Култура
Баљшој театарот ќе ги отвори вратите во 2011 година
Московскиот Баљшој театар повторно ќе може да ги прима љубителите на уметноста во октомври идната година, откако ќе завршат конзерваторските работи, што се изведуваат веќе неколку години.
Московскиот Баљшој театар повторно ќе може да ги прима љубителите на уметноста во октомври идната година, откако ќе завршат конзерваторските работи, што се изведуваат веќе неколку години.
Претпоставуваме дека историската зграда на Баљшој театарот ќе биде отворена на 2-ри октомври 2011 година. Не се осмелувам да ризикувам и да наведам датум порано, но ќе сториме се да го отвориме дотогаш“, изјави заменикот директор на театарот, Антон Гетман.
Гетман додава дека ансамблот ќе може да добие пристап до сцената за одржување проби, дури во јуни или јули истата година, a обновата на фасадата може да биде завршена до крајот на ова лето.
Една од најславните театарски куќа на светот московскиот Баљшој театар беше затворен за посетителите и за претстави во 2005 година заради обемната обнова и санирање на ентериерот.
Работите требаше да бидат завршени до 2008 г., меѓутоа овој зафат ги посрамоти највисоките културни институции во Русија.
Притоа поведена е истрага за сомневања дека станува збор за повеќемилионски проневери поврзани со реставрацијата на театарот./крај/бгнес/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Премиера на филмот „Соучесници“ во Скопје
Во среда, 18 февруари, во киното Синеплекс во 20 часот, ќе се одржи премиерата на долгометражниот игран филм „Соучесници“, по сценарио на Огњен Обрадовиќ, а во режија на Марко Новаковиќ. Филмот е копродукција помеѓу Зилион Филм (Србија), Партизанс (Македонија) и Интер Филм (Хрватска).
Филмот „Соучесници“ е психолошка и социјална драма, во кој идиличниот живот на главните ликови нагло се менува по сообраќајна несреќа. Додека се борат да се справат со последиците, нивната совест ги прогонува, трансформирајќи ја нивната врска и доведувајќи до низа неочекувани настани.
Продуцент на филмот е Лазар Ристовски (Зилион Филм), а копродуценти се Роберт Насков (Партизанс) и Иван Малоча (Интер Филм). Директор на фотографија е Бојан Ракиќ, монтажер Петар Шумоња, сценограф Ирена Марјанов, костимограф Снежана Карл, маскер Нина Илиќ, композитор на оригиналната музика за филмот е Владимир Пејковиќ, а дизајнери на звук се Велибор Хајдуковиќ и Небојша Зориќ. Во постпродукцијата на звукот учествуваше и нашиот Игор Поповски.
Главните улоги ги толкуваат Невена Неранџиќ и Радован Вујовиќ, Аница Добра, Даница Ристовски, Зоран Цвијановиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Анита Огњановиќ и Јован Белобрковиќ, како и пет исклучителни актери од регионот: нашата Сара Климоска, Стојан Матавуљ и Хана Јапунџиќ од Хрватска, Факета Салихбеговиќ-Авдагиќ од Босна и Херцеговина и Петар Новаковиќ од Црна Гора.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и ќе се прикажува на редовен репертоар на киното Синеплекс од 19.02.2026 година како и низ кината во Македонија.
Култура
Комеморација за актерката Ленче Делова во Драмски театар Скопје
Драмски театар Скопје информира дека комеморацијата за актерката Ленче Делова ќе се одржи на 19 февруари (четврток) во 10 часот во Драмски.
Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите достоинствено со збор, сеќавење, фотографија и снимка ќе се потсетат на кариерата на македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова.
Во 1970 година, се вработила во Драмски театар Скопје каде била професионално ангажирана сѐ до нејзиното пензионирање во 2013 година.
Ленче Делова почина на 15 февруари на 77 годишна возраст.
Култура
Со проекцијата на „Романот за Џим“ почнуваат редовни месечни кино средби на француски филмови
Францускиот институт во Скопје известува за првото издание на месечните „Кино средби” во Кинотека, каде што ќе се прикажуваат современи француски филмови како и големи класици на француската кинематографија.
Овие кино средби започнуваат со проекцијата на „Романот за Џим“ (2024), од Арно Ларје и Жан-Мари Ларје, со Карим Леклу, Летиција Дош и Сара Жиродо, в четврток, 19 февруари 2026, 20:00 часот, Кинотека.
Премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Кан 2024, филмот беше номиниран за наградите Lumières de la presse étrangère за најдобар филм и најдобар актер, а Карим Леклу доби Цезар за најдобар актер 2025.

