Контакт

Култура

Книжевна вечер посветена на Весна Ацевска

Објавено пред

Во чест на современата македонската поетеса Весна Ацевска, денеска ќе биде одржана книжевна вечер во културно – информативниот центар на Р.Македонија во Софија.

Во чест на современата македонската поетеса Весна Ацевска, денеска ќе биде одржана книжевна вечер во културно – информативниот центар на Р.Македонија во Софија.

Книжевната вечер е во организација на КИЦ со соработка со ИД Макавеј – Скопје и со подршка на Министерството за култура во рамките на меѓународната соработка.

Весна Ацевска е добитник на наградата „Браќа Миладиновци„ за 2009 година за стихозбирката „Столисник„,награда која се доделува за најдобра поетска книга објавена меѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата.

На книжевната вечер за творештвото на Весна Ацевска ќе говорат познатата бугарска писателка Екатерина Јосифова и македонскиот писател и книжевен критичар Бранко Цветкоски, со учество на  познатата бугарска актерка  Бела Цонева Динкова./крај/ин/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Отворен конкурс за традиционалните годишни награди на ДПМ

Објавено пред

Друштвото на писатели на Македонија и овој декември го отвора Конкурсот за петте традиционални награди за најдобри книжевни остварувања во календарската година.

Наградите „Стале Попов“ за проза, „Ацо Шопов“ за поезија, „Димитар Митрев“ за критика и есеј, „Ванчо Николески“ за книга за деца и наградата „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите, веќе со години се клучен репер за валоризација на годишната книжевна продукција кај нас.

Право на учество на овој Конкурс имаат сите членови на ДПМ, кои до истекот на годината треба да достават по четири (4) примероци од своите новообјавени книги (во текот на 2020г.) во посочените категории.

Примероците може да ги достават во канцеларијата на ДПМ , но поради состојбата со пандемијата на Ковид 19, од ДПМ апелираат учесниците претходно да се јават на мобилниот број на веб страната на ДПМ.

За секоја од наградите ќе одлучуваат тричлени комисии составени од истакнати писатели со евидентно искуство во жанровските домени на кои тие се однесуваат.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Почина поранешниот министер за култура Благој Стефановски

Објавено пред

Поранешниот министер за култура, актер и долгогодишен театарски работник Благој Стефановски – Баге почина денеска на 67-годишна возраст.

Стефановски беше болен подолго време, а потоа и позитивен на коронавирусот.

Како директор на Битолскиот народен театар од 1975 до 1980 година тој ги постави основите за уметнички развој на оваа театарска куќа, која потоа со своите изведби се прослави не само на македонската туку и на југословенската уметничка сцена.

Стефановски стана дел и од македонската политика. Од 1994 до 1998 година беше пратеник во македонското Собрание, а од 2002 до 2006 година и министер за култура.

Во својата професионална кариера тој беше и претседател на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, а беше и на чело на Охридско лето.

По завршувањето на министерскиот мандат, го оформи Мал драмски театар – Битола и работеше на независната сцена.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на победниците на конкурсите на Националната галерија за зрел уметник и за млад уметник

Објавено пред

Оваа година Националната галерија првпат објави конкурси за зрел и за млад уметник, поддржани од страна на Министерството за култура.

„На 25 јуни беше понуден професионален повик за учество во конкурсот, отворен за сите уметници. За победниците, како што беше објавено, обезбедени се средства за хонорар, за реализација и продукција на делата, пракса која одамна не се применува на македонската ликовна сцена, а е потврда на професионалност и респект кон влогот и трудот на ликовниот уметник“, велат од Националната галерија.

До крајниот рок, 20 јули, аплицираа 10 уметници на конкурсот за зрел уметник и 23 млади автори за млад уметник.

Меѓународната комисијата во состав: Мишко Шуваковиќ – декан и професор на докторски студии по трансдисциплинарна и трансмедијална уметност при Факултетот за медија и комуникации при Универзитетот „Сингидунум“ од Белград, Роман Урањек, уметник и член на групата IRWIN и Арта Агани Буњаку, ликовен уметник, дизајнер и директор на Уметничката галерија на Косово ги избра победниците.

На 26 август Националната галерија го објави добитникот на конкурсот за зрел уметник: Роберт Јанкулоски и добитниците на конкурсот за млад уметник: Дарко Комненовиќ и Викторија Попоска.

Финално, трите добитници ќе ги постават и реализираат своите проекти во објектот Мала станица. Истите, публиката ќе може да ги посети од 10 декември до 10 јануари 2021 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија43 минути

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија1 час

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион1 час

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската унија за...

Свет2 часа

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа15 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија16 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија17 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија17 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија20 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен20 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ21 час

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет22 часа

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет22 часа

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија23 часа

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет23 часа

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион23 часа

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Топ24 часа

Притвор за скопјанец кој крадел oд викендички во Гази Баба

Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф., за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е...

Европа1 ден

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет1 ден

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Досие