Култура
Македонски поетски претставници во Лајпциг
Здружението на Албанските Издавачи (ЗАИ) ја претставува Република Македонија и на овогодишниот саем на книгата во Лајпциг, Германија, кој започнува денеска и ќе трае до 21 март.
Здружението на Албанските Издавачи (ЗАИ) ја претставува Република Македонија и на овогодишниот саем на книгата во Лајпциг, Германија, кој започнува денеска и ќе трае до 21 март.
Ова е второ официјално претставување на Здружение на Албански Издавачи и Република Македонија на овој исто така престижен саем на книгата, кој се разликува од останатите меѓународни саеми со важноста што им ја придава на авторите и на публиката.
Од страна на ЗАИ, како Координатор на овој проект и на претставувањето на нашата држава на саемот на книгата во Лајпциг е назначена Елизабета Линднер, издавач на порталот за македонска литература на германски јазик „СловоКулт“(www.slovokult.de), која заедно со двајцата претставници на ЗАИ присутни на саемот, Седат Шабани и Арбер Челику, ќе ги организира активности кои се предвидени за времетраењето на овој голем меѓународен културен настан.
Македонското претставувањето ќе започне на 20 март насловено како „Словотека бр. 1“, која содржи одбрани текстови од десет автори од Македонија, а која беше овозможена благодарение на Културната Установа „Блесок“.
Во таа прилика ќе бидат читани преведени поезии од повеќе наши автори, а како специјален гостин ќе присуствува авторот Игор Исaковски, кој ќе чита своја поезија на македонски, а истата ќе биде преведена и на германски јазик.
Освен овие настани, за време на саемот во организација на фондацијата Традуки и фондацијата Роберт Бош во соработка со низа други културни институции и здруженија ќе се одржат повеќе збиднувања со тежиште на Југоисточна Европа.
Овогодишното претставување на ЗАИ на саемот на книгата во Лајпциг финансиски е поддржано и помогнато од страна на Министерството за Култура на Република Македонија./крај/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

