Контакт

Култура

Почина Петер Цадек – еден од највлијателните театарски режисери

Објавено пред

Еден од највлијателните германски театарски режисери, Перетер Цадек, почина вчеравечер во Виена, на 84-годишна возраст, соопштија организаторите на Недела на виенски фестивали

dobivaj vesti na viber

Цадек е роден 1926 година во еврејско семејство. Во 1933 година емигрираат во Велика Британија кога Хитлер доаѓа на власт. Се враќа во Берлин во 1958 година. Неговите оригинални претстави станаа синоним за германскиот театар, а поставките на „Иванов“ и „Вишновата градина“ од Чехов го направија легенда на светската театарска сцена. Познат е и по одличните интерпретации на германски на Шекспировите дела. Во периодот 1985-1989 Цадек бил на чело на Германскиот театар од Хамбург, а од 1992 до 1994 бил член на управата на театарот Берлинер ансамбл. Последната поставка на Цадек е „Големата Барбара“ според Бернард Шо, одиграна во Schauspielhaus во Цирих во февруари оваа година.

Поинаква изведба на „The Doors“ во режија на Цадек

Култура

„Одење пеш“, во режија на Тамара Котевска, ги отвора престижниот филмски фестивал во Токио и фестивалот за документарен филм „Фолкстон“ во Англија

Објавено пред

The Walk („Одење пеш“) свечено ќе отвори два престижни светски филмски фестивала, фестивалот во Токио, Јапонија, и Фестивалот на документарен филм во Фолкстон, Англија. Светската турнеја на најновиот документарен филм на Тамара Котевска: „Одење пеш“ продолжува во 5 светски мегалополиси: покрај Токио и Фолкстон, филмот е во официјална селекција во Лос Анџелес, Лондон и Париз. Се најавува домашна и јапонска дистрибуција на филмот.

dobivaj vesti na viber

Отварањето токму на фестивалот во Фолкстон претставува огромна чест за Тамара Котевска и англиските продуценти GRAIN MEDIA бидејќи патувањето на сириското дете бегалче Амал во Англија почна токму од овој град, каде што бегалците преминуваат од Франција преку Ла Манш во Англија и токму тука се судираат со најжестокиот отпор на англиската полиција. Организаторите на фестивалот изјавуваат дека отварањето на Фестивалот за документарен филм во Фолкстон токму со „Одење пеш“ е покажување пркос на англиските радикалци и обид повторно да се сврти вниманието на жителите на овој приморски град кон еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат во своето секојдневие.

Веднаш по премиерата во Англија, „Одење пеш“ патува на фестивалот Le Grand Bivouac, кој се одржува во Абервил (североисточен регион на Париз), Франција. Овој фестивал е со фокус на современите индивидуални и колективни општествени проблеми, а „Одење пеш“ e во официјална селекција и ќе биде прикажан вечерта на 21 октомври 2024.

Ноемвриската тура на фестивали за „Одење пеш“ ќе биде одбележана со свечено отварање на International Refugee Film Festival Tokyo 2024 на 7 ноември. Режисерката Тамара Котевска изјавува дека да се отвори интернационален фестивал во Токио токму со нејзин документарен филм е еден од најубавите комплименти што ги добила токму поради тоа што уникатниот креативен израз и идентитет на филмот одекнува толку далеку и допира една толку поинаква култура од европската, која очигледно јасно го препознава квалитетот на филмот. Оваа свечена премиера ќе го најави и почетокот на јапонската дистрибуција на филмот.

Учеството на толку многу светски  фестивали е почесна потврда за квалитетот и релевантноста на филмот, но Котевска е особено задоволна дека се случува токму дистрибуција на филмот во толку далечни култури во светот. Тоа е она што го запечатува успехот на филмот гарантирајќи му огромна гледаност на широка публика надвор од фестивалските настани.

Веднаш по Токио, „Одење пеш“ ќе биде истовремено прикажан во двата мегалополиси: Лондон и Лос Анџелес. Во Лондон ќе биде дел од 12-тото издание на European Psychoanalytic Film Festival на 16 ноември 2024.

New Filmmakers Los Angeles Film Festival ќе се одржи од 14 до 17 ноември и во фокус се млади автори, кои настапуваат со својот прв или втор филм.

„Одење пеш“ изминатата година ја имаше светската премиера на престижниот интернационален фестивал за документарни филмови во Њујорк, DOC NYC, европската премиера на GENEVA INTERNATIONAL FILM FESTIVAL OF HUMAN RIGHTS во Женева, по што имаше 5 проекции на престижниот фестивал за документарни филмови во Копенхаген, CPH DOX, а Котевска во чест на филмот беше повикана да одржи свечен говор на Венецискиот филмски фестивал 2023. Филмот имаше преполна македонска премиера на затворањето на домашниот фестивал за документарни филмови „Македокс“ по што композиторот Дуке Бојаџиев одржа моќен концерт од музиката на „Одење пеш“, која тој ја компонира.

Режисерката и сценаристка Тамара Котевска продолжува активно да биде еден од најпрепознатливите амбасадори на македонската култура во светот. До сега како режисер и сценарист таа е една од ретките во нашата земја, која непрестано, страсно и активно работи во полето на документаристиката (кој е воедно една од најтешките форми на филмскиот израз). Но Котевска им пркоси на документарните ограничувања креирајќи моќен, уникатен и длабоко емоционален уметнички израз, бирајќи современи, релевантни социјални теми и предизвикувајќи промена на домашно и светско ниво. „Одење пеш“ e само најава на она што следува од оваа млада прогресивна авторка и во поглед на документарниот и во поглед на играниот филм.

Прикажи повеќе...

Култура

Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во импресивниот Виенски музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствуваше на отворањето на грандиозната изложба на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и исклучително значајни личности од културниот и од општествено-политичкиот живот на Австрија.

dobivaj vesti na viber

Овој голем настан е уникатен зашто за прв пат во овој музеј и во Виена се изложуваат над 60 дела од славниот сликар од 17 век, а се позајмени од многу институции од повеќе држави од светот. Станува збор за изложба на дела од Рембрант од перспектива на неговиот талентиран ученик Хогстратен.

На големиот настан присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Австрија, Освит Росоклија, а министерот Љутков оствари средба и со директорката на Музејот, Сабина Хаг. Изложбата се најавува како исклучителен настан за европската култура зашто изобилува со ретка меѓународна збирка на ремек-дела од Рембрант, дава увид во холандското барокно сликарство, но и ја осветлува поврзаноста меѓу Рембрант и Хогстратен вклопена во изложба надградена со виртуелната реалност.

Министерот Љутков вечер ќе присуствува на концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, кој гостува во „Ehrbar Saal“ во Виена.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на Камерниот оркестар на Националната опера и Балет во познатата „Ербар сал“ во Виена

Објавено пред

Камерниот оркестар на Националната опера и балет ќе одржи концерт во познатата „Ehrbar Saal“ (Почесна сала) во Виена, Австрија, на 8 октомври 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Овој исклучителен концерт претставува значаен момент за македонската култура и музика, нудејќи на меѓународната сцена дела од еминентни македонски композитори.

Под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, публиката ќе има можност да ужива во богатата музичка програма, во која, меѓу другото, ќе се изведуваат и композиции од Ристо Аврамовски, Благој Цанев, Драган Шуплевски и Дамир Имери.

Специјална гостинка на вечерта ќе биде истакнатата пијанистка Горјана Стојановска, чиј виртуозен настап дополнително ќе го збогати овој културен настан. Овој концерт претставува уникатна можност да се слушне македонската музика на едно од најпрестижните места во Виена, продолжувајќи ја традицијата на меѓукултурната размена и промоција на македонската уметност во светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ26 минути

Уапсен маж од Косово, се сомничи дека подметнал пожар во општина Тетово

Вчера во 20.15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот...

Македонија46 минути

(Видео) Владата на СДС и ДУИ ја заглави „Национални шуми“, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци, вели Петрушевски

„Владата на СДС и ДУИ ги има заглавено Национални шуми. Според Извештајот на ДЗР нема воспоставен попис на побарувања по...

Свет52 минути

(Видео) Метеоролог се расплака додека ја објаснуваше големината на ураганот Милтон: Ова, едноставно, е страшно

Ураганот Милтон брзо зајакна до категоријата пет додека се движи кон брегот на Мексиканскиот залив во САД, објави американскиот Национален...

Македонија2 часа

Очекувавме дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе праша за одземеното оружје од југословенската армија на средбата со српскиот премиер, вели партијата на Љубчо Георгиевски

„ВМРО-Народна партија беше во очекување и голема надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ која демонстрира достоинствена политика на исправена кичма...

Македонија3 часа

Ниски цени и недоволна транспарентност при продажба на државно градежно земјиште, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Недоволна транспарентност и ниски цени при продажбата на државно градежно земјиште“ кое открива...

Регион4 часа

(Видео) Протест во Албанија, луѓето фрлаа „молотови коктели“, полицијата солзавец

Вчера илјадници демонстранти излегоа на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, за да протестираат против владата. Демонстрантите го повикаа...

Економија4 часа

Министерката Димитриеска-Кочоска во Унгарија, ќе го потпише договорот за заем од 500 милиони евра

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска престојува во работна посета на Република Унгарија, каде во име на Владата ќе потпише...

Свет5 часа

(Видео) Ловците на урагани направија снимка од смртоносната бура што ѝ се заканува на Флорида

Застрашувачката снимка е објавена на мрежите, а на неа се гледаат т.н. ловци на урагани, кои летаат веднаш до разорниот...

Свет6 часа

Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги забрза чекорите за да стане нуклеарна суперсила

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе ги забрза чекорите за да стане воена суперсила со нуклеарно...

Скопје19 часа

„Ако сакате да си правите маркетинг, да си се вработите во маркетинг агенција, а не во МВР, треба да ви е срам“, порача Јакимовски и најави кривична за лажно пријавување

На денешната прес конференција, градоначалникот Јакимовски повторно го образложи проблемот со кој Општината се соочува наназад неколку дена. Тој, пред...

Топ21 час

Штипјанка пронајде делови од човечко тело, претпоставува дека се на нејзината мајка

Вчера во 08.12 часот во СВР Штип, 55-годишната Б.К. од Штип пријавила дека на место викано „Суитлак“ во Штип пронашла...

Македонија22 часа

Арбен бегај, ослободи ги Албанците и сите други, не ги носи на душа, велат од ДУИ за смртта на 14-месечното дете

Од почетокот на работата на оваа Влада, ние како ДУИ ги искажавме нашите забелешки и загрижености во однос на планот...

Македонија22 часа

Курти примен како обичен гостин, а Вучевиќ со највисоки почести, братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада, велат од Алијансата за Албанците

Според Алијанса за Албанците, моноетничката власт денеска ја запечати ориентацијата и односите на државата со соседните земји. „Обидот да се...

Македонија22 часа

„Мепсо“: Во голема паника ДУИ вeќе почна да ги напаѓа кадрите на Зијадин Села

Јавната набавка за хортикултурно уредување е постапка што ја распишало и ја спровело претходното раководство на АД МЕПСО и наша...

Македонија23 часа

Најдоцна во јануари Јаневска ќе го распише тендерот од половина милијарда денари за учебници по странски јазици

По најавата дека учебници по странски јазици ќе има за сите ученицни, но од следната учебна година, министерката за образование...

Македонија24 часа

Вонредни инспекции на Детската клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручна комисија, формирана од министерот за здравство, од утрово прават увид во Универзитетската клиника...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски – Вучевиќ: Во овие турбулентни времиња неопходно е да бидеме заедно

„Денес, тука во Скопје имавме значајна и искрена средба со премиерот на Република Србија, господинот Милош Вучевиќ, истакна македонскиот премиер...

Македонија1 ден

ДУИ: Бурим Латифи од МЕПСО потроши 15.000 евра за купување цвеќе

Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на Бурим Латифи кој како директор на МЕПСО реализирал тендери за...

Свет1 ден

Орбан: Ќе им ги однесеме мигрантите во Брисел и ќе им ги оставиме пред канцелариите на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека доколку продолжи илегалната миграција во Европа, тој ќе ги однесе мигрантите во Брисел и...

Регион1 ден

„Заедно до крај“: беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица

Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи. Ситуацијата е тешка во неколку...