Контакт

Култура

Завршија 47-мите Рацинови средби

Објавено пред

Рациовите средби, кои се одржуваа по 47-ми пат завршија синоќа во Велес, со доделување на наградата „Рационово признание“ и почесната награда

dobivaj vesti na viber

Рациовите средби, кои се одржуваа по 47-ми пат завршија синоќа во Велес, со доделување на наградата „Рационово признание“ и почесната награда.

Писателот Братислав Ташковски ја прими наградата Рациново признание од градоначалникот на Велес Горан Петров. Ташковски наградата ја доби за романот „Кафез од гревови“ или втората приказна од неговата трилогија „Македоника“.

„Јас сум многу среќен што е наградена со ова големо, поточно национално признание. Тоа е голема сатисфакција за секој автор. Името на Рацин е еден од фундаментите на нашата историја, книжевност и јазик и да се добие една таква награда претставува голема чест“, рече Братислав Ташковски.

Афирмацијата на македонскиот јазик, книжевност и култура во Франција се причина што наградата Почесно Рациново признание и е доделена на Жана Ангеловска. Наградата за пензионираната професорка по француски јазик и книжевност претставува обврска за нови истражувања и преводи од македонски на француски јазик.

„Оваа награда ќе претставува обврска, се чувствувам  многу поодговорна и бидејќи сега сум пензиониран професор ќе истражувам повеќе за да се обидам уште повеќе да ја афирмирам македонската книжевност во Франција. Јас му се дивам на Рацин затоа што знам колкава беше неговата борба во тие времиња како интелектуалец и мислител, човек што се борел за луѓето околу себе“, рече Жана Анѓеловска.

Велешани со Рацин живеат веќе 67 години од денот кога престана да чука неговото срце. Тој е длабоко врежан во меморијата на секој жител од овој каменест но,  слободарски град.

Во чест на наградените, годинешните Рацинови средби, завршија со концерт на македонска народна песна на Сузана Спасовска и оркестарот на Тодор Трајчевски. Утре велешани заедно со поети и почитувачи на Рацин ќе го посетат Лопушник, местото каде поетот загина, пред 67 години. /крај/лисица/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Концерти и претстави во втората недела на „Скопско лето“

Објавено пред

Од

„Скопско лето“ продолжува оваа недела со неколку концерти и претстави на различни локации.

dobivaj vesti na viber

Денеска ќе се одржи јубилеен концерт на „Баклава“ со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан.

Групата „Баклава“ слави две децении музичко творештво со специјален концерт на „Скопско лето“. Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, Баклава ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера.

На концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албумски изданија: „Баклава“, „Калемар“, „Ме манкас мучо“, „IV“ и „За Скопје со љубов“ – како музичко патување низ љубовта, традицијата и урбаниот ритам.

Влезницaта по цена од 500 денари, ќе се продава на влезот на Куршумли ан, пред почетокот на настанот.

На 24.06.2025г. (вторник) има три настани на фестивалот „Скопско лето 2025“.

Со почеток во 18:00 часот во Драмски Театар ќе се одигра театарската претстава „Гидионовиот јазол“. Билетите се во продажба на karti.com.mk

Со почеток во 20:00 часот во Младинскиот културен центар ќе се одигра театарската претстава „Добри луѓе“. Билети: bileti.mkc.mk или на билетарницата од МКЦ Скопје.

Со почеток во 20:30 часот во Музеј на македонската борба за самостојност ќе се одржи пијано рецитал на Горјана Стојановска. На програмата ќе бидат изведени дела од Ј.С. Бах, Шуберт, Лист, Чајковски, Володос, С. Рахмањинов и А. Скријабин. Билетите ќе се продаваат пред почетокот на настанот, на влезот на салата во Музејот на македонската борба за самостојност по цена од 300 денари.

На 25.06.2025г. (среда) ќе се одигра детска театарска претстава „Куќа на духовите“ со почеток во 19:00 часот во Театар за деца и младинци. Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Исто така во среда, ансамблот Арт Нет (Србија) во Музејот на македонската борба за самостојност ќе ја претстави концертната изведба на првото сценско дело на Џакомо Пучини – Le Villi, со либрето на Фердинандо Фонтана.  Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари, кои ќе се продаваат пред почетокот на настанот пред влезот на салата во Музејот на македонската борба за самостојност.

На 26.06.2025г. (четврток) со почеток во 20:30 часот во Сули ан Ансамблот Консонанс ќе одржи музичка приказна „Песна за жирафата“. Во оваа музичка приказна преку приказна и интеракција, децата ќе можат да се заапознаат со музиката од периодот на класицизмот и да ги слушнат аранжманите напишани специјално за овој концерт, кои нè едуцираат за познатата музика на Ф. Ј. Хајдн изведена од квинтет сочинет од следниве инструменти: виолина, флејта, англиски рог, кларинет и бас кларинет. Сите овие инструменти се солистички инструменти кои можат да настапуваат и сами, но најчесто се употребувани во поголеми ансамбли, во голем симфониски оркестар, оперска и балетска музика.

Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари (родител+дете), кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на Сули ан.

На 27.06.2025г. (петок) со почеток во 20:30ч. во Сули ан ќе се одржи детска театарска претстава „Во царството на другарството“ во продукација на Театар „Хит“ – Скопје.

Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари, кои ќе се продаваат пред почетокот на настанот, на влезот на Сули ан.

Исто така, на 27.06.2025г. (петок) со почеток во 20:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи концерт насловен „Звуците на љубовта низ италијанскиот романтизам“ на Марија Ташевска (сопран) и Анастасија Кочева (пијано).

Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари, кои ќе се продаваат пред почетокот на настанот на влезот на салата во Музејот на македонската борба за самостојност.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на балетот „Госпоѓа Бовари“ на 25 јуни – примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска одбележува 25 години уметничка дејност

Објавено пред

Од

На 25 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет, ќе се одржи премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Г. Флобер.

dobivaj vesti na viber

Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска која со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег во историјата на македонскиот балет.

Втората изведба на балетот е закажана за 27 јуни, 20.00 часот.

Ова балетско дело, поставено во два чина ја раскажува драмата на женската душа, копнежот по страст, слобода и трагичниот судир со општествените норми.

Диригент е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизност и современ израз го доловува духот на 19 век, додека музичката подлога е составена од дела на К. Сен-Санс, М. Равел, Ж. Масне, Ф. Менделсон и Г. Ф. Хендл, сценографијата и костимографијата се на Андреј Злобин и Гана Ипатиева од Украина, светло дизајн, Милчо Александров, а концерт-мајстор е Климент Тодороски, генерален менаџер на проектот: Киро Павлов.

Особено значајно е што оваа премиера е посветена на Марија Кичевска Шокаровска, која со својата уметничка кариера остави неизбришлив печат во историјата на македонскиот балет.Таа ќе ја толкува главната улога на Ема Бовари, во останатите улоги ќе настапат, Франциско Хименез Руиз (Шарл Бовари), Балаж Лочеи (Рудолф Буланже), Дмитро Чеботар (Трговецот Лере) и Ендру Кук (аптекар) заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Прикажи повеќе...

Култура

Бесплатен концерт под отворено небо „Од MOБ за Скопје“

Објавено пред

Од

На 5 јули, 2025 во 21 часот, ќе се одржи гала концертот „Од MOБ за Скопје“ на платото пред Националната опера и балет.

dobivaj vesti na viber

Концертот ќе се одржи по повод 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.

Настанот е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1, но регистрацијата е задолжителна.

„Единствена можност да уживате во врвна музика под отворено небо, во срцето на Скопје. Под диригентство на маестро Винценц Праксмарер, културно поврзување помеѓу Виена и Скопје!“, велат од МОВ.

Регистрирација на линкот:  https://t.ly/OdMobZaSkopje0507.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Најмалку пет жртви во руски напад врз Киев, луѓето се кријат во метро станици, нападнати станбени објекти

Пет лица загинаа во синоќешните напади на Русија врз Киев со беспилотни летала и ракети. Повредени се десетици луѓе, а...

Свет2 часа

Трамп: Тотално уништување на иранските нуклеарни објекти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали ефектот од американските напади врз иранските нуклеарни објекти, иако според прелиминарните извештаи се...

Свет3 часа

Стејт департментот издаде глобално предупредување за Американците

По нападите на САД врз Иран, на граѓаните на САД ширум светот им се препорачува зголемена претпазливост. Стејт департментот издаде...

Свет3 часа

Се огласи врховниот лидер на Иран: Ционистичкиот непријател направи голема грешка, мора да биде казнет

Додека светот ја чека најавената иранска одмазда за нападите на САД врз нуклеарните постројки, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али...

Македонија3 часа

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа викендов одлучи да ја напушти коалицијата со...

Македонија3 часа

Нефункционални лифтови и проблеми со топла вода во домовите, алармираат студентите

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и...

Топ18 часа

Скопјанец ја истепал 4-годишната ќерка кога се качила на креветот за да ги земе играчките, има набиеница на главата, се бара притвор

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување телесна повреда врз четиригодишната ќерка. Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради...

Свет19 часа

Иран: Ние претрпевме штета, но нашето нуклеарно знаење не може да биде уништено

По американските напади во неделата, Иран смета дека неговото знаење во нуклеарната технологија не може да биде уништено. „Треба да...

Македонија20 часа

Единаесет македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив, небото над Израел денес е затворено

По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и...

Македонија23 часа

12 отсто од вработените на Клинички ќе паркираат на пет минути пеш за да им се олесни пристапот на пациентите, најави Алиу

Триста вработени од вкупно 2.500 на Клиничкиот центар Мајка Тереза од 1 јули ќе можат да ги паркираат своите возила...

Топ1 ден

Хаос во хотел во Лазарополе: скопјанец фрлал предмети и нападнал сограѓанин

Дваесет и деветгодишен скопјанец, К.Ж. е приведен по инцидент што се случил синоќа во хотел во Лазарополе. Според информациите од...

Македонија1 ден

Инжинери на Македонија: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки....

Свет1 ден

САД го нападнаа Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц...

Македонија2 дена

Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе...

Топ2 дена

Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор во Бутел, ползејќи и губејќи свест стигнала до дворот да повика помош

Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја...

Македонија2 дена

ЗНАМ очекува до крајот на месецот да ги заврши преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за взаемна поддршка на некои кандидати за градоначалници

ЗНАМ на локлните избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници, а со ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија2 дена

Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага

Обвинителството покрена истрага за помагање за З.Д., вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше...

Македонија2 дена

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Група млади активисти и уметници под менторство на програмата за креативен активизам на Центарот за современи уметности реализираа впечатлива и...

Македонија2 дена

Вештачката интелигенција постепено ќе навлезе во училиштата во Македонија, Јаневска подготвува документ со насоки

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го...