Контакт

Култура

Љутков до Костадиновска: Престанете да ја понижувате македонската културна јавност, немате никаков кредибилитет да зборувате за култура

Објавено пред

Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи се обрати до министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

dobivaj vesti na viber

„Сите мои настапи во изминативе денови, беа обид да Ви укажам на бројните пропусти од Годишната програма, а Вие не само што не сте сфатиле, туку и понатаму продолживте да тонете во калта. Малку ли Ви се бројните реакции од културните работници, за да се свестите што сте направиле? Ви се обраќам лично, како културен работник, актер прва категорија во Драмскиот театар од Скопје. Оној кој е залутан во културата, тоа сте Вие! И сосема нескромно, но така и Ве доживуваат.

Ве советувам да престанете да ја понижувате македонската културна јавност, затоа што токму Вие немате никаков кредибилитет да зборувате за македонската култура! И не само Вие, туку и целиот Ваш кабинет, кој го нарекувате тим во културата, не донесoвте до ова дереџе денес!“, вели Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Што ви оставивме ние кога дојдовте? Ви изградивме НОВИ институции, со најсовремена техника, целосно реконструиравме повеќе десетици објекти, отваравме нови музејски поставки, …се ви беше на тацна оставено, а Вие се’ уништивте! Нека ја погледне македонската јавност Вашата Годишна програма за инвестиции и тековно одржување на националните установи! МИЗЕРИЈА

Кај не им давате на установите средства за одржување, па не им давате ни средства за проекти, за да можат да си обезбедат сопствен приход и да си инвестираат самите за тековните потреби.

Ќе Ве потсетам дека Вашиот претходник Алаѓозовски, за својот мандат, прво и единствено што успешно го направи е што го избриша целиот сајт на министерството за култура! За да не останат докази кои ќе посведочат за комплетната неспособност на сите Ваши министри во културата.

Но културната нема потреба да памети износи, но памети светски имиња на македонската сцена, памети претстави кои сеуште се најпродавани по театрите, Ги памети Морфов, Пандур, Иван Поповски, Демјан Хрст, Салвадор Дали, Хенри Мур, памети премиери со светски балетски и оперски уметници кои гостуваа на спектакуларните претстави, кои, ќе повторам, сеуште се изведуваат на репертоарите!

Инвестиравме и во живата култура и во инфраструктурата и во уметничките и во човечкие капацитети.

Зошто вчера потрошивте половина час во обвинување на опозицијата, па дури и за патните исправи на очиглед на целата македонска јавнот, наместо да објасните како тоа се ставаат наставници по англиски и студенти и млади од 25 години во стручните комисии кои со своето неискуство одлучуваат за судбини на зрели и реномирани автори и проекти?

Објаснете и на јавноста конкретно, што е тоа што Ви пречи што Градоначалникот и Советот на Велес одлучиле сите културни активности да се организираат од здруженија на граѓани, наместо од еден човек од Општината? Нешто кое скоро две години функционира, граѓаните на Велес немаат реакции, а градот има 200 денови културни настани. Што е тоа што само Вие не успеавте да го видите минатата година, на Рацинови средби, па годинава го казнивте фестивалот со 83,000 денари?

Одговорете, како за 2023 година одобривте преку 2.200.000 денари за фестивал на тазе фирма МАСТЕР ПРО ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ за проектот „Тајмлес Фестивал“, а оваа година гледаме дека истата е згасната, па во Програмата е со ново име МОДУС ПРО ПРОДУКЦИЈА за истиот фестивал кој е поддржан со 2.400.000 денари? Што се крие позади ова?

Ова не е проблем, Рацин е проблем нели?

Министерке, престанете да манипулирате со јавноста, сфаќате ли дека Вие должите одговори како прв и најповикан човек во културата, не јас!

Наместо да се жестите во јавните настапи, глумејќи дека сте обезправено нападнати, зошто конкретно не им кажавте на граѓаните која фирма ја избравте за изведувач на Универзална сала и како? Кој е и како го избравте надзорот? И каде се објавени безбедените 120.000.000 денари?

И конечно зошто чесно и отворено не им кажете на граѓаните дека единствениот проект на оваа Влада на ДУИ, кој тече непречено како дупка без дно е Тетовскиот театар, за кој за 8 години се одлеани преку 42 милиони евра. И кој, замислете уште не е готов исто како и патот Кичево – Охрид“, додаде Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Култура

„Лена и Владимир“ награден на Julien Dubuque International Film Festival

Објавено пред

13. издание на Меѓународниот филмски фестивал Julien Dubuque (JDIFF) ги објави своите победници, a „Лена и Владимир“, во режија на Игор Алексов, ја однесе дома главната награда за најдобар долгометражен игран филм.

dobivaj vesti na viber

На фестивалот, кој се одржа од 24-28 април во Дубјук, Ајова, беа прикажани преку 150 филмови од целиот свет, вклучително и 31 долгометражен филм во конкуренција, а филмот „Лена и Владимир“ на фестивалот го промовираа актерот Тони Наумовски и режисерот Игор Алексов.

„Лена и Владимир“ е приказна за двајца бегалци од општеството кои доживеале огромна трагедија, а чии патишта случајно се вкрстуваат. Тие наоѓаат утеха и поврзаност, формирајќи врска што им носи исцелување. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и Филмскиот центар на Србија (Терирем продукција).

Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска и Тони Наумовски, а во филмот се појавуваат и Дениз Абдула, Луран Ахмети, Петар Мирчевски, Петре Арсовски, Благоја Чоревски, Kирил Коруновски. Сценариото е на Александар Русјаков. Продуценти се Дејан Илиев (ДМФ Филм) и Илија Циривири (МИНД Продукција). Кинематографер е Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Зафирковски, а монтажер е Мартин Иванов, Музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез, костимограф е Раде Василев, дизајнер на маска е Горан Игњатовски, а кастинг директор е Катерина Грубач.

Прикажи повеќе...

Култура

Отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт и затворање на 20. „Танц-фест“ со танчарската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки

Објавено пред

Францускиот институт во Скопје и „Танц-фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубилејното 20. издание на „Танц-фест“, го најавуваат ексклузивното гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.

dobivaj vesti na viber

Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024, со наслов „Танцот на игрите“.

Всушност, по огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во 2017 година во рамките на „Танц-фест“, Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“/Käfig се враќаат во Скопје со најновиот танцов спектакл „Мозаик“.

На настанот збор ќе земат: Иго Бештел, директор на Францускиот институт во Скопје, и Рисима Рисимкин, директорка на „Танц-фест“.

Билетите за претставата се достапни на веб-страницата на Македонскиот народен театар.

Во фоајето на МНТ исто така ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува дејствувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години.

Прикажи повеќе...

Култура

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД што ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ2 часа

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет3 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија3 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија3 часа

Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија4 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија14 часа

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија18 часа

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ19 часа

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ19 часа

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет19 часа

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет1 ден

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија1 ден

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија1 ден

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија1 ден

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет1 ден

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет1 ден

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет1 ден

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет1 ден

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...