Култура
„Егзит 2010“ ги објави изведувачите
На главната сцена на најпознатиот музички фестивал на Балканот „Егзит“ веќе е потврдено дека ќе настапат „Placebo“, Миси Елиот, „LCD Soundsystem“ и „Pendulum live“.
На главната сцена на најпознатиот музички фестивал на Балканот „Егзит“ веќе е потврдено дека ќе настапат „Placebo“, Миси Елиот, „LCD Soundsystem“ и „Pendulum live“.
На овогодишниот „Егзит“ фестивал за позната сцена наречена како „Dance Arena“ учеството го потврдија Дејвид Гета, Лејдбак Лук, „А-Тrак“, „Dirty South“, „Black Rose“ (Jesse Rose & Henrik Schwarz), Рива Стар, Соломун и „Ost & Kjex“ кои ќе настапат со госпел хор и „Wannabe A Star“.
„Midnight Juggernauts“, „Jamaica“, „Antenat“ и „Bambi Molesters“ се учесниците кои ќе можат да се проследат на „Fusion“ сцената.
За сите оние кои се обожаватели на „тврдиот“ звук на „Explosive“ стејџот ќе настапат најдобрите хардкор, треш метал и панк изведувачи меѓу кои се „Behemoth“, „Suicidal Tendencies“, „The Exploited“, „Al & The Blackcats“, „Ex Deo“, „Decapitated“, „Inspector Cluso“ и „Al & The Blackcats“. Но, ова не е конечната листа за оваа сцена, наскоро ќе бидат објавено уште многу други атрактивни имиња.
„Happynovisad“ сцената во соработка со Резидент Адвизор оваа година продолжува да носи нови таленти од светот на електронската музика. Таму ќе се претстават имиња од „Warp Records“, а тоа се: Хадсон Мохаке, „Clark live“, „Time Exile live“ и Русти, по нив следат изведувачи од прочуената бристолска сцена како што се „Joker“, „Pinch“, „Gemmy“ и „MC Nomad“ како и француските „Sound Pellegrino“.
Оваа година ќе бидат претставени најдобри електронски звуци на афирмирани изведувачи но, ќе има голем број на новооткриени музичари.
Неодамна своите настапи ги потврдија и „Chemical Brothers“, „Mika“, „Röyksopp“, „Crystal Castles“, „Does It Offend You“,„Yeah?“, Рикардо Вилалобос, „Moderat live“, Џош Винк, „Crookers“, „Boys Noize“, Ерол Алкан, „SebastiAn“, „Busy P“ и Диџеј Мехди.
„Егзит“ се одржува еднаш годишно на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, започнувајќи во 2000 година на иницијатива на двајца студенти од Универзитетот во Нови Сад, оттогаш па се до денес фестивалот традиционално трае по четири дена и прерасна во еден од најпознатите музички фестивали во Европа.
Оваа година започнува на 8 јули а ќе трае заклучно со 11 јули./крај/егзитфест/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Култура
„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.
„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.
Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на двојната природа на интерфејсот – како техничка површина на комуникација меѓу човекот и машината, но и како внатрешен, идеолошки простор во кој се преговараат значењата, одлуките и позициите на моќ. Изложбата го третира интерфејсот не само како функционален медиум, туку како критичка зона на судир меѓу човечкото искуство и алгоритамската логика.
Проектот се надоврзува на актуелните уметнички и теориски дискурси за постхуманизмот, визуелната култура и дигиталната медијација на реалноста. Во таа рамка, „Интер(но)фејс“ ја поставува вештачката интелигенција не како неутрален технолошки алат, туку како активен фактор во креирањето на современите културни, политички и етички релации.
Изложбата „Интер(но)фејс“ може да се посети во периодот од 18 до 24 декември 2025 година во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, Национална галерија, Скопје.
Култура
Концерт на Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки и Дино Имери во Музејот на македонската борба
На 17 декември (среда), со почеток во 20 часот, во амбиентот на Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт на двајцата истакнати уметници од регионалната и меѓународната сцена – виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, еден од најценетите и највлијателни виолончелисти во регионот, и пијанистот Дино Имери, волшебникот на пијаното.
Сузуки е препознатлив по својата извонредна техничка виртуозност, длабока музикалност и силно сценско присуство, а критиката и публиката го вбројуваат меѓу најдобрите виолончелисти на Балканот. Заедно со Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти, тие носат концертна вечер од врвен уметнички ранг.
Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со дела од: Бетовен, Шнитке, Шуман, Дебиси, како и композиции од Имери Илкоска, носејќи свеж и современ израз во концертната вечер.
Концертот е со слободен влез, претставувајќи ретка можност за љубителите на класичната музика да доживеат висок уметнички квалитет и инспиративна интерпретација.

