Култура
,Љубовната соба“ на режисерката Сузана Диневски во официјална селекција на 30 издание на романскиот филмски фестивал Астра
Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, Сузи Кју продукција и Аворд филм и видео е избран во официјалната селекција на 30 издание на филмскиот фестивал Астра, кој ќе се одржи во Романија, во трансилванскиот град Сибиу, помеѓу 15 – 22 октомври.
Филмскиот фестивал Астра, кој е основан во 1993 година, стана еден од водечките платформи за документарен филм во Романија и Европа. На најдолготрајниот романски филмски фестивал филмовите што се избрани во официјалната програма AFF2023 ќе се натпреваруваат во четири натпреварувачки секции: (Emerging Voices of Documentary, Централна и Источна Европа, Романија и DocSchool). ,,Љубовната соба” се натпреварува во категоријата на Централна и Источна Европа, а филмот беше избран по долг процес на селекција од страна на престижното жири на фестивалот. Режисерката и продуцент Сузана Диневски е поканета да го презентира филмот и да учестува во панел дискусијата за филмот после проекцијата во делот предвиден за ,,прашања и одговори”.
Документарниот филм „Љубовната соба“ на Сузана Диневски раскажува две паралелни интимни љубовни приказниво кој главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД Идризово. Филмот го прикажува социјалниот портрет на двете семејства низ призма на интимниот свет од брачните посети во најозлогласениот затвор во Северна Македонија – Идризово, и ефектите што тој ги има врз семејството и нивното непосредно опкружување.
Филмот е во режија на Сузана Диневски, која е и продуцент (Сузи Кју продукција), извршен продуцент е Владимир Стојчевски, а филмот е во ко-продукција со Аворд филм и видео. Директор на фотографија е Фејми Даут, а монтажата е на Горан Вуќиќ. Музиката е на Дуке Бојаџиев, менаџер на филм е Горан Стојилковиќ, постерот на филмот е изработен од Коста Лазаревски, и тонски дизајнер е Игор Поповски.
„Љубовната соба“ минатата година во март 2022 ја доби наградата Neaniko Plano на ,,Агора Докс”, на фестивалот за документарен филм во Солун, Грција а во периодот од 23 март до 2 април, 2023 година имаше светска премиера на филмскиот фестивал Феникс во Аризона, САД (каде филмот имаше три проекции) во категорија на светски долгометражни фимови и европска премиера на ,,ZagrebDox”, во Загреб, Хрватска (со две проекции) во регионална конкуренција. Беше прикажан на 22 мај 2023 година во Њујорк, во официјална селекција на филмскиот фестивалБиг Епл филм фестивал (Big Apple Film Festival) во познатото кино Cinema Village, кое е едно од најстарите независни кина во уметничкиот дел на Њујорк, познат како Гринич Вилиџ, каде ,,Љубовната соба” беше номиниран за награда.
Филмот беше во официјална селекција и на 21-то издание на Глобалниот филмски и музички фестивал Искија, на истоимениот остров Искија во Италија што се одржа од 9 до 16 јули, 2023, а предвидено е учество и намеѓународниот документарен фестивал Пелопонисос, во Каламата, Грција во октомври 2023.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Последна, 30. по ред изведба на „Ноќта кога ја убив месечината“ во Битолски театар
На 04.03.2026 во 20:00 часот, сцената на Народен театар Битола ќе ја пречека 30-тата и воедно последна изведба на „Ноќта кога ја убив месечината“, во режија на Марјан Георгиевски, кој и настапува во истата заедно со актерот Александар Копања.
По тој повод, билетите се со 50 проценти попуст, по цена од 100 денари.
„Ова не е само промоција. Ова е покана. Покана да бидете дел од една завршница што се случува само еднаш. Последните изведби имаат посебна енергија – актерите играат со срце што знае дека за последен пат ја раскажува приказната, а публиката станува сведок на момент што повеќе нема да се повтори“, велат од битолскиот театар.
Претставата отвора суштински теми за човековата егзистенција, осаменоста, слободата, маските што ги носиме и загубените вредности во современото општество. Тоа е психолошка и филозофска драма која патува од интимно до општествено, од реалност до апсурд.
Култура
Љутков во Брисел на средба со Нела Рајхл: Фокус на младите, дигитализацијата и развојот на креативните индустрии
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во рамките на посетата на Брисел, денеска оствари работна средба со Нела Рајхл, претседателка на Комитетот за култура и образование при Европскиот парламент.
На средбата, Љутков ја истакна цврстата заложба на Министерството за култура и туризам за унапредување на културните политики, со акцент на младите, дигитализацијата и современата промоција на културното наследство, како и на системски развој на креативните индустрии.
Министерот ја потенцираше активната вклученост на Македонија во користењето на европските инструменти за помош и програмите за соработка со земјите членки на Европската Унија, вклучително и ТАЕКС (TAIEX) и другите ИПА-инструменти за претпристапна помош. Тој рече дека Министерството за култура и туризам ги имплементира програмите „Креативна Европа – Култура и Медиа“, кои овозможуваат поддршка за копродукции, мобилност на уметници, европски мрежи и градење институционални капацитети, додека Министерството за образование и наука ги спроведува програмите „Хоризонт“ (Horizon) – за истражувања во технологиите за дигитално наследство и „Еразмус +“ (Erasmus+) – насочена кон образовна и младинска мобилност.
Љутков нагласи дека Македонија ја препознава сѐ поголемата економска и општествена вредност на креативните индустрии, кои претставуваат стратегиски двигател на економскиот раст, иновациите и меѓународната видливост. Во таа смисла, ќе се интензивира соработката со европските земји кои ги препознаваат културните и креативни индустрии како приоритетен сектор.
Според министерот Љутков, акцент е ставен врз дигитализацијата и дигиталната трансформација, особено во заштитата и промоцијата на културното наследство. Тој рече дека како земја со исклучително богато културно наследство, Македонија посветува големо внимание на зачувувањето на јазикот, фолклорот, традиционалните занаети, фестивалите и музиката како континуитет на културниот идентитет.
Дополнително, тој информираше дека Министерството за култура неодамна го презеде и секторот туризам во својата институционална структура, со што се отвораат нови стратегиски цели за развој на културниот туризам и за воспоставување рамнотежа меѓу заштитата на наследството и современиот креативен развој.
На средбата соговорниците ја потврдија заедничката заложба за понатамошно продлабочување на соработката, со цел унапредување на европските културни политики и зајакнување на улогата на културата во процесите за европска интеграција.
Култура
Во чест на Тихомир Јанчовски: Комеморација на Филолошкиот факултет во Скопје
На 4 март (среда) во 18 часот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (Сала за седници) ќе се одржи комеморација во чест на поетот, писател, преведувач и издавач Тихомир Јанчовски.
Тихомир Јанчовски (1967-2026) дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во 1991 година, по што специјализирал во Будимпешта, на катедрата за Средновековни студии на Централноевропскиот универзитет. Во 2010 година магистрирал современа историја на УКИМ. Беше и професор, музичар, издавач и автор на над 30 книги, главно поезија, преводи и (поетски) романи. Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и на италијански јазик.
Автор е на плејада поетски книги кои се високо ценети меѓу читателите: Обични зборови, 1999; Два, 2002; Последно време, 2005; Осама, 2010; О, ти, 2011; Староста може, а и не мора да се дочека, 2013; Од збор до збор (избор), 2016; Игла и конец, 2016; Godine, Buybook, 2017; The noise of Loneliness, 2018; Влакно на јазикот, 2018, Тихивање, 2019, Ден-година, 2023; Граматика на љубовта, 2024, Пристоен предлог и други песни, 2024, Пеколот е мало место, 2025. Автор е на неколку романи (Лидија, или сѐ што знам за жените, 2018; Сѐ што знам за животот, 2020; Патина, 2022), на неколку дела од доменот културната историја на православното монаштво (Св. Пантелејмон, Нерези, историја, архитектура, живопис, 2000; Пештерските цркви во Македонија (сценарио за док. филм) , 2001 и Монаштвото во Македонија (1944-2007), 2010, како и две книги за деца: Приказни за деца и животни, 2022 и Малата Мечка и Големата Мечка, 2024. Превел дваесетина дела и приредил неколку антологии.
Од 2013 до 2016 објавувал колумни во Утрински весник, во рубриката „Рурбано“. Има издадено и книга колумни „Како ми скроија капа и други записи“ 2018. Во соработка со Бранислав Николов, Тихомир Јанчовски го создава поетскиот перформанс „Волкот на љубовта“. Во 2025 година неговиот ракопис „Камен во водата“ беше награден со признанието „Караманов 2025“. Тихомир Јанчовски е добитник за наградата „Златна бубамара“ за најпопуларен писател во 2025 година.
Јанчовски почина на 58-годишна возраст во Скопје на 30 јануари.

