Култура
Шест кратки и долгометражни филмови проектирани на „Преку езерото“
На четвртата вечер од филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран, беa проектирани шест кратки и долгометражни филмови.
На самиот почеток беше прикажан „Дали си маж“ – краткиот македонски филм на Ѓорче Ставрески по што публиката имаше можност да постави прашања директно до режисерот. Беше проектиран долгометражниот филм „Сребрен бунт“ од израелски режисер Дан Шадур и „Човекот кој не можеше да молчи“ на хрватскиот режисер Небојша Слијепчевиќ. Публиката од оваа страна на граница, имаше можност да го погледне грчкиот филм „Тишина 6-9“ на Христос Пасалис, како и 13-минутната „Балада“ на Кристофер Нилсон од Франција. „Волкот и мачката“ на Жан-Себастијан Бернар од Франција беше последниот краткометражен филм проектиран вечерва на „Преку езерото“.
Претходно, во предпладневните часови како дел од студенската програма во овогодинешното издание на „Преку езерото“ се оддржа третиот пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови. Студентите кои се идни филмски автори ги презентираа своите сценарија пред менторот Александа Русјаков.
На официјалното отворање на филмскиот фестивал „Преку езерото“ вчеравечер беше доделена единствената НАГРАДАТА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“ – магот на македонското и балканското филмско мајсторство, актерот кој мината година ја одигра својата последна улога на овој свет и замина во светот на вечната игра и вечните соништа – актерот и сонувачот со отворени очи. Нашиот прв лауреат беше македонскиот актер Владо Јовановски.
Со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден документарен, фестивалот, кој е единствен од ваков вид во Македонија, нуди програма за сечиј вкус, на отворено, на брегот на Дојранското Езеро.
Во продолжение програмата за финалната вечер на „Преку езерото“ во недела на 11 август во Дојран:
Ден петти, НЕДЕЛА, 11 Август 2024 година
20.00 Часот
ЅВЕЗДЕНА на Александра Лазаровски, Србија, 2024
ХОТЕЛ ПУЛА, Андреј Коровљев, Хрватска
Свечено затворање на фестивалот
Доделување на фестивалските награди
Доделување на грантовите за дипломски студентски филмови
22.30
ПОДРУМ на Омер ферхат Озмен, ТУРЦИЈА, 2024,
ЛОШО НА МОМЕНТ на Даниел Соарес, ПОРТУГАЛИЈА
ЗАРАЗЕНИ, Себастијан Ваничек, Франција
Крај на програмата
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

