да ја запознае индонезиската публика со класични и со современи оркестарски дела. Таа е основач на Младинскиот христијански оркестар на Џакарта (2011). Родена е во музичко семејство, има кинеско потекло и уште од млада возраст ѝ се посветува на музиката и верува во нејзината моќ на поврзување на заедниците.

Ендру фон Ојен е меѓународно признат пијанист, познат по својата извонредна техника и елегантна изведба. Дебитирал со Филхармонијата на Лос Анџелес на 16-годишна возраст, а од тогаш настапувал како солист со водечки оркестри низ светот, вклучувајќи ги и Филаделфија оркестарот, Симфонискиот оркестар на Лос Анџелес, Берлинскиот симфониски оркестар, Прашката филхармонија, Марински оркестарот, Би-би-си симфонискиот оркестар, Симфонискиот оркестар на Токио, Симфонискиот оркестар на Сингапур и многу други.

Настапувал во најпрестижните концертни сали како Вигмор Хол и Барбикан Хол во Лондон, Линколн Центар во Њујорк, Кенеди Центар во Вашингтон, Симфониската сала во Бостон, Театарот Тони Хол во Лос Анџелес, Театарот Хербст во Сан Франциско, Тонхале во Цирих, Ројал Опера во Версај, Театро Олимпико во Рим…

Фон Ојен издава албуми за Warner Classics, вклучувајќи ги „Bach-Beethoven“ (2021) и „Angels & Demons“ (2024), кои веднаш достигнаа високи места на платформите за стриминг. Неговите снимки опфаќаат репертоар од Бах и Бетовен, до Дебиси, Равел, Лист, Сен-Санс и Месијан.

Роден во САД, со германско и холандско потекло, започнал да учи пијано на петгодишна возраст, а на десет години дебитирал со оркестар. Дипломирал на Колумбија Универзитетот и на Џулијард школата, каде што негови наставници биле Херберт Стесин и Џером Ловентал, а работел и со Алфред Брендел и Леон Флајшер. Добитник е на Gilmore Young Artist Award (1999) и на Првата награда на Léni Fé Bland Foundation National Piano Competition (2001). Денес живее во Лос Анџелес и во Париз, и поседува американско и француско државјанство.

Прикажи повеќе...

Култура

Балканскиот рис доаѓа во Скопје: Патувачката фотоизложба на Македонското еколошко друштво се отвора во Лабораториум

Објавено пред

По седум посетени места низ Македонија, Патувачката изложба посветена на балканскиот рис ќе биде отворена за скопската јавност во четврток (5 март) во културниот простор „Лабораториум“ во Скопје, со почеток во 19 часот, во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД).

dobivaj vesti na viber

Осмислена со цел да се доближи балканскиот рис до окото на љубопитните граѓани и со тоа да се подигне свеста за важноста од зачувување на оваа кревка популација, изложбата донесува дел од најефектните „уловени“ кадри, од кои повеќето се направени со фотозамки, метод што МЕД го користи на терен веќе 18 години. Истовремено, избраните дваесетина фотографии ја доловуваат и теренската работа на МЕД кое цели две децении работи на зачувување на овој подвид преку регионалната Програма за закрепнување на балканскиот рис (Balkan Lynx Recovery Programme).

Низ годините, благодарение на оваа програма, МЕД успеа да ја процени популацијата на балканскиот рис на македонска територија, да ги збогати сознанијата за неговиот природен опсег, движењето и исхраната преку ГПС-следење и да изгради доверба и партнерства со властите, ловџиите, шумарите и ловочуварите чија улога е подеднакво важна за заштитата на рисот. Програмата придонесе и за вметнување на балканскиот рис во меѓународни спогодби со што се зајакнаа заложбите за прекугранична заштита, како и за прогласување на нови заштитени подрачја во регионот, вклучително и на Шар Планина која е од суштинска важност за опстанокот на рисот кај нас.

Досега, токму во рамките на регионалната Програма, оваа изложба беше поставена во повеќе градови и региони низ Македонија, вклучувајќи ги и националните паркови „Маврово“, „Пелистер“, „Галичица“ и „Шар Планина“. Покрај тоа што им нуди можност на посетителите да му се воодушевуваат на ова прекрасно животно и да научат повеќе за неговите навики и живеалишта, изложбата отвора и простор за разговор во врска со состојбата и планираните мерки за заштита на балканскиот рис, кој иако е наш национален симбол, и натаму е критично загрозено животно во регионот, со помалку од 50 возрасни единки во природата.

Изложбата е наменета за сите возрасти, а во Скопје ќе биде отворена до 5 април.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“

Европските официјални лица стравуваат дека американскиот фокус на конфликтот со Иран може да го намали вниманието и воената поддршка за...

Свет20 минути

(Видео) Трамп: Луѓето што ги гледавме како идни лидери на Иран се мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои голема неизвесност околу иднината на Иран по ескалацијата на војната на Блискиот Исток....

Македонија32 минути

Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски. Објавена е јавната набавка,...

Економија49 минути

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст

Вицепремиерот Александар Николоски соопшти дека градежниот сектор бележи раст од 14,6 проценти во четвртиот квартал од 2025 година, истакнувајќи дека...

Свет1 час

Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи

Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али...

Свет2 часа

(Видео) Патници заробени на крузери во Дубаи: додека се слушаат експлозии некои танцуваа покрај базен

Илјадници патници останале заробени на крузери на Блискиот Исток поради воената ескалација во регионот, откако САД и Израел извршија напад...

Свет2 часа

(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот...

Македонија13 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија14 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија20 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија20 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија21 час

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија21 час

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија21 час

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија21 час

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија22 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија24 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија24 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија24 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет1 ден

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...