Култура
„Џифони Македонија“ од 7 до 11 октомври на три локации во Скопје
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/Untitled-1.png)
Шестото издание на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе биде отворен утре во кино Милениум со почеток во 19.30 часот со проекција на италијанскиот филм „По трагите на мојот татко“ на режисерот Марко Сегато.
На 11 октомври во кино Милениум со почеток во 19.30 часот ќе бидат прикажани филмовите и изведбите направени на работилниците за време на фестивалот од страна на младите.
Оваа година фестивалот „Џифони Македонија“ ќе се одржи од 6 до 11 октомври на три локации во Скопје – Кинотеката на Македонија, МКЦ и кино Милениум со учество на над 650 млади учесници на возраст од 10-19 години.
Фестивалот се одржува со финансиска поддршка од Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони Експириенс“ од Италија, а со почеток од оваа година, во следните три години фестиваалот концепциски се посветува на екологијата и зачувување на животната средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Култура
„Читаме музика“ ‒ поетско-музички перформанс во Крива Паланка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/cover.jpg)
В сабота, 6 јули, со почеток во 20 часот на платото пред Градски музеј Крива Паланка ќе се одржи поетско-музичкиот перформанс „Читаме музика“, на кој ќе настапат Владимир Мартиновски, Перица Сарџоски, Николина Андова Шопова, Јулијана Величковска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади, Марија Ангеловска, Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова.
Настанот е дел од програмата на „Крива Паланка ‒ Град на културата 2024 година“ во организација на Општина Крива Паланка во соработка со издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје.
Култура
Збигњев Прајснер се заблагодари на „Скопје синема сити“: Се надевам дека набргу ќе имам можност да ја споделам мојата музика со вас
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/thumbnail_2V7A0995.jpg)
Синоќа, со видеопорака од годинешниот добитник на наградата за животно дело, филмскиот композитор Збигњев Прајснер, беше отворена филмската програма на 10. издание на „Скопје синема сити“. Во своето обраќање тој се заблагодари и на фестивалот и на публиката и рече дека се надева на гостување во македонската метропола со изведба на неговите дела. Во прилог ви го испраќаме видеото и фотографии од отворањето, како и најава за програмата во следните денови.
Во киното „Мирно лето“ на Кинотеката синоќа беше отворна филмската програма на 10. издание на фестивалот посветен на музичкиот документарен филм „Скопје синема сити“. Публиката имаше можност да го проследи видеообраќањето на големиот композитор на филмска музика Збигњев Прајснер, кој рече дека му е жал што не е присутен во Скопје за да ја почуствува атмосферата и да сподели дел од својата музика со публиката.
„Жал ми е што не сум во Скопје, но имам 69 години и натаму интензивно имам работни обрски. Искрено се заблагодарувам на фестивалот ‘Скопје синема сити’ за ова признание за мојата работа и се надевам дека набргу ќе можам да дојдам во Скопје и да ја споделам музиката заедно со публиката бидејќо не ја компонирав музиката само за филмовите, туку и за вас “, рече Прајснер.
Во периодот помеѓу 1985 и 1996 година, почнувајќи од филмот No End, Прајснер бил еден од најблиските соработници на Кишловски и заедно работеле на 17 филма. Меѓу познатите филмови што изнедриле исто толку позната музика се мини серијалот Decalogue, филмовите А Short Film About Killing, A Short Film About Love, The Double Life of Veronica, трилогијата Three Colours.
Проекцијата на филмот за отворање „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана, беше проследена со аплауз, а потоа посетителите уживаа во мало концертно музичко изненадување, каде што ги споделуваа впечатоците од филмот.
Програмата продолжува вечерва со филмовите за една џез и една панк-икона: „Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“ и „Џо Страмер, Иднината е ненапишана“.
За филмовите:
„Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“, САД, реж. Брус Вебер, 120 мин.
Филмот „Ајде да се изгубиме“ е филм за турбулентниот живот и кареира на џез-трубачот Чет Бејкер, кој починал 4 месеци пред филмот да биде прикажан премиерно. Филмот се состои од интервјуа, сесии, архивски снимки и домашни снимки на режисерот Вебер за да покаже портрет на еден џез-музичар, чиј живот бил обележан од долго користење дроги.
„Џо Страмер: Иднината е ненапишана“
Филмот на Џулиен Темпл е трибјут на еден од највлијателните и најсакани британски музичари, кој е познат како фронтменот на групата „Клеш“. Како фронтмен на групата „Клеш“, почнувајќи од 1977, Џо Страмер ги променил животите на луѓето засекогаш со своите песни и политички ставови и пораки. Филмот е снимен 4 години по неговата смрт, во 2022, и дава комплетен увид во биографијата на Страмер.
Култура
Отворено 19. издание на фестивалот Македонско културно лето во Пустец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Македонско-културно-лето-Пустец-2.jpg)
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во музејот посветен на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани, општина Пустец, Р. Албанија, присуствуваше и се обрати на отворањето на 19. издание на фестивалот Македонско културно лето.
Во своето обраќање министерот Љутков истакна дека фестивалот на дело потврдува дека културата и јазикот што го зборуваме се поголеми и позначајни од границите што нè одделуваат.
„Денеска, преку уметноста, литературата, музиката и сите други форми на културен израз ги споделуваме креативноста и талентот на македонските уметници одржувајќи го континуитетот во развојот и промоцијата на македонската култура меѓу сите жители во овој дел на Преспа. Токму преку културата, преку секоја слика и збор, ги уриваме границите и ги засилуваме врските со нашинците“, рече Љутков.
Тој додаде дека е ова уште една потврда за грижата за македонското малцинство во Албанија и за посветеноста на Владата и на Министерството за култура и туризам за негување на македонската култура, идентитет и традиција во овој прекуграничен регион претворајќи го во значајна дестинација за културен туризам.
Министерот Љутков изрази благодарност до организаторите – Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ и Едмонд Сотир, до градоначалникот Колефски, до уметниците и до сите оние, како што рече, што со своето присуство придонесуваат овој фестивал да биде вистинско културно доживување.
На отворањето на фестивалот публиката имаше можност да ги проследи изложбата на дела од академскиот скулптор Синиша Новески и промоцијата на книгата „Македонското традиционално пеење во: Мала Преспа, Гора и Голобрдо“ од авторката Андријана Јаневска.
Во рамките на фестивалот, кој ќе трае до 6 јуни, публиката ќе може да проследи три театарски претстави и една претстава за деца.
Фестивалот, кој е во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, има цел заштита, развој и промоција на македонската култура кај македонскиот народ во Албанија.