Култура
Заминувањето на филмскиот критичар

Омаж: Георги Василевски (1935-2009)
Во неделата (2 август) во Скопје почина еминентниот филмски критичар, публицист и теоретичар на филмот Георги Василевски. Роден во Гуменџе, Република Грција, Василевски ја започнал неговата критичарска дејност во шеесеттита години од минатиот век во тогашното Радио Скопје, а подоцна и во Телевизија Скопје (МРТВ), со повеќедецениски стаж на уредник на специјализираната емисија за филмската уметност, „Во фокусот на филмот“, каде што и се пензионираше. Неговите критички и естетски опсервации ги објавува во водечките филмски часописи во поранешна Југославија, учествува во приготвувањето на „Филмската енциклопедија“ на српско-хрватски јазик, а е и еден од иницијаторите и основачите на специјализираното филмско списание на македонски јазик „Кинопис“. Дел од неговите бројни естетичко-теоретски промислувања на филмот се поместени во делото „Времето на филмот“, а беше и предавач на Факултетот за драмски уметности и Европската филмска академија ЕСРА во Скопје. Сепак, круна на неговото богато творештво е капиталното четиритомно дело „Историја на филмот“, во издание на Кинотеката на Македонија. Ако се наведе фактот дека само петнаесетина земји во светот имаат објавено историја на светскиот филм од свој автор, тогаш неговото задолжување на македонскиот дел од светското филмско наследство е огромен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Отворен конкурс за традиционалните годишни награди на ДПМ

Друштвото на писатели на Македонија и овој декември го отвора Конкурсот за петте традиционални награди за најдобри книжевни остварувања во календарската година. Наградите „Стале Попов“ за проза, „Ацо Шопов“ за поезија, „Димитар Митрев“ за критика и есеј, „Ванчо Николески“ за книга за деца и наградата „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите, веќе со години се клучен репер за валоризација на годишната книжевна продукција кај нас. Право на учество на овој Конкурс имаат сите членови на ДПМ, кои до истекот на годината треба да достават по четири (4) примероци од своите новообјавени книги (во текот на 2019 г.) во посочените категории. Примероците може да ги достават во канцеларијата на ДПМ секој работен ден во периодот од 10 до 13 часот или по пошта на адресата: ДПМ, ул.„Максим Горки“ бр.18, 1000 Скопје.
За секоја од наградите ќе одлучуваат тричлени комисии составени од истакнати писатели со евидентно искуство во жанровските домени на кои тие се однесуваат. Наградите ќе бидат врачени на свеченоста по повод денот на ДПМ,13 февруари, следната 2020 година.
концерти
Концерт со ирскиот пијанист Бери Даглас во Филхармонијата

„Љубов за Клара“ е наслов на концертот на оркестарот на Филхармонијата, кој ќе се одржи в четврток, 12 декември, во 20 часот. Солист е фантастичниот ирски пијанист Бери Даглас, кој ќе го изведе романтичниот Концерт за пијано и оркестар оп. 54 од Роберт Шуман. На програмата се и Шпанско капричо оп. 34 од Николај Римски – Корсаков и Италијанско капричо оп. 45 од Петар Илич Чајковски. Диригент е Емил Табаков од Бугарија.
Бери Даглас е ирски пијанист, кој својата богата меѓународна кариера ја почнува во 1986 година кога го добива „Златниот медал“ на интернационалниот натпревар за пијано „Чајковски“ во Русија. Важи за оригинален пијанист со препознатлива лирика во изразот и автентичен пијанистички сензибилитет. Критичарите го нарекуваат титан на пијаното.
Даглас како солист настапува со врвни светски оркестри, а во последните неколку како уметнички директор на Камерата Ирска имаше имаше турнеи во Аргентина, Бразил, Австралија, Полска, Русија, САД, Британија, Италија, Јапонија… Освен со светските оркестри, Даглас настапува и како камерен музичар – свирел во „Ројал Алберт хол“, „Вигмор хол“, „Барбикан“… Ексклузивен уметник е на издавачката куќа „Чандос“ за која неодамна сними шест албуми со сите соло-дела за пијано од Јоханес Брамс.
Бери Даглас ќе го изведе емотивниот концерт за пијано и оркестар од Роберт Шуман, посветен на неговата жена и најголема љубов – Клара Шуман. Во 1837 година, три години пред да се земат, Шуман ѝ напишал писмо на Клара, во кое ги сумирал своите идеји за големо музичко дело за пијано (Концертот за пијано и оркестар оп. 54). „Тоа ќе биде компромис меѓу симфонија, концерт и голема соната“, напишал Шуман. Амбицијата на млад композитор е очигледна во ова дело, но ќе поминат дури 8 години додека не биде премиерно изведено ова дело. Концертот каков што го познаваме, во кој се чувствува среќа и романтичност од почетокот до крајот, премиерно е изведен во 1846 година. Го извела Клара Шуман.
На програмата е и „Шпанско капричо“ од Николај Римски – Корсаков, фантастична оркестарска композиција, која изобилува со разни музички бои, мелодиски дизајн и фигуративни матрици, кои се менуваат во секој инструмент.
Ќе прозвучи и „Италијанското капричо“ од П. И. Чајковски – инспирирано од патувањето на композиторот во Рим. Додека бил во Рим, ѝ пишал на својата пријателка Надежда фон Мек дека речиси ги финишира скиците за италијанската фантазија. Музички ова дело ја отсликува Италија онака како што ја видел Чајковски.
Маестро Емил Табаков од Бугарија, кој ќе го води концертот в четврток, е еден од најзначајните диригенти на овие простори. Образованието го завршува на Бугарската државна академија студирајќи контрабас на гудачкиот оддел, паралелно студира и дипломира на одделот за диригирање, а во 1978 година дипломира и на одделот на композиција. Една година пред тоа Табаков ја освојува првата награда на натпреварот за млади диригенти „Николај Малко“ во Копенхаген.
Покрај оркестрите во неговата родна Бугарија, како гостин диригент настапува со оркестри во Германија, Англија, Шведска, Полска, Франција, Италија, Русија, Шпанија, Романија, Австрија, Швајцарија, Данска, САД, Австралија, Канада, Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур, Тајван, Израел, Холандија… Маестро Табаков диригира и оперски спектакли, а на неговиот репертоар се наоѓаат многубројни симфониски оперски дела, од класичните, романтичните и од современите композитори. Досега реализирал повеќе од 250 симфониски и оперски записи за голем број музички куќи во Бугарија, Германија, Холандија, САД, а од нив се издвојуваат комплетните снимки на сите симфонии од Густав Малер (колекција од 15 цедеа), комплетни циклуси симфонии од Александар Скрјабин и од Јоханес Брамс, сите концерти за пијано и оркестар од Лудвиг ван Бетовен.
Изложби
Хуманитарна изложба „5 минути до 12“

Донаторската изложба, симболично со наслов „5 минути до 12“, во организација на Центарот за помош, поддршка и застапување притворени и осудени лица, а по повод Меѓународниот ден за заштита на човековите права (10 Декември) и Меѓународниот ден на УНИЦЕФ за заштита на децата (11 Декември), е од хуманитарен настан.
Стаува збор за изложба и продажба на уметнички слики, донирани од македонски сликари.
Паричните средства собрани од овој настан ќе бидат употребени за купување новогодишни подароци за деца чии родители се во притвор или на издржување казна затвор, но и за подобрување на условите во затворите.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци