Контакт

Култура

Недела на македонски филм во Хрватска

Објавено пред

Недела на македонскиот филм, во чии рамки, ќе бидат прикажани десетина филмски остварување започнува денеска во Хрватска.

Недела на македонскиот филм, во чии рамки, ќе бидат прикажани десетина филмски остварување започнува денеска во Хрватска.Во рамките на Неделата на Македонскиот филм, што ќе трае до 29 март, ќе бидат прикажани  играните филмови „Како лош сон“ на Антонио Митриќески (2003), „Тетовирање“ на Столе Попов (1991), „Време, води“ на Бранко Гапо (1980), „Илузија“ на Светозар Ристевски (2004) и „Пред дождот“ на Милчо Манчевски (1994). Покрај нив, ќе бидат прикажани и три документарни филма – избор филмови на браќата Манаки, снимени 1905 – 1911 година, „Песја пена“ на Благоја Ристески – Платнар (2002) и „Дае“ на Столе Попов (1979), анимираниот „Рака“ на Дарко Марковиќ (1980) и краткиот игран филм „Бубачки“ на Игор Иванов (2003).Претставувањето на македонскиот филм во Загреб и во Ријека е организирано во Кинотеката на Македонија, со поддршка на Министерството за култура, а во соработка со Хрватскиот филмски архив и Хрватскиот филмски сојуз./крај/со/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Дебата на тема „Кинодистрибуцијата во време на пандемија – проблеми и предизвици“

Објавено пред

Предизвиците со кои се соочуваат кинодистрибутерите и киноприкажувачите во земјава ќе бидат во фокус на дебатата што денеска во 11 часот ќе се организира во Џебното кино на Младинскиот културен центар. Настанот е во рамките на CINEIndustry филмскиот маркет што го организира Асоцијацијата на филмските дистрибутери на Македонија од 25 до 30 ноември.

На дебатата ќе учествуваат: Маргарита Арсова (Младински културен центар), Игор Мраков (Cineplexx MK), Јулијана Кузмановска (MCF MKD) и Огнен Антов, продуцент (Dream Factory). Модератор ќе биде Сребра Ѓорѓијевска.
Арсова е координатор за меѓународни проекти во МКЦ од 2010 година. Таа е фестивалски координатор на фестивалот „Синедејс“.

Игор Мраков е маркетинг и менаџер за продажба во „Cineplexx Macedonia“.

Огнен Антов е продуцент на документарни филмови (Шнајдерките, Тутуноберачката), потоа играниот „Џган“, како и детскиот игран „Стела“, чија премиера се случи токму годинава.

Јулијана Кузмановска е главен менаџер за дистрибуција во дистрибутерската компанија „МЦФ-МКД“ од Скопје.
Дебатата ќе може да се проследи на интернет-страницата на АФИДИ (afidi.org/cineindustry), како и на фејсбук-профилот CINEIndustry Film Market.

„Во услови кога целата филмска индустрија е во криза поради ситуацијата со Ковид-19, овој настан е важен зашто ќе придонесе на едно место да се слушнат мислењата за различните елементи што ја сочинуваат дистрибуцијата, нешто што речиси не се дискутира во изминатите неколку месеци. Се надеваме дека дискусијата ќе биде првиот чекор за конструктивни решенија за иднината на дистрибуцијата во земјава“, велат организаторите на настанот.

На првиот ден на маркетот, вчера продуцентот Атанас Георгиев се осврна на успешната дистрибуција на документарецот „Медена земја“, кој е најуспешниот документарен филм во историјата на македонската кинемаграфија. Тој освои две номинации за Оскар – за најдобар документарен филм и за странски филм.

Тој одржа мастер-клас што предизвика внимание и прашања. „Верувајте во себе и не се откажувајте“ – им порача тој на своите помлади колеги-продуценти. Георгиев низ примери укажа како се развива интересот на светот за документаристиката, но и за огромниот скок што „Медена земја“ го направи на светско ниво и погледот што го смени за овој жанр, воопшто.

Поради пандемијата, „Медена земја“ не можеше да се дистрибуира во Франција, Италија и во други планирани земји. Филмот имаше огромен успех со дистрибуцијата во САД.

Георгиев, кој во моментов работи на документарниот филм посветен на Ковид-19, кој се снимаше во Вухан, е скептик за блиската иднина на кинодистрибуцијата и киноприкажувањето во светот во наредната година.

„Ова е дефинитивно крај на ерата на кината, која не очекувам да се подобри ниту во 2021 година. Во последните години се прикажуваа сѐ повеќе документарни филмови во киносалите. Индустријата тоа го забележа и почна да инвестира во тоа. Кога станува збор за маркетинг, Американците не штедат. Тие потрошија двојно повеќе за да го донесат филмот до Оскарите. Ќе ги закупат сите билборди, реклами, сите маркетиншки алатки ги користат. За нив е многу важно режисерите да ги однесат на прва проекција во градот каде што ќе се прикажува филмот“, вели Георгиев.

Утре во 14 часот ќе следува презентација на Меѓународната федерација на асоцијации на филмски дистрибутери, што ќе ја одржи Алина Попеску, генерален секретар на ФИАД. Попеску ќе одржи онлајн-презентација за работата на ФИАД и предизвиците на дистрибутерите во Европа во овие предизвикувачки времиња и планираните стратегии и мерки за помош на филмската индустрија.

На 28 ноември во 12 часот ќе се одржи предавање на тема „Сè што сакавте да знаете за онлајн-дистрибуцијата, но никогаш не сте се осмелиле да прашате“. Ќе зборува Саша Станишиќ, режисер и главен координатор на Cinesquare.net, единствената македонска Video on Demand (VoD) платформа. На 29 и 30 ноември ќе се одржат пичинг-сесии на наши филмски режисери и продуценти со одобрени проекти, кои ќе имаат прилика да разговараат со филмски агенти за продажба.

CINEIndustry се реализира со поддршка на Министерството за култура.

Прикажи повеќе...

Култура

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Објавено пред

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без никаква помош. Со тоа, според нив, се осквернавени документаристите, протагонистите, успехот на филмот и неговата голема хуманистичка идеја.

„Документаристичкиот филмски кодекс советува дека филмските работници не треба да ги следат, да соработуваат, помагаат или на каков било начин да интервенираат во животот на протагонистите. И покрај оваа практика, ние одлучивме да им помогнеме затоа што целосно се соживеавме со нив, од почетокот на идејата до најзначајните успеси на филмските фестивали. Правилата ги прекршивме со добра намера и притоа ангажиравме тим од правни и социјални работници, кои нѐ советуваа како да ја реализираме помошта за Атиџе Муратова и семејството Сем.

За таа цел, го основавме здружението на граѓани „Бекирлија“ преку кое досега беа спроведени следните активности за помош на протагонистите: На Атиџе Муратова, по нејзина желба, ѝ беше купена куќа, која дополнително беше комплетно опремена (ентериер, бања, покуќнина, кревет, машини за домаќинство итн.) Обезбедени беа над сто пакети со храна и лекови и приватни лекарски прегледи. Секоја зима беа обезбедени дрва за огрев. Се погриживме и за нејзините патувањата на фестивалите во светот: Нион (Швајцарија), Сараево (БиХ), Aјвалик (Турција), Њујорк и Холивуд (САД), на кои, покрај билетите за превоз, беа обезбедени и сместување и личен асистент“, се вели во соопштението.

Во него од екипата додаваат дека на семејството Сем им е подарено возило; неколкупати се правеа интервенции во куќата, со цел да им се обезбедат услови за зима; купена е покуќнина, постојано им беа праќани лекови и големо количество храна, со што ова семејство би ги задоволило условите за прехранување на подолги периоди. Дополнително, беше обезбеден и компјутер за децата непречено да ја следат онлајн-наставата оваа учебна година.

„На отворената сметка за протагонистите собрани се средства, а меѓу другото, со свои издвоени средства учествуваше Владата, како и Советот на Град Скопје. Исто така, како дополнителен проблем се јави и социјалната помош, која протагонистите ја земаат редовно. Доколку им беа исплатени други средства, тогаш, по автоматизам, социјалната помош ќе им беше укината. Затоа, од институциите чекавме да биде изработен модел за месечно исплаќање конкретна сума, без да ја изгубат постојната социјалната помош. Со цел да не се доведува јавноста во заблуда на каков било начин, одлучивме сите досега собрани средства одеднаш да им бидат префрлени на протагонистите наместо да се најде правно решение тие да добиваат месечни надоместоци, а притоа да не биде загрозена социјалната помош што веќе ја примаат. Дополнително, здружението „Бекирлија“, како и страницата за донации, ќе бидат затворени“, се вели во соопштението.

Тие истакнуваат дека Атиџе Муратова за своето учество во документарниот филм има потпишано документ, со кој им дава право да го користат нејзиниот лик и дело во филм.

„Во документаристиката постои принцип да не им се плаќа хонорар на протагонистите, ниту да се интервенира во нивните животи. Но, ние, сочувствувајќи со нив, сепак одлучивме да им помогнеме. Горенаведените донации и активности се доказ дека тие не само што не беа заборавени од екипата туку, напротив, им беше дадена несебична помош. Екипата на филмот не заработила од милионските суми презентирани на некои медиуми. Тие пари завршуваат кај дистрибутерите, кои вложија финансии во кампањите за промоција на филмот. Всушност, кампањата за ‘Оскар’ чинеше повеќе од вкупната презентирана сума.

Македонија и светот се полни со силни приказни што заслужуваат да бидат документирани, а ние ќе продолжиме да создаваме со несмален интензитет и посветеност. Личности како нашите протагонисти има многу, но документаристи сме малкумина. Документарниот филм е медиумот што ние знаеме добро да го работиме и длабоко веруваме дека со следните проекти на кои работиме повторно ќе ги освоиме филмските фестивали. Нашата работа како промотори на културата продолжува. На крајот, би сакале длабоко и најсрдечно да им се заблагодариме на сите медиумски куќи што од почетокот соработуваат со нас и го поддржуваат филмот. Во меѓувреме, ‘Медена земја продолжува да реди интернационални успеси, признанија и пофалби во светските медиуми, меѓу кои е и репортажата на ‘Њујорк тајмс’ направена со екипата на филмот и Атиџе во Бекирлија“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Здружението на џез-музичарите кај Пендаровски ја нагласи потребата од простор за работа на оркестарот „Биг бенд“

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението на џез-музичарите и слободните уметници – ЗЏМ од Скопје.

Информирајќи за актуелните предизвици со кои се соочуваат, претставниците на ЗЏМ ја истакнаа важноста од соодветна вклученост на компетентни лица во одлучувачките процеси во областа на џез-културата.

Од Здружението ја нагласија неопходноста од институционализација и обезбедување простор за работа на ЗЏМ на оркестарот „Биг бенд“, од вклучување нивни членови во процесот на распределба на средствата за финансирање проекти од областа на џез-музиката, кои се од национален интерес, како и потребата од ревидирање на работата на двете џез-академии, кои функционираат во рамките на универзитетите во Скопје и Штип, за поуспешно реализирање на главната цел – подигнување на џез-културата во земјата.

Осврнувајќи се на предизвиците произлезени од Ковид-19, претседателот Пендаровски нагласи дека културата е значително погодена од пандемијата.

И покрај предизвиците, претседателот го нагласи исклучително значајниот придонес на Здружението на џез-музичарите и слободните уметници во афирмацијата на џез-културата во земјата и странство охрабрувајќи ги заложбите за споделување на нивните искуства, како и за подобрување на условите за изведба и создавање квалитетна музика, како траен белег и еден од фундаментите на секое општество.

Здружението е основано во 2016 година и во него членуваат некои од најреномираните џез-музичари од земјава, студенти и професори на џез-академиите во Скопје и Штип, како и слободни уметници. Се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, организира џез-фестивали и соработува со меѓународни организации кои ја негуваат оваа дејност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија12 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија13 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет14 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен15 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија17 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија20 часа

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија20 часа

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура21 час

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа21 час

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет22 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија22 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија22 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион22 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа23 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет23 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет24 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет24 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет24 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет1 ден

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Досие