концерти
„Хармонија мунди“ – атрактивен видео-аудионастан на Македонската филхармонија
Македонската филхармонија во 20 часот ќе го одржи симфонискиот концерт „Хармонија мунди“, кој ќе претстави атрактивен, уникатен видео-аудиоперформанс. Под диригентската палка на маестро Емил Табаков, ќе бидат изведени фантастичните „Планети“ од Густав Холст, кои ќе доживеат и видеоанимација, дело на Милчо Узунов од студиото „3Д“.
Грандиозното дело на англискиот композитор ќе биде изведено на сцената на Македонската филхармонија по подолга пауза, а за првпат доживува и видеопридружба што ќе ги збогати сетилата. Во изведбата на „Планети“ ќе учествува и хорот „Проарс“ подготвен од диригентот Сашо Татарчевски.
Солист на концертот „Хармонија мунди“ е врвниот македонски контрабасист Ѓорѓи Цинциевски, кој ќе го изведе Концертот за контрабас и оркестар од Емил Табаков, а оваа вечер ќе биде изведено уште едно негово мошне интересно и иновативно дело – „Астрална музика“.
Контрабасистот Ѓорѓи Цинциевски се образува на престижната висока музичка школа Royal Northern College of Music во Манчестер, Велика Британија, а неговите солистички настапи се високо оценети од критиката, која го опишува како музичар со одлични технички способности, со карактеристичен личен музички израз и силна експресивност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

