Контакт

Култура

Утревечер свечено ќе биде откриена монументалната скулптура „Пајонска свештеничка“

Објавено пред

На платото пред Музејот на Македонија утревечер, 20 часот, свечено ќе биде претставена трииполметарската скулптура „Пајонска свештеничка“, изработена од музејскиот скулптор Сретко Јовановски

Скулптурата свечено ќе биде откриена од министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, а самиот настан ќе биде збогатен со танцов перформанс во кореографија на Рисима Рисимкин и музичка изведба на Драган Даутовски.Скулпторот Јовановски ја изработи оваа скулптура според гробот и накитот откриени на локалитетот Лисичин дол кај Исар Марвинци, а се водел според цртежите на археологот Страхил Темов. Самиот накит и‘ припаѓал на свештеничка од VIII-VII век п. н. е. Богатиот и ексклузивен наод на накит и други предмети за украсување е дел од колекцијата „Македонски бронзи“ во сопственост на Музејот на Македонија и претставува уникатно откритие од железното време во Македонија. Нејзината претстава во мала димензија во форма на статуетка, во изминативе неколку години беше презентирана во земјава и странство, во рамките на изложбата „Македонски бронзи“.Претставувањето на скулптурата е уште еден настан со кој културното богатство ќе се направи попристапно за јавноста, а преку ваков вид на реконструкции и визуелизации на значајни личности и настани од културниот живот, Музејот на Македонија излегува надвор од изложбениот начин на прикажување на пронајдените артефакти. „Пајонската свештеничка“ треба да се претвори во еден вид симбол на македонската археологија.

Култура

Филмови на Чарли Чаплин во летното кино на Кинотека

Објавено пред

Кинотеката од 17 јули (петок) со почеток во 21 часот почнува со прикажување филмови на Чарли Чаплин во летното кино под отворено небо.

„Со десет наслови во овој исклучителен циклус – кој го опфаќа творештвото на Чаплин од неговите почетоци па сè до последните дела – Кинотеката ви овозможува увид во најдоброто од златната ера на немиот филм, но и начинот со кој Шарло се справува со предизвикот на звучниот филм“, се вели во најавата за настанот.

Чарлс Спенсер Чаплин (Charles Spencer Chaplin), или едноставно Чарли Чаплин (Лондон, 15 април 1889 –Корсие-сур-Вевеј, 25 декември 1977), не само што е класик во светската кинематографија, туку со него и започнува тој период што ние денес го нарекуваме класика.

Со безмалку 90 улоги на филм и 72 кредити како режисер, Чаплин е од оние автори кои компримираат вистински филмски универзум сам за себе: бил и сценарист, монтажер, продуцент, а повремено и компонирал или бирал музика за неговите филмови.
Од крајот на Првата светска војна до почетокот на Втората светска војна Чаплин ги снима неговите најуспешни кратки и среднометражни филмови (ДЕТЕТО / The Kid, 1921; МРЗЛИВЦИ / The Idle Class, 1921; АЏИЈАТА / The Pilgrim, 1923…) и долгометражни филмови (ЦИРКУС / The Circus, 1928; СВЕТЛИНИТЕ НА ВЕЛЕГРАДОТ / City Lights, 1931; МОДЕРНИ ВРЕМИЊА / Modern Times, 1936).

Појавата на звучниот филм е новиот предизвик, и во таа сфера не е неуспешен: ГОЛЕМИОТ ДИКТАТОР (The Great Dictator, 1940), ГОСПОДИНОТ ВЕРДУ (Monsieur Verdoux, 1947) и СВЕТЛИНИТЕ НА СЦЕНАТА (Limelight, 1952) е неговите три звучни филмови, со кои ја завршува американската епизода во неговиот живот и кариера. Во Велика Британија го снима КРАЛ ВО ЊУЈОРК (A King in New York, 1957).

Прикажи повеќе...

Култура

Прво издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“

Објавено пред

Во организација на дискографската куќа ПМГЏЕЗ, на 23 и 24 јули, во паркот позади Младинскиот културен центар ќе биде одржаното првото издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“. Фестивалот е производ на оваа дискографска куќа, која постои од 2018 година и досега има издадено 14 изданија современ македонски џез, а идејни творци се џез музичарот Владан Дробицки и музичарот и продуцент Мирко Попов.

Културолошката заложба на ПМГЏЕЗ е пронаоѓање, создавање, снимање, издавање и промоција на квалитетна македонска џез, етно, кросовер музика (pmgjazz.bandcamp.com). Поголем дел од музичките автори, кои имаат издадено за оваа дискографска куќа ќе настапат на фестивалот, кој е поддржан од Министерството за култура.

„Инспирирани од одличната работа на нашиот лејбл ПМГЏЕЗ во изминативе неколку години, цврсто верувавме дека треба да направиме и џез фестивал. Успеавме да ја материјализираме нашата идејна замисла. Фестивалот нема да биде строго ограничен на канонско сфаќање на џезот, туку ќе биде отворен за музички излети и авантури. Во центарот на нашиот интерес се македонските џез-музичари и амбицијата да се подигне квалитетот на нивниот перформанс, но секако и подигнување на нивниот профил во очите на домашната јавност. Незадоволни од односот на нашето општество кон оваа култура, а пред сè кон нејзините локални чинители, ПМГЏЕЗ и Крај Вардарот… се во мисија за подобрување на атмосферата и условите за работа, издаваштво и промоција на македонската џез-музика“, велат организаторите на фестивалот.

Првата фестивалска вечер ќе почне во 19:45 часот со настапот на скопскиот џез-музичар Филип Букршлиев, кој ќе отвири композиции од неговиот соло гитарски албум „Don’t go away mad because the Duke is not coming back“.

По него настапува веројатно најквалитетниот џез-состав во земјава, ветераните „Сетстат“. Музичари, кои 30 години се френетично активни на музичката сцена. Квалитетот на нивните изданија е во постојан подем, а нивниот настап во живо е уникатно музичко доживување, нешто што се памети и за кое долго се дискутира низ возбуда.

Скопските „Зулу 3.4“ кои неодамна го издадоа својот втор албум се еден од најинтересните млади џез-состави, кои се обидуваат да се стекнат со кредибилитет на нашата сцена. Извонредно свежи, интересни и квалитетни, ќе бидат вистински предизвик за џез-гурманите и добронамерната публика.

Вечерта ќе ја заокружи „Кантон6Квартет“ техно-џез хибрид, во состав Мирко Попов, Синиша Евтимов, Владан Дробицки и Панче Бујуклиев.

https://pmgjazz.bandcamp.com/album/interactive-music-lab-skopje-sessions

Следната вечер фестивалот ќе почне во 20 часот. Настапува светски реномираниот, македонски џез-хармоникаш и мултиинструменталист Јордан Костов со неговиот квинтет, кој поголемиот дел од времето го минува патувајќи, компонирајќи и соработувајќи со голем број музичари од светот. Досега има издадено два албума за ПМГ џез „Sanfona de grapa“ и „Plush pig“. Костов ѝ припаѓа на генерацијата млади македонски уметници кои имаат раскрстено со предрасудите и кои го имаат надминато стравот од нормалната творечка комуникација со глобалниот свет. Извонреден композитор и наобразуван инструменталист на хармоника, од родното Квадарци досега го има свртено целиот свет со своите настапи. Неговата номадска кариера вбројува најмногу настапи низ Јапонија и Кина. Неговите досегашни соработки не вклучуваат само музичари од тој дел на светот, туку и Американци, Германци, Индијанци и при тоа за него основен услов е да се чувствува слободата на мислата и изведбата.

https://www.youtube.com/watch?v=eiFnGD9kLFE

По него џез-триото „Cobalt code unit“, кое го сочинуваат музичарите Благојче Томевски (кларинет, перкусии, вокал), Благоја Глигоровски (гитара) и Драган Теодосиев (тапани). Поимот „уникатно“ е врзан за нивните изданија. И никогаш не бил посоодветен отколку сега. Извонредно трио, кое произведува шамански импровизациски звуци длабоко вкоренети во ритуалната музика на истокот. Нивниот албум „Ритуал“ е издаден за ПМГ џез.

https://www.youtube.com/watch?v=P7wNUE4lxM0

За крај, скопскиот состав „Светлост: Одрон ритуал оркестар“, луѓе кои со нивниот албум „Odron Ritual Orchestra“ издаден за ПМГЏЕЗ минатата година, успеаја да влезат во сите порелевантни светски топ-листи за најдобар џез-албум за 2019 година. Ова придонесе за неверојатен успех во продажбата на нивниот албум на Band Camp (светски познат онлајн сервис за музички артисти и лејблови), што дефинитивно ги прави најпродаван македонски музички продукт во светот за 2019 година. Во „Светлост“ членуваат 11 музичари на сцена, што го прави нивниот настап вистинска атракција за публиката.

https://www.youtube.com/watch?v=EzMqNEOUCwk&t=536s

Билетите се симболични 100 денари, а двете фестивалски вечери ќе се одвиваат според сите протоколи предвидени за организација на настани од овој тип, поради актуелната ситуација со коронавирусот. Задолжително е носење маска, столчињата ќе бидат поставени на 2 метра растојание.

Организаторите на фестивалот апелираат до публиката да се држи до сите норми на однесување со цел да се заштитиме меѓу себе и наедно да покажеме пример дека настаните од културата можат да се одвиваат безбедно и во вакви услови. Бројот на посетители е ограничен на 300 седишта.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на Дарко Рундек во Охрид идниот месец

Објавено пред

По концертот на Амира Медуњанин, „Aвалон продукција“ најавува концерт на Дарко Рундек на Античкиот театар во Охрид на 15 август.

Дарко Рундек и „Екипа“ неодамна го најавија новиот албум „Брисани простор“ со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика, а во Охрид ќе настапи и со сите свои големи хитови, како и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња, „Хаустор“.

Инаку, ова ќе биде прв концерт на Дарко Рундек и „Екипа“ во Охрид, а капацитетот за овој концерт ќе биде исто намален во согласност со протоколите за одржување јавни настани на отворено, само за 1.200 посетители, што доволно зборува за неговата екслузивност.

Влезниците ќе може да се набават онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на „Авалон“ низ земјава за следниве цени и категории: трибини – 1.000 денари, ВИП – 1.500 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Мицкоски: Подготвени сме да преговараме со ДУИ, но не прифаќаме премиер Албанец

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вчеравечер по изборниот ден не и се обрати на јавноста и денес за првпат...

Македонија1 час

ДИК сè уште ги нема конечните резултати од изборите

Државната изборна комисија информира дека сè уште се врши прием на материјалот од општинските изборни комисии и при тоа рачно...

Регион3 часа

БиХ ги отвори границите кон земјите од ЕУ

Од денеска граѓаните на земјите од Европската Унија можат да влезат во БиХ со негативен тест за коронавирус, не постар...

Свет3 часа

Вакцината на Оксфорд е една од водечките во трката за заштита од коронавирусот

Вакцината што се развива на Универзитетот Оксфорд е една од водечките кандидати во глобалната трка за заштита од коронавирус, пренесува...

Свет3 часа

На светот повторно му се заканува затворање поради коронавирусот

Земјите во светот повторно воведуваат рестриктивни мерки и контрола на границите за да го сузбијат повторното ширење на Ковид-19, пред ...

Македонија4 часа

ДИК: СДСМ – 46 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15

Според последните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, од преработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, коалицијата „Можеме“ предводена од...

Македонија11 час

(Видео) Заев: Имаме над 3 пратенички мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев посочи досега тие освоиле три мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ и остава можност за уште плус...

Македонија12 часа

Јанушев: Трката е тесна, ВМРО-ДПМНЕ има шанси да формира Влада

Генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес-конференцијата пред партиските простории порача дека партијата влегува во трката да формира Влада...

Македонија13 часа

(Видео) Ахмети: ДУИ освои над 100 илјади гласа и 12 мандати

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа на неговата партија во албанскиот блок оценувајќи дека се обезбедени над 100 илјади...

Македонија14 часа

Манчевски во изолација, неговиот возач и заменик-министерот на МИОА позитивни на коронавирус

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, преку својот фејсбук-профил информира дека поради позитивниот тест на Ковид-19 на својот...

Македонија14 часа

Во исчекување на резултатите падна интернет-страницата на ДИК

Веб-страницата на Државната изборна комисија повеќе од еден час не функционира. Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем...

Македонија15 часа

Чулев: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

„Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ како за демократската свест на...

Македонија16 часа

Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Десеттите парламентарни избори завршија со одѕив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од...

Македонија18 часа

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија19 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија20 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија21 час

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија21 час

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија22 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија24 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Досие