Култура
Охрид:Промоција на последниот албум на „Стринг Форсис“

Познатиот македонски бенд „Стринг Форсис“ вечерва во кафе-паб „Кастело ќе го промовираат својот последен албум “Reduction Ad Abusrdum”.
Познатиот македонски бенд „Стринг Форсис“ вечерва во кафе-паб „Кастело ќе го промовираат својот последен албум “Reduction Ad Abusrdum”.
Стринг Форсис е еден од најспецифичните македонски бендови кои се појавија во изминативе десет години на македонската современа музичка сцена.
Познати се по својот иновативен и еклектичен стил, како за музичката така и за нивната видео работа.
До сега имаат извадено четири студиски албуми, „Reductio Ad Absurdum“ (2009), „Silky Way“ (2006), „Izohronia“ (2002) и „Стринг Форсис“ (1999); како и музика за ТВ филмот „Заведени“ (2002), и бројни настапи во живо низ Македонија и Балканот./крај/охридњуз/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Француската иновативна танчерска претстава MYSELVES ќе го затвори Танц-фест

Дваесет и првото издание на Танц-фест ќе биде затворено утре, 13 мај, со иновативната и интерактивна танцова претстава „MYSELVES“, на француската група K. DANSE
Настанот ќе се одржи со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.
Оваа извонредна танцова претстава е дијалог помеѓу танчерот и неговите повеќекратни идентитети, отелотворени во визуелно и звучно единство. Танцовата креација ги вкрстува современиот танц и дигиталната уметност, прикажувајќи интеракција помеѓу изведувачот и неговите многубројни лица низ најразновидни трансформации.
Со употреба на телесни и оптички сензори, танчерката нè внесува во единствено ументичко искуство каде површините за проекција стануваат портали кон невидливото, а виртуелните идентитети на изведувачот се појавуваат и исчезнуваат.
Францускиот институт во Скопје и Фестивалот Танц-феат ги поканува сите љубители на современиот танц и дигиталната уметност да ни се придружат и да бидат дел од ова единствено уметничко доживување.
Култура
Промоција на „Кошница со калинки“ од Марина Мијаковска

Денес во 12.00 часот во Промотивниот центар на Саемот на книгата ќе се одржи промоција на книгата за деца „Кошница со калинки“ од Марина Мијаковска која е македонска поетеса, есеист, прозаист и книжевен критичар.
Таа е доктор на науки и активен член на Друштвото на писатели на Македонија. Мијаковска пишува поезија, есеи, проза и книжевни критики. Добитник е на бројни награди како на пример: на наградата „Караманов“ и Македонска книжевна авангарда, наградата Крсте Чачански, наградата „Бели мугри“, наградата „Даница Ручигај и други.
Автор е на повеќе од 10 дела за возрасни и две за деца. „Кошница со калинки“ е втора нејзина книга за деца.
Книгата – сликовницата „Кошница со калинки“ е иновативна, инвентивна и едукативна сликовница наменета за децата од предучилишна и од рана училишна возраст. Приказната во книгата ги едуцира децата на сликовит начин да дознаат каде, кога и како расте, цути и созрева калинката, каква боја има цутот, а каква плодот, што содржи и зошто е здраво да се јадат калинки. Книгата ја развива љубопитноста кај децата и говорните вештини преку ликот на девојчето со име Калина која набљудувајќи го дрвото со калинки во бабината градина, учи за нив. Тајната на Калина се крие во благословот на кошницата со собраните калинки.
Книгата е живописно илустрирана од страна на илустраторот Игор Јовчевски. Илустрациите во оваа книга се живи, сликовити, тие се во функција на текстот и говорат на сите светски јазици наместо текст, со што ја оживуваат приказната со изразен приказ на дејство и динамичност. Тие го поттикнуваат мисловниот процес и ја развиваат имагинацијата кај детето.
Промотор на книгата е Јованка Ефтимова заедно со децата од градинката „Павлина Велјанова“ од Кочани, кои денес ќе допатуваат специјално за оваа промоција на Саемот на книгата.
Култура
ИФФК „Браќа Манаки“ со повик за учество во проектот „Кадар-на“ (Her frame)

ИФФК „Браќа Манаки“ како дел од проектот „Кадар-на“ (анг. HER FRAME, во буквален превод „Нејзин кадар“) ја поддржува иницијативата за надминување на родовата нерамноправност во филмскиот сектор.
Проектот „Кадар-на“ е поддржан од Британскиот совет како дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (анг. Culture and Creativity for the Western Balkans – CC4WBs), кој е финансиран од Европската унија и има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за да се оствари поголемо социо-економско влијание. Проектот „КАДАР-НА“ е во заедничка реализација на Филмскиот фестивал во Нови Сад и Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.
Постоењето на родовата нерамноправност е утврдено на сите нивоа во аудиовизуелната индустрија, а оваа програма е наменета за нови и млади уметници, филмски работнички кои сакаат да ги усовршат своите знаења и вештини со поддршка од истакнати експерти од филмскиот свет, преку онлајн работилници и интензивна менторска програма.
Повикот е отворен до 09, а резултатите ќе бидат објавени на 16-ти јуни.
Учесничките ќе имаат можност да следат пет онлајн работилници со експертки од филмскиот свет, конференции во Нови Сад и во Битола, три мастер-класови, менторска програма и претставување.
За било какви дополнителни информации и/или појаснувања на [email protected].