Контакт

Култура

„Филмотопија“ нова книга од Игор Анѓелков

Објавено пред

Утре, од печат ќе излезе книгата со филмска есеистика „Филмотопија“ од Игор Анѓелков, со што авторот на најдобар можен начин ја заокружува трилогијата составена од книгите „Филм.мкд“ (2015) и „Филмски град“ (2018).

dobivaj vesti na viber

Анѓелков продолжува ревносно да ја следи филмската продукција кај нас и во светот и низ рецензентски и есеистички осврти на публиката навремено ѝ нуди увид во случувањата во филмската уметност.

Низ неколку поглавја во книгата се покриени филмовите од новата македонска продукција, новото европско кино, светската продукција, тука се и секогаш интересните фестивалски случувања, кои авторот ги покрива со присуство и искуство на самото место, а во последното поглавје авторот остава простор за класикот Алфред Хичкок.

Со оваа книга Анѓелков на одличен начин пополнува еден празен простор во македонското издаваштво издавајќи книги посветени на филмот, изданија кои, за жал, во годините наназад може да се набројат на прсти.

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер-студиите по медиуми и комуникации на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со „Филмотопија“ тој ја заокружува трилогијата со филмска есеистика, која ги вклучува и книгите „Филмски град“ (2018) и „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. Анѓелков е автор и на прозните книги – збирката раскази „Кротки приказни“ (2006) и романите „Крај-пат“ (2010), „Фотосинтеза“ (2013) и „Шрапнел“ (2020).

Култура

Хорот и оркестарот на скопското училиште Кузман освоија шест награди во Јесоло, Италија

Објавено пред

Туристичкото место Јесоло во Италија ги отвори вратите за 500 учесници од 12 држави од Светот, меѓу кои и избраниците на професорката по музика, Вера Ангеловска од ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Кисела Вода. .На Светскиот куп во фолклор, учесниците настапија во различни дисциплини. Македонските претставници се одлучија за вокално-инструментален ансамбл со хорот и оркестарот, како и соло настапи на пет вокали солисти и еден соло инструмент – гитара.

dobivaj vesti na viber

Старата македонска песна “Учи ме мајко карај ме” беше изборот на Ангеловска за хорот и оркестарот.

Оваа музичка дружина, која брои 49 члена, од кои 39 вокали, осум флејтисти и двајца гитаристи, ја “стресе” бината. Под диригентската палка на Верче, кузмановци блеснаа на отворената сцена, а за комплетен впечаток се погрижи прекрасната кореографија со автентични македонски предмети, како и рецитирањето строфа од македонската љубовна песна Дениција.

„Публиката задоволна, жирито исто така. Кузман и овој пат ги освои срцата на присутните. Освоеното второ место, пехарот, медаљите и дипломите ќе останат да сведочат за овој огромен успех на ООУ ‘Кузман Јосифовски – Питу’. Паричниот ваучер ќе биде само мотив повеќе да се продолжи со работа до следното претставување на голем музички настан. Во оваа конкуренција немаше освоено прво место “, велат од училиштето.

За дефилето пред завршната вечер македонија беше одбрана од страна организаторот да ја предводи долгата редица натпреварувачи низ улиците на Јесоло па ечеа македонски песни и се вееја македонски знамиња.

Солистите освоија едно прво место, две втори и две трети места, како и една пофалница.

 

Македонските претставници велат дека добиле и ексклузивна покана за прием кај градоначалникот на Јесоло, Кристофер Де Зоти, кој ги поздравил и им посакал уште поголем успех во иднина на музичките таленти од Македонија.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на стихозбирката „Моето алтер его“ од Елеонора Николовска

Објавено пред

Во НУ Центар за култура Крива Паланка, вечерва (28 мај), со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана стихозбирката „Моето алтер его“ од поетесата Елеонора Николовска, во рамките на манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата 2024”.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за збирка од 47 лирски песни со посебно изразена живост, преку кои Николовска порачува: ” Никој нема совршен живот, но сите имаме совршени моменти“.

Рецензентка на збирката е Силвана Крстовска, а промоторка Ирена Белешковска. Стихови ќе чита поетесата Емилија Колевска, а куриозитет за публиката ќе биде настапот на младата, талентирана Нина Николовска, државен првак во соло пеење.

Илустрациите на поетската збирка се креирани од Ана Срока, преку колаж на цветни мотиви што ги разигруваат страниците полни со емоции.

Елеонора Николовска е родена во Крива Паланка. Дипломира на Филолошкиот факултет,а подоцна магистрира менаџмент на човечки ресурси.

Авторка е на збирката поезија “Чекајќи го животот да се случи”, (2021) и збирката раскази “Расказите раскажуваат” (2023).

Нејзините поетски творби, раскази, сатирични песни, афоризми, и други творби се објавени во над 70 различни збирки, зборници, списанија, антологии на македонската и балканска книжевна сцена.

Прикажи повеќе...

Култура

Патувачката изложба „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ се враќа во Штип

Објавено пред

По успешните претставувања на изложбата од Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ пред прибирливата публика во Софија, и пред публиката од различни возрасти во Виница, „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ се враќа во своето почетно место – Штип.

dobivaj vesti na viber

Со отворањето во „Галерија 22“ на Н.У. Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип на 28 мај 2024, со почеток од 12:00 часот, делата од дипломираните и актуелни студенти ќе ја заокружат целта на проектот – афирмација на штипската Ликовна академија во земјата и регионот.

Со проектот се случи првото претставување на квалитетите на високообразовната установа надвор од државата и градот Штип. Проектот создаде пријателства и поврза институции од областа на културата и образованието. Се разменија искуства и се говореше за квалитетот на образованието и ликовната уметност.

Изложбата во Штип ќе биде отворена од страна на деканот на Ликовната академија, проф. д-р Петар Намичев, во присуство на професорите – ликовни уметници, како и во присуство на авторите на изложените дела.

Учесници на изложбата се: Вангел Крстиновски, Бојана Тошевска, Мики Иванов, Миа Ефремова, Крсте Тарабунов, Ивана Ивановска, Дејан Витанов и Александра Јеротијевиќ-Андреева.

Жанровски нај застапена е мртвата природа, а исто така може да се видат и лицата на некои од авторите преку жанрот автопортрет, како и дела кои биле дел од специфични задачи од опфатените предмети во Ликовната академија.

Д-р Иво Пецов, како куратор на изложбата, се погрижи да бидат избрани карактеристичните дела од ареалот на штипската Ликовна академија, во согласност со целите на нејзината програма – да образува кадри од областа на класичното сликарство. Изложбата прави своевиден пресек на досегашната работа на Академијата, а изложените дела се од периодот 2019 – 2023 година.

Во образовната програма „Класично сликарство“ студентите од оваа изложба работеле под менторство на различни наставници, и тоа: Викторија Егорова и Игор Егоров од Русија, Лариса Бондаренко и Владимир Недајборшч од Украина, како и македонските професори: Јордан Ефремов, Слободан Милошески, Ванѓа Димитријева-Кузманоска и Јана Јакимовска.

Посетителите на галеријата во Н.У. Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе имаат можност да ја разгледаат до 10 јуни 2024 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Пронајдени 1.408 пушки од балканските војни при градежен зафат во Битола

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека во близина на поранешниот гарнизон во Битола, при изведување на градежни земјени работи пронајдени се...

Свет3 часа

Шпанија, Ирска и Норвешка, денеска, и официјално ќе ја признаат Палестина

Шпанија, Ирска и Норвешка и официјално ќе ја признаат палестинската држава и покрај бесната реакција на Израел. Повеќе од 140...

Македонија15 часа

На 30 јуни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30...

Македонија16 часа

Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: злоупотребите со европското знаменце нема да се применуваат, потенцирана европската заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадор на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир....

Македонија18 часа

Гаши седнува во спикерското столче: поради кандидатурата за претседател на Собранието, поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива

На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм...

Македонија20 часа

Хируршките сали на Клинички остануваат затворени: Системот за воздух мириса и без хаварија, примероци од гасот испратени во Германија  

Лабораторија во Германија ќе утврдува зошто без хаварија во системот се јавува миризба во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран...

Македонија21 час

Демири на заминување го разреши и директорот на Кардиохиругија: Открив дека 170 пациенти не се внесени во „Мој термин“, за нив нема отпусни писма ни умреници

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски . Открил дека во Клиниката...

Топ23 часа

Автомобил падна во Крива река, загинаа возачот и сопатничката од Марино

Две лица загинаа вчера во сообраќајна несреќа. Според информациите од МВР, се работи за 75-годишниот Ж.Ј. и неговата сопатничка С.Ј....

Македонија1 ден

Експресниот пат Штип – Кочани нормализиран за сообраќај

Во 10 часот и 40 минути, сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е нормализиран за сообраќај, извести АМСМ. Сообраќајот...

Македонија1 ден

Братот на убиениот пејач на пластичарската улица: Амар ќе биде погребан денеска

Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото...

Македонија1 ден

Извршен увид по пукањето на пластичарската улица во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид...

Топ1 ден

Еден убиен, двајца повредени во пукање на т.н. пластичарска улица

Еден убиен и двајца ранети во пукањето кое синоќа околу полноќ се случи на булеварот Никола Карев, познат како пластичарска...

Свет1 ден

(Видео) Израел му одговори на Хамас со ракетен напад; Хамас: Погоден е камп, убиени жени и деца

Министерството за здравство на Хамас објави дека десетици луѓе загинале или се повредени во експлозија во бегалски камп во областа...

Свет1 ден

(Видео) Торнада опустошија неколку делови на САД, десетина мртви

Торнада кои го зафатија централниот дел на САД усмртија најмалку десетина луѓе и оставиле трага на уништување, а синоптичарите предупредуваат...

Европа1 ден

(Видео) Надзорните камери на трговскиот центар во Харков го снимија моментот на нападот, 16 мртви

Бројот на загинати во рускиот напад на специјализиран трговски центар со градежни производи во Харков се искачи на 16. Меѓу...

Македонија2 дена

Земјава нема развиен концепт за менаџирање со дијабетесот, вели Велев

Во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари и Здружението на лица со дијабетес „Алегрија“, денеска во Градскиот парк во...

Македонија2 дена

Скопскиот булевар „Кочо Рацин“ во мрак, луѓето со блиц од мобилен минуваат на пешачки (ВИДЕО)

Скопскиот булевар „Кочо Рацин“, на кој се наоѓа автобуската станица „Југодрво“, веќе неколку денови е во мрак. Уличните светла долж...

Македонија2 дена

Детали за ноќната спасувачка мисија: Го лепеле чамецот и им фрлале вода на заглавените пред да ги извлечат живи (ФОТО+ВИДЕО)

Четирите лица, меѓу кои и седумгодишно дете се лоцирани и најдени, соопштија утрово од ЦУК. Ноќната спасувачка акција не била...

Македонија2 дена

Најдени се седумгодишното дете и трите лица кои се изгубија кај реката Пчиња

Четири лица, две жени, еден маж и едно дете кои се изгубија, а се на возраст од 29, 18, 35...

Македонија3 дена

Седумгодишно дете и уште три лице се изгубија на патот од Кожле кон Велес

Четири лица планинарејќи го згрешиле патот и залутале на стрмно опасно место за понатамошно нивно движење. Меѓу лицата има едно...