Контакт

Култура

Советување за дигитализација на културното наследство

Објавено пред

Советување посветено на дигитализацијата на културното наследство и аудиовизуелна меморија во Македонија денеска беше одржано во Кинотеката на Македонија.

Советување посветено на дигитализацијата на културното наследство и аудиовизуелна меморија во Македонија денеска беше одржано во Кинотеката на Македонија.

Советувањето е во организација на Универзитетот на аудиовизуелни уметности  ЕСРА- Париз- Скопје- Њујорк и центар а свое излагање имаше директорот на францускиот културен центар Јоан Ирез.

На советувањето беше објавено почнувањето на месецот на франкофонијата во Македонија кое треба да започне денеска со почеток во 19 часот во Кинотеката на Македонија а на отворањето ќе присуствува и претседателот Ѓорѓе Иванов.

За време на прославата свои обраќања ќе имаат Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија, Жан-Клод Шлумберже, амбасадор на Франција и Јордан Плевнеш, ректор на Универзитетот ЕСРА.

Со започнувањето на месецот на франкофонија по повод 40 години од постоењето на меѓународната организација на франкофонија, во Кинотеката ќе бидат прикажани и циклус француски филмови.

На советувањето во Кинотеката беше промовирана и книгата „Ризница на македонската колективна меморија“  од македонскиот документарист Мишо Нетков а подоцна Академик Лазар Шуманов ја претстави националната стратегија за дигитализацијата на културното наследство која била изработувана од страна на Шуманов и уште неколку академици во период од половина година./крај/сл



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

„Сеќавање за Сион“ – изложба на Давид Атанасоски

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот во Галерија МКЦ ќе се отвори самостојна изложба на Давид Атанасоски насловена „Сеќавање за Сион“.

Делата на Атанасоски бараат согледување, размислување. Тие се моќни во привидот на едноставноста. И секое дело одделно егзистира како автохтон сегмент. Тие го добиваат значењето на универзалното, погледот кон Спасителот. Неговиот ‘објектив’ навлегува во порите на инкарнатот, кој обилува со светоста на духовноста и со сакралноста на животот. Навидум сосема спонтани и едноставни, неговите дела се секвенци на опозитот на сите контрасти и сеќавања што ги носи животот, кои кај секој од нас, наеднаш знаат да се извишат во хармонија на една чиста духовност, во која се забележува една нескротлива и на моменти, навидум ‘дива’, амбивалентна ритмика, а сепак структура што авторот успеал да ја ‘скроти’ и да ја претвори во една совршена целина, каде што секој сегмент од картонот го пронашол своето место, оформувајќи една целосно хомогена структура, што всушност е и еден од главните цели на неговиот истражувачки процес. Ритмичното повторување на сегментите во целината ја нагласува динамиката што авторот претендира да ја создаде, која во голема мера зависи од позиционирањето на парчето картон или хартија и точно одредениот пресек на внатрешноста што го дава движењето и рамнотежата на композицијата.

Употребувајќи рециклирачки и лесно модулативни материјали, интенциозно насловувајќи ја оваа своја изложба „Сеќавање за Сион“, младиот автор нè навраќа на сегментите и на секвенците од колективната меморија на библиското случување, побудувајќи изобилство на сензации во пресоздавањето, претставувајќи го трансформативниот процес на тлото земја, кој одбрал да го искористи како појдовен инспиранс во својот истражувачки процес, во овој случај светото парче земја – Ерусалим и околината, со акцент на библискиот Сион. Делата на младиот автор, со композициска структура специфична за неговиот ликовен израз, оставаат впечаток на зачудувачка неделивост и совршена компактност, каде што сè е толку складно и слеано, истовремено упатувајќи и на некаков посебен мир и скротена експресија… Оваа негова изложба е во континуитет на неговите досегашни реализирани проекти, каде што смело нурнува во срцевината на тематиката што ја истражува, и во нему веќе својствен манир, вешто запазувајќи ја суштествената структура на материјалот, нагласувајќи ја податноста на картонот и хартијата, ја започнува својата нарација за библискиот Сион, преку тивок и ненаметлив говор, шепот од одбрани мисли што раскажуваат– Ангела Витановска

Давид Атанасоски е млад уметник, роден во Прилеп 1995 година; во 2018 година завршува факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек Вајарство со конзервација и реставрација. Член на меѓународната организација за уметност и култура Narrative Movment. Самостојни изложби: 2015 – Скопје, Проект за урбана скулптура во простор, спонзорирана од Цементарница УСЈЕ; 2019 – Прилеп, Пејзажни знаци, Ликовен салон Марко Цепенков; 2019 – Прилеп, Геолошки пресек, Нов културен бран.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен романот „Теорија на чудноста“ на чешката писателка Павла Хоракова

Објавено пред

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „Теорија на чудноста“ на чешката писателка Павла Хоракова.

Преводот е на Даниела Роус Мишевска и Донка Роус, а романот е награден со највисоката книжевна награда во Чешка „Магнезија литера“ за најдобра проза во 2019 година.

Романот претставува брилијантно прикажана потрага по длабокото значење на животот. Опишани се неколку месеци од животот на Ада Сабова, нестереотипна, млада, урбана интелектуалка, која се обидува да ги балансира приватниот живот и кариерата. Разочарана од врските, од предвидливиот модел на својот живот, а најмногу од својата работа во Институтот за интердисциплинарни студии за човекот, таа наоѓа забава во забележувањето на ситни, очигледно случајни и невообичаени детали околу неа, пред да сфати дека тие навистина следат одредени обрасци, што резултира со нешто што таа приватно го нарекува „теорија за чудноста“.

Зголемената опсесија на Ада со потрагата по исчезнатиот син на колешката ја турка на нов пат и нејзиниот уреден, предвидлив живот одеднаш ќе добие сосема неочекуван пресврт.

Книгата се чита и како љубовна приказна со загатка, но истовремено и како расудување за смислата на суштествувањето, карактерот на времето, историјата на Централна Европа, за туѓите влијанија кои Ада ги забележува околу себе, а кои со карактеристичниот хумор, саркастична перцепција и мистичност, се обидува да ги обедини во „теоријата на чудноста“.

За сите овие феномени, таа бара сеопфатна дефиниција во својата „теорија за чудноста“ и открива дека не може да ги сфати бесконечните сложености на светот со чиста причина.

И додека општеството околу неа сè повеќе се приврзува кон празните правила, Ада ги напушта своите структури една по една и тргнува кон слободата.

Романот „Теоријата на чудноста“ е оценет како дело на голем литературен талент во комбинација со брилијантен интелект и со т.н. женска мистика.

Магазинот „Ехо“ го нарече најпаметното дело на чешката проза на деценијата.

Павла Хоракова (1974) е чешка писателка, литературен преведувач и радиски новинар. Нејзини објавени прозни дела се: детективска трилогија за млади (2010, 2011, 2012), новелата „Јохана“ (коавтор со Алена Шеиностова и Зузана Досталова, 2018), а во 2018 година го објави својот прв роман за возрасни „Теорија на чудноста“. Таа има преведено над 20 книги од англиски и од српски јазик и е добитник на две награди за превод.

Прикажи повеќе...

Култура

Отворен конкурс за традиционалните годишни награди на ДПМ

Објавено пред

Друштвото на писатели на Македонија и овој декември го отвора Конкурсот за петте традиционални награди за најдобри книжевни остварувања во календарската година.

Наградите „Стале Попов“ за проза, „Ацо Шопов“ за поезија, „Димитар Митрев“ за критика и есеј, „Ванчо Николески“ за книга за деца и наградата „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите, веќе со години се клучен репер за валоризација на годишната книжевна продукција кај нас.

Право на учество на овој конкурс имаат сите членови на ДПМ, кои до истекот на годината треба да достават по четири (4) примероци од своите новообјавени книги (во текот на 2020 г.) во посочените категории.

Примероците може да ги достават во канцеларијата на ДПМ , но поради состојбата со пандемијата на Ковид-19, од ДПМ апелираат учесниците претходно да се јават на мобилниот број на веб-страницата на ДПМ.

За секоја од наградите ќе одлучуваат тричлени комисии составени од истакнати писатели со евидентно искуство во жанровските домени на кои тие се однесуваат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Бучковски: Можеме да најдеме решение за нашата иднина

Македонската влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на спроведувањето на Договорот...

Македонија30 минути

Регистриран земјотрес во Скопје околу полноќ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија15 часа

Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за...

Македонија16 часа

Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, Заев лажеше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој го означува нашиот идентитет,...

Македонија17 часа

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија17 часа

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија17 часа

Граѓаните над 65 години први ќе ја примат вакцината против Ковид-19

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината против Ковид-19,...

Македонија19 часа

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа20 часа

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија21 час

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Македонија22 часа

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Топ22 часа

Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено...

Регион23 часа

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Топ24 часа

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион24 часа

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија1 ден

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија1 ден

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион1 ден

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската Унија за...

Свет1 ден

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Досие