Култура
Почнуваат 47те Рацинови средби

Со положување на цвеќе на спомен костурницата во Велес вечерва започнуваат 47те по ред Рацинови средби.
Со положување на цвеќе на спомен костурницата во Велес вечерва започнуваат 47те по ред Рацинови средби.
Годинава, поетесата Светлана Христова Јоциќ, ќе ја одржи поздравната реч, пред споменикот на Коста Солев Рацин, во центарот на градот.
Манифестација ќе продолжи во Ликовниот салон каде ќе се случи промоција на книгата „Реквием за Рацин„ од академик Матеја Матевски. Неа ќе ја промовира Раде Силјан, претседател на Друштвото на писатели на Македонија. Присутните ќе имаат можност да ја видат изложбата на грнчарски предмети создадени лани, на манифестацијата. Годинашниве средби свечено ќе бидат отворени со поздравното обраќање на градоначалникот на Велес Горан Петров во салата „Бели мугри“.
Беседа за Рацин ќе одржи писателот Ефтим Клетников, по што ќе биде интерпретирана домашна и странска поезија.
Завршната манифестација „Куќа цел свет братски ми е“ е закажана во петок во Младинскиот парк.
Ќе бидат претставени портретите на годинашните добитници на Рациновото и Почесното Рациново признание за 2010 година. На свеченоста на добитниците Жана Ангеловска и Бранислав Ташковски ќе им бидат врачени признанијата.
Кочо Рацин е роден во Велес на 22 декември 1908 година, а животот трагично го загубил на 13 јуни 1943 во Лопушник, Кичевско.
Тој бил македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература.
Покрај со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и литературната критика./крај/лисица/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Фотографија со други очи: Завршна изложба на регионалниот проект „Out of Frame“ во Музеј на град Скопје

На 27 јуни во петок, во 19 часот, публиката во Скопје ја очекува посебно уметничко доживување: свечено отворање на мултимедијалната изложба „РЕ-КРЕАЦИЈА НА ВИДОТ“: Да ги погледнеме фотографиите со други очи во изложбениот простор на Музејот на град Скопје. На изложбата ќе бидат претставени фотографиите на младите фотографи од Србија, Црна Гора и Северна Македонија, кои беа создадени во текот на повеќемесечно работење, учење и заедничко истражување на фотографијата и современиот поглед на свет.
На свеченото отворање ќе присуствуваат партнерите и менторите од целиот регион -Славица Христова, кустос од Музејот на град Скопје, Александра Ристовска, фотографка и деканка на Факултетот за визуелни уметности на International Balkan University, Сашо Алушевски, директор на фестивалот ЗРНО од Скопје, Владимир Јовановски, директор на фестивалот Малински од Куманово, Звездан Манчиќ, директор на фестивалот VIZUALIZATOR од Белград и Далибор Шеваљевиќ, директор на фестивалот Tivat Photo Days од Црна Гора.
Изложбата претставува големо финале на пионерскиот регионален проект Out of Frame: Promoting New Perspectives Through Photography, подржан од British Council, а кој во изминатите десет месеци беше воден од Центарот за развој на фотографијата од Белград, со партнерите од Црна Гора – организација Fluid Drum и со подршка на Музејот на град Скопје. Проектот се реализира во рамките на програмата Culture and Creativity for Western Balkans (CC4WB). Проектот Culture and Creativity for Western Balkans (CC4WB), е финансиран од страна на Европската унија. Преоектот се реализира во рамките на прогамата насочена кон поттикнување на дијалогот на Западен Балкан, преку јакнење на културните и креативните сектори и засилување на социо-економското влијание.
Изложбата во Музејот на град Скопје ја заокружува работата на младите фотографи од Србија, Црна Гора и Северна Македонија, кои во изминатиот месец поминаа низ интензивна менторска работилница, под водство на истакнати автори и педагози. Работата на младите автори од Северна Македонија за прв пат ќе биде претствена на јавноста, заедно со работата на авторите од регионот. Во центар на вниманието се наоѓаат младите гласови и новите авторски погледи, кои низ објективот проговоруваат за секојдневието, идентитетите и просторот кој ги обликува. Во време во кое вистината се потешко се пронаоѓа меѓу сликите, Al aлатите, младите автори нудат автентичен и личен поглед ослободен од клишеа и конвенции.
Изложбата во Скопје следува по успешните изложби во рамките на београдскиот фестивал VIZUALIZATOR и Tivat Photo Days во Црна Гора. Секако, ова не е крај, туку напротив почеток – преку пионерскиот проект Out of Frame поставени се темелите на нова регионална мрежа на фотографи, ментори и фестивали на фотографија на
Западен Балкан, со кои ќе се продолжи развивање на соработка и истакнување на млади автори. Настанот ќе биде збогатен и со претставување на дигитална платформа за млади таленти, со што дополнително се отвараат вратите за размена помеѓу фотографската сцена во регионот.
Култура
„Центарска симфонија“ – в сабота концерт на отворено со филмска музика, Тарабунов е специјален гостин

„Центарска симфонија“, – концерт посветен на најубавата филмска музика, изведена во живо од камерен оркестар и бенд, со специјален гостин музичката ѕвезда Александар Тарабунов.
Концертот ќе се одржи оваа сабота (28 јуни 2025) со почеток во 20:00 часот, на плочникот кај Градски ѕид (Клуб на новинари).
„Центарска симфонија е музичко патување низ емоции, спомени и современи интерпретации во Центар, во срцето на Скопје. Ќе слушаме македонска и светска филмска музика во ново, моќно симфониско руво. Со настани како ‘Центарска симфонија’ ја збогатуваме културната понуда на Општина Центар и ја доближуваме уметноста до секој граѓанин. Горди сме што инвестираме во култура која ги поврзува генерациите и ја разубавува заедничката слика за животот во Центар“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Концертот е бесплатен за граѓаните и е дел од културната програма на Општина Центар, која годинава носи повеќе настани.
„Ве поканувам на 28 јуни на ‘Центарска симфонија’, ќе пееме филмска музика и за првпат ќе имате можност да ја слушнете мојата најнова песна „Заедно“ со симфониски оркестар. Дојдете да пееме заедно и да уживаме таа вечер”, порачува Тарабунов.
Култура
Почнува седмото издание на филмската ревија „Златна рамка“

Од 26. до 28. јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.
Иницирана како дел од стратешката програма за афирмација на филмската уметност и поддршка на домашната продукција, филмската ревија „Златна рамка“ се етаблира како еден од клучните настани во македонската културна сцена. Со своето седмо издание, ревијата ја продолжува својата мисија – да ја претстави актуелната продукција транспарентно и критички, да ја доближи до домашната публика и медиумите, како и да придонесе кон унапредувањето и квалитетот на македонската кинематографија преку стимулирање на продукциската и креативната динамика во индустријата.
„Златна Рамка“, покрај тоа што е филмска ревија, претставува и платформа за професионален дијалог, каде филмските автори, продуценти и актери дискутираат за релевантни прашања, ги споделуваат своите достигнувања и остваруваат соработки.
Особено значајно е што овогодинешното издание на „Златна рамка“ се совпаѓа со јубилејот – 75. години од основањето на Друштвото на филмски работници на Македонија – здружение што има витално значење за развојот и заштитата на македонската кинематографија од нејзините почетоци до денес. Од своето основање, ДФРМ претставува глас и поткрепа за сите професионалци во домашната филмска индустрија.
„Златна рамка“ ја симболизира основната кинематографска единица, рамката, и на симболичен начин ги обединува творештвото, критиката, традицијата и современоста во македонскиот филм. Со секое ново издание, ревијата ја афирмира својата важност како двигател на културен дијалог што ги надминува жанровските, лингвистичките и културните граници.
Во рамки на тридневната програма, присутните може да очекуваат да уживаат во програма со различни долгометражни филмови, кратки и документарни филмови од најновата македонска филмска продукција.
ПРОГРАМА
Краткометражни филмови:
На 26 јуни со почеток во 18 часот ќе бидат прикажани пет кратки филмови. На програмата се остварувања на режисерите: Елеонора Венинова, Халим Лута, Надежда Панов, Трифун Ситниковски и Васил Христов.
Долгометражни филмови:
27 јуни, 20:30 часот: “Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, во продукција на “Трис Филмс“.
28 јуни, 20:00 часот: “Најтешкото нешто“ во режија на Сердар Акар, во продукција на “Сектор филм“.
Документарна програма:
27 јуни, 19:00 часот: “Време на бетон“ во режија на Игор Иванов, во продукција на “Скопје Филм Студио“.
28 јуни, 18:00 часот: “Богатство“ во режија на Арсим Фазлија, “Сејви Продукција“.
Дополнително, на 28 јуни, како дел од социјалната програма ќе се одржи и специјална проекција на „Најтешкото нешто“ во Домот за стари лица “Мајка Тереза“ за публиката која не може да го посети киното “Фросина“.