Култура
Денови на руската духовна култура во Македонија

Македонската јавност во наредните три дена ќе има можност да се запознае со богатата и повеќеслојна духовна култура на Русија.
Македонската јавност во наредните три дена ќе има можност да се запознае со богатата и повеќеслојна духовна култура на Русија.Во рамките на Деновите на руската духовна култура кои ќе се одржуваат од денеска до 17-ти септември, македонската публика ќе може да проследи: концерт на Московскиот синодски хор (15 септември, 19 часот, Соборен храм „Свети Климент Охридски“), гала-концерт на балетски солисти од Русија (16 септември, 20 часот, Македонска опера и балет) и концерт на триото „Реликт“ (17 септември, 19 часот, Музеј на град Скопје), соопштуваат од Министерството за култура.Влезот за културните настани во рамките на Деновите на руската духовна култура во Скопје е бесплатен./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби
Изложба „Слобода?!“ – заедничка изложба на македонски и бугарски ликовни уметници во Ловеч

Во организација на КИЦ на Македонија во Софија и Уметничката галерија „Проф. Теофан Сокеров“ за прв пат во град Ловеч ќе биде претставен проектот „Поврзување“ и изложбата „Слобода?!“ која е дел од него. Оваа групна изложба на 15 современи македонски и бугарски ликовни уметници претходно имаше своја успешна премиера во Созопол. Од 30 јуни (четврток) 2022, со почеток од 18:00 часот, веќе организаторите и авторите ќе се радуваат и на контактот со публиката во Ловеч.
Со ова гостување се продолжува реализирањето на целта на проектот, поддржан од Министерството за култура на РСМ, да бидат претставени новосоздадени ликовни дела на современите уметници, како и да се поврзат ликовните сцени од двете земји.
Во составот на изложбата се делата на уметниците од неформалната група Конекција, кои се од Северна Македонија, но живеат и работат во Софија, Бугарија: Перица Георгиев – Пепси (Скопје), Марјана Иванова (Виница), Зоран Мише (Охрид), Иво Пецов (Виница), Павел Целкоски (Охрид) и Марјан Ѕингаров (Струмица).
Тука се делата и на ликовните уметници и професори од факултетите за ликовна уметност во Северна Македонија: Беди Ибрахим (Скопје, ФЛУ), Јован Шумковски (Скопје, ФЛУ), Катерина Деспот (Штип, УГД) и Срѓан Микиќ (Скопје, IBU).
Со своите македонски колеги изложуваат и бугарските ликовни уметници и професори од Националната Ликовна Академија во Софија: Георги Јанков, Нина Русева, Свилен Стефанов и Васил Колев. Свое учество има и уметницата Марија Алексиева од Бургас.
Во изложбата најзастапени се сликарските дела. Се среќаваат различни техники и авторски искази кои кореспондираат со зададената тематска насока. Од користење на различни форми на комбинација на сликарските техники до еднородна сликарска техника во конвенционален вид. Употребуваните сликарски материјали се движат во широк дијапазон, со употреба на маслени и акрилни бои, молив, креда, пастел, апликација на дополнителни материјали кон основата која може да е хартија, платно или МДФ. Со сликарски дела се претставуваат Беди Ибрахим, Катерина Деспот, Марија Алексиева, Марјан Ѕингаров, Нина Русева, Перица Георгиев – Пепси и Свилен Стефанов.
Графиката е претставена во најголем дел со класичните графички техники – висок и длабок печат, како: линорез, мецотинта, акватинта, бакропис, сува игла, како и комбинации меѓу некои од нив, а исто така е застапен во помал дел и дигиталниот печат. Со свои графички дела учествуваат уметниците Срѓан Микиќ, Павел Целкоски, Васил Колев, Зоран Мише и Иво Пецов.
Плакатната уметност е претставена со делата на двајца од авторите. Со користење на компјутерските можности за дизајн и дигитален печат, како и со умешноста во областа на визуелната комуникација се претставуваат авторите Георги Јанков и Маријана Иванова.
Од вкупно 40 дела кои ја составуваат изложбата 3 се фотографии од концептуални дела на македонскиот уметник Јован Шумковски, кои сами по себе претставуваат посебна ликовна единица.
Изложбата е составена од авторските наслови како: „Птици“, „Право или праведност“, „Реквием“, „Ослободително средство“, „Изохипси од Африка“, „Храбар нов свет“, „1984“, „Приказната на слугинката“, „Цикада“, „Реминисценции“, „Пејзаж“, „Почеток“, „Крај“, „Каде одиш?“, „Слободата, портал кон вистината“, „И во огнот штом ќе запролети“, „20 години матура“, „Артефакт“, „Фраер“, „Три нејасни објекти“, „Светлосна патека“, „Нејасна лекција по геометриска апстракција“, „Проникнување“, „Летен ручек“, „Копчето на длабокото езеро“, „Тотем – нескршлив дух“ и „R = 1: 2 и 1 : 200“.
Култура
Џез-вечер на Клод Болинг со Toot Quartet во Салонот 19:19

На 1 јули во 19.19 часот во Салонот 19:19 ќе се одржи џез-вечер на Клод Болинг со Toot Quartet.
Toot quartet концертира од 2020 година и настапиле во домовите на културата во Ѓорче Петров и во Кисела Вода во Скопје, во Кавадарци, Струмица и во Неготино.
Toot Quartet: Стојанче Косовски – труба; Емилија Кабранова-Филипова – пијано; Зоран Павлоски – контрабас; Филип Шурбевски – тапани.
Клод Болинг, роден на 10 април 1930 година, е француски џез-пијанист, композитор, аранжер и повремено извeдувач.
Роден е во Кан, студирал на Конзерваториумот на Ница, а потоа во Париз. Детски генијалец, на 14 години професионално свири џез-пијано.
Тој има големи заслуги за традиционалното заживување на џезот кон крајот на 60-тите и се дружел со Оскар Петерсон. Пишува музика за 75 филма, 44 музики за телевизиски серии, музика за Биг бендот, 11 композиции во кросовер-стил за пијано, флејта, виолончело, труба, виолина, гитара, саксофон, кои се микс од популарна, џез, класична музика.
Култура
„Балкан гала 2022“- најпопуларните проекти на Камерниот оркестар на Битола

Речиси една деценија како Камерниот оркестар настапува со своите проекти во Македонија на речиси сите фестивали, но и на најголемите фестивали во целиот Балкан. „Балкан гала“ е производ на природното созревање на најпопуларните проекти на Камерниот оркестар на Битола, велат од таму.
Самостојниот концерт „Рок-симфонија“ во „Комбанк арената“ (Дом синдиката) во 2019 година во Белград, во српските медиуми е карактеризиран како еден од најдобрите рок-концерти во последните неколку години.
Публиката секоја година во сè поголем број ги посетува настаните на КОБ, што во суштина е и причина за создавањето на „Балкан гала“, кој полека прераснува во традиционален настан што се одржува секоја година, кој со секое издание ги проширува границите за артистите што гостуваат, појаснува органзиаторот.
„Балкан гала“ е фестивал со содржина и форма што го привлекува вниманието на пошироката публика.
Содржината и формата на фестивалот овозможуваат посетителите да ќијат и да видат поголем број артисти во една вечер, односно две вечери, колку што трае фестивалот.
Оваа година почнуваме на 6 јули со рок-симфонија, со почеток од 20.30 часот, соопштија организаторите.
На првата вечер, РОК-СИМФОНИЈА, ќе настапат реномирани имиња и артисти, како Ристо Вртев, Гиле („Електрични оргазам“), Ружица („Ареа“), Пеце („Суперхикс“) и добропознатите и редовни гости на „Рок-симфонијата“ на КОБ – Михајло Трајковски-Сак и Жарко Јакимоски.
Покрај домашните и балканските артисти, на сцената на „Балкан гала“ на 6 јули ќе настапат и интернационални артисти по завршувањето на „Рок-симфонијата“, со почеток од 23 часот, на наше огромно задоволство го имаме британскиот Дј Darren Emerson (ексфронтменот на легендарниот состав Underworld) и Goran Kan и Herzel од Македонија.
На втората вечер, ПОП-СИМФОНИЈА, ќе настапат домашни и странски артисти, кои домашната публика немала можност често да ги гледа на нашата сцена, а сега ќе може да ужива во нивните настапи заедно со Камерниот оркестар на сцената на „Балкан гала“, под диригентската палка на маестро Владимир Димовски. На „Поп-симфонијата“ ќе имате можност да уживате во настапите на Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Виктор Апостоловски, соопштија од таму.