Контакт

Култура

Меѓународен собир „Вечноста на антиката“

Објавено пред

Во организација на Здружението на класини филолози „Антика“ и Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје од денес, 27 август до недела, 30-ти, во Скопје и Охрид ќе се одржи Меѓународниот научен собир „Вечноста на антиката“ („Aeternitas antiquitatis“)

Овој собир се организира во соработка со Европската асоцијација на професори по класични јазици Еврокласика и има за цел да ги презентиранајновите согледувања за начините на опстојување на античките културни традиции во еден цивилизациски континуитет, од историски, археолошки, епиграфски и книжевно-теориски аспект. Предавачите на овој собир се угледни експерти од повеќе европски земји – Белгија, Швајцарија, Русија, Германија, Хрватска, Романија и Македонија. Претстојниот собир е дел од календарот на редовните годишни конференции на Еврокласика, каде што македонските класични филолози се членови од 2004 година и имаат национален претставник во Генералното собрание на оваа асоцијација. Токму вториот дел од собирот е посветен на Генералното собрание на Еврокласика, на кое ќе присуствуваат над 20 претставници од европските земји и ќе дискутираат за важни прашања за статусот, заедничките европски стандарди во наставата по класични јазици и разни заеднички европски проекти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Мајкл Мур: Речиси цел свет ги затвори границите за Американците, но може да ја посетите Северна Македонија

Објавено пред

Познатиот американски политички активист, режисер, коментатор и писател Мајкл Мур, познат по своите отворени и критички погледи на глобализацијата, големите корпорациии и насилството предозвикано од огненото оружје, објави статус на својот фејсбук профил, промовирајќи ја земјава како една од само осумте можни дестинации за патување на Американците.

Тој во својот статус со револт зборува за американскиот народ, велејќи дека 60 отсто од народот нема ниту пасош, ниту пак некогаш ја напуштиле државата, па оттаму не можат ниту да ги сфатат последиците од оваа криза, со која, како што напиша, „се справуваат еден идиот и еден социопат“.

На крајот од својот статус, Мур дури и им препорачува на Американците каде да се сместат, ако одлучат да дојдат во земјава.

„Планирате патување за празниците? Знаете дека остатокот од светот нè смести во приватен затвор, така? Дека ни е забрането да патуваме и да влеземе во било која држава на планетата. Само осум држави дозволуваат влез со американски пасош, без никакви рестрикции (карантин, тестирање, виза). Ова се осумте нации каде како Американци можете слободно да патувате, без прашања или лекарска белешка:

Северна Македонија
Косово
Тунис
Турција
Доминиканска Република
Мексико
Малдиви
Србија
(има уште 23 држави кои би нè пуштиле, но со ограничувања и карантини), објаснува режисерот.

„Нас нè сметаат за голем ризик по здравјето за остатокот на светот, повеќето би сакале да откажат посети од американски деловни луѓе, банкари, туристи, студенти, научници, директори на Волмарт, филмски продуценти, продавачи на Кока-Кола. Сите ние сме закана (но, тоа не е ништо ново).

Сведоци се на нашиот неуспех сериозно да ја третираме оваа пандемија. Ја набљудуваат нашата индиферентност, додека дозволивме 165.000 наши луѓе непотребно да умрат (165.000 мртви е еквивалент на педесет и пет 9/11, инцидент што нè натера да полудиме од гнев, барајќи проклет одговор!

Остатокот од светот е вознемирен што во оваа криза нè водат идиот и социопат. За светот ние сме чума. Ние сме опасни. Ние сме болни. Тие ја заклучија портата, го повлекоа катанецот, ја треснаа вратата. Повеќето од нас немаат идеја дека светот нè стави во домашен притвор. Тоа е затоа што огромното мнозинство од нас никогаш не ги напушта САД во текот на животот. Речиси 60 проценти од нас немаат пасош. Имаме мал интерес за остатокот од планетата – и тоа е во ред со нив“, пишува режисерот Мур.

На крајот тој го препорачува Скопје како интересна дестинација за патување во една од државите каде сè уште е дозволен пристап за американски граѓани.

Прикажи повеќе...

Култура

Летно кино со автомобили во Охрид

Објавено пред

Три филма ќе бидат прикажани на отворено во Охрид во рамките на настанот Drive-in летно кино, кој ќе се одржи првпат.

Тридневната проекција ќе се одржи на паркингот „Горица 3 – НЕМО“ од 14 до 16 август, а распоредот на филмовите е следен:

• 14.8. (петок) – The Little Gangster („Малиот гангстер“)
• 15.8. (сабота) – „Панкот не е мртов“
• 16.8. (недела) – The house that Jack built („Куќата што ја изгради Џек“)

Проекцијата на филмовите почнува во 21 часот, а со цел да се избегне метеж, паркингот ќе биде отворен од 19.30 ч, при што ќе има Pre-movie Warm Up со млади диџеи и изненадувања.

Билетите за една вечер се во износ од 400 денари од автомобил по двајца, а бројот на влезниците е ограничен.

Организаторите порачуваат да се следат протоколите и на настанот да се носат маски и ракавици. Истовремено, апелираат паркирање на означените места.

„Осигурајте го возилото и исклучете ги светлата Не излегувајте од автомобилот беспотребно! Доколку сакате да бидете услужени, приклучете 4 трепкачи и почекајте“, наведуваат организаторите на настанот.

Влезот за возилата ќе биде од страната на хотелот „Инекс Олгица 2“ (од кај кружниот тек) кон паркингот „Горица 3 – НЕМО“.

Повеќе информации за настанот на следниот ЛИНК.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена книгата „Вовед во кинеската култура“

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Вовед во кинеската култура“ од кинеските автори Је Ланг и Џу Лијангџи.

Книгата претставува монографско претставување на кинеската култура – од почетоците на кинеската цивилизација и големите пронајдоци на древна Кина до денес. Во неа е даден преглед на севкупната кинеска култура, со посебен детален опис на најзначајните аспекти и на одредени уникатни карактеристики и одлики на кинеската култура.

Во 30 поглавја и со голем број илустрации во книгата се објаснуваат класичната филозофија, мудроста и религијата на Кина, креативноста и комуникацијата, уметноста и естетиката, како и нејзините народни обичаи и традиции. Книгата се фокусира на културниот дух и основните вредности демонстрирајќи го шармот на кинеската култура со атрактивни описи, како и животните ставови и естетскиот вкус на кинескиот народ и универзалните вредности содржани во кинеската култура.

Освен општото знаење, оваа книга дава детален вовед за одредени специфични особености и акценти на кинеската култура, односно духот и суштинските вредности на кинеската култура, особено оние со универзално значење овозможувајќи им на читателите да стекнат подлабоко разбирање и запознавање на суштината на кинеската култура. Темите опфатени во оваа книга се движат од древните чуда, како што се Забранетиот град, Големиот ѕид, теракотната војска и традиционалните живеалишта на обичните луѓе, па сè до трајните уметнички дела во калиграфијата, сликарството, пејзажното сликарство, градинарството, пекиншката опера, порцеланот.

Авторите се врвни познавачи на кинеската култура. Ѓе Ланг е професор по филозофија и декан на Факултетот за уметности на Универзитетот во Пекинг. Неговите главни дела се однесуваат на историјата на кинеската естетика и естетика во кинеските романи. Џи Лијангџи е професор по филозофија на Универзитетот во Пекинг. Автор е на повеќе дела за кинески уметности.

Овој монографски преглед на кинеската култура е веќе објавен на петнаесетина јазици, односно речиси на сите поголеми јазици во светот. Преводот на македонското издание од англиски јазик е на Елена Саздовска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Комисијата за заразни болести предлага наставата да се одвива онлајн, освен во првите одделенија

Ставот на комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во коишто...

Европа11 час

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија11 час

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија11 час

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија13 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија13 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија14 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија15 часа

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет16 часа

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија16 часа

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ16 часа

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет18 часа

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Свет18 часа

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Свет18 часа

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска...

Свет19 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа – Трамп веднаш е евакуиран

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На...

Свет19 часа

(Видео) Хаос во Белорусија – одекнуваа експлозии во Минск, едно лице загина

Во Минск синоќа повторно се одржаа протести против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Експлозии одекнуваа во центарот на градот, запален...

Европа19 часа

Финска воведува задолжителни тестови и карантин по слетувањето на авион со 24 позитивни патници од Скопје

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патниците од одредени високоризични земји, откако 24 од 157 патници...

Свет1 ден

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од...

Свет1 ден

Катастрофа во Индискиот океан: од брод кој заринка истекоа 1.000 тони нафта

На бродот кој на 25 јули заринка во корален гребен во Индискиот океан кај Маурициус се појавиле пукнатини, кои претставуваат...

Македонија1 ден

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту...

Досие