Контакт

Култура

Колекцијата на новата европска дигитална библиотека двојно збогатена

Објавено пред

Околу 4,6 милиони дигитални изданија на книги, мапи, фотографии, весници и филмски клипови им се достапни на корисниците на европската мултилингвална дигитална библиотека Еуропеана. Колекцијата на Еуропеана двојно се збогати од нејзиното претставување во ноември минатата година

dobivaj vesti na viber

Целта на Европската комисија е да се доближи до 10 милиони дигитализирани објекти до 2010 година, како и да се покрене дебата помеѓу јавниот и приватниот сектор во земјите од Европската унија за потребните реформи во законите за авторски права, но и да се најде полесен начин за додавање на книги кои ќе можат да се читаат онлајн. „Страшно е што само 5 проценти од сите дигитализирани книги во Европа се достапни на Еуропеана. Исто така, половина од книгитете во дигиталната библиотека доаѓаат само од две-три земји, додека другите земји-членки учествуваат со многу мал дел“, вели Вивијан Рединг од Европската комисија.

Корисниците денес на www.europeana.eu можат да најдат 4,6 милиони книги, за разлика од 2 милиони кои им беа достапни пред само неполна година. Меѓу новите дигитални изданија кои беа додадени се стари текстови од библиотеката во Каталонија, потоа издание од 1572 година на „Os Lusiadas“ – национална португалска поема и филмски ленти од Берлин од 1913 година, кои беа во сопственост на Европската филмска асоцијација.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Почина Наташа Маневска, драматург во штипскиот театар

Објавено пред

Со огромна тага ја споделуваме веста за смртта на нашата колешка Наташа Маневска, драматург во НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, соопшти штипскиот театар.

dobivaj vesti na viber

Маневска беше член на нивниот колектив од 2011 година и во периодот од 2011 до 2015 година беше на чело на институцијата како директор.

Од 2016 година беше на работното место драматург.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Штип в четврток, 27.2.2025, од 13 до 14 часот.
Комеморација во нејзина чест ќе се одржи во Театар „Штип“ в петок, 28.2.2025 во 12 часот.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на филмска музика на Кирил Џајковски

Објавено пред

Првпат во живо со голем филмски оркестар премиерно ќе се одржи концерт на филмска музика на Кирил Џајковски.

dobivaj vesti na viber

Неговата работа како композитор на музика за филм беше придружен елемент на многу домашни и интернационални филмови, меѓу кои: „Големата вода“ (за која доби награда за најдобра музика на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија), „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, One more game, „Бал-кан-кан“, Piargy, „Трето полувреме“ и многу други. На концертот Кирил Џајковски придружуван со 30-член оркестар под диригентската палка на Џијан Емин ќе ги изведе легендарните музички теми, кои беа неизоставен дел од овие филмски остварувања.

Освен што е еден од најценетите електронски артисти од регионот, тој е и успешен композитор на филмска и театарска музика. Овој концерт претставува своевидна ретроспектива на 25-годишната филмска работа на Кирил Џајковски. Филмската музика на Кирил не само што ги надополнува и издига филмските сцени, таа и живее независно од филмот. Овој концерт ќе биде одлична можност еден од најпродуктивните композитори на музика за филм на Балканот пред македонската публика да го претстави својот извонредно големи и значаен опус.

Концертот e замислен како посебно аудио и визуелно доживување, а ќе се реализира на 6 април 2025 година во големата сала на Националната опера и Балет со почеток во 20 часот.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Симон Трпчески го сефтоса клавирот, донација од Анѓушев за Факултетот за музичка уметност

Објавено пред

Во преполна сала во Националната опера и балет, синоќа најпознатиот македонски пијанист, Симон Трпчески со колегите одржа спектакуларен концерт, изведувајќи повеќе дела од Моцарт, Брамс, ерменски фолклор, како и неговиот проект „Македонисимо“.

dobivaj vesti na viber

Настанот беше по повод новиот клавир „Feurich“- донација од бизнисменот Кочо Анѓушев, за потребите на Факултетот за музичка уметност, во соработка со австриската Амбасада и амбасадорот Мартин Памер.

Заедно со Трпчески синоќа настапија и пијанистката, Елена Атанасовска-Ивановска, виолинистот Момчило Куфујанакис, соло пејачите Иван Наумовски и Горан Начевски.

Круна на вечерта беше проектот „Македонисимо“ со кој Трпечески и неговите колеги ја кренаа публиката на нозе. Квинтетот ги вклучува и Хидан Мамудов (кларинет, алто саксофон и кавал), Александар Краповски (виолина), Александар Сомов (виолончело) и Влатко Нушев (удиралки). Концертите на „Македонисимо“ со кои се промовирира македонскиот ритам наидоа на одличен прием во целиот свет,а многу реномирани критичари го опишаа како магично искуство.

Во салата синоќа беа присустни и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за култура, Зоран Љутков, а меѓу гостите беше и амбасадорот на Австрија, Мартин Памер.

Како што изјави деканката на Факултетот за музичка уметност, Дарија Андовска, идејата за новиот клавир ја покренал амбасадорот на Австрија, инаку поранешен виолинист, кој самиот дошол во просториите на ФМУ. Потоа со Анѓушев била договорена донацијата на клавирот. Досега музичарите од овој факултет свиреа на инструмент постар од 50 години.

Памер кој важи за голем пријател на Македонија и огромен љубител на музичката уметсност, зборуваше на македонски јазик, а потоа и на англиски, како што рече, во интерес на времето. Кога пијанистот Трпчески му се заблагодари на германски, тој се огласи од публиката, довикувајќи: „Разбирам македонски“, што ги расположи присутните во салата.

Кусо обраќање имаше и Анѓушев, кој рече дека подеднакво голема донација е и онаа на Трпчески на големата сцена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Кривична пријава за 10 лица: Поранешен директор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица

На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица...

Македонија4 часа

Јас имам два сина и знам колку троши 4-члено семејство: Димитриеска-Кочоска со навреди до Петровска

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за...

Македонија7 часа

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во Обвинителството и браник на минатата власт, друго не видовме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му...

Македонија8 часа

„Во Стоматолошката комора владее целосен тоталитаризам и самоволие“: Стоматолозите бараат оставка од Денковски

Стоматолозите се загрижени за актуелните случувања во Стоматолошката комора на Македонија под водство на Маријан Денковски. Неговите одлуки и политики,...

Македонија9 часа

Трајановски не може да даде оставка оти е разрешен пред три месеци, велат од Град Скопје

Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик-градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци, тврди Град Скопје. Оттука, како што...

Македонија10 часа

МНР: Амбасадорите се известени, Сиљановска ќе го потпише указот за нивното отповикување

Министерството за надворешни работи ја појасни постапката за отповикување на амбасадорите. Од тука информираа дека се во редовна и континуирана комуникација...

Македонија11 часа

Наредено уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо од Полска

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведниот вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1.980...

Македонија11 часа

Отповикани осум амбасадори, кои беа назначени од Стево Пендаровски

Повлечени се осум амбасадори, кои беа назначени од поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски. Отповикани се амбасадорите Мето Белески –...

Македонија12 часа

Голема полициска акција, претреси на повеќе локации во Скопје

Затворски полицајци и дел од поранешното раководство на затворот во Шуто Оризари се под истрага за злоупотреби. Обвинителството потврди дека...

Топ12 часа

(Фото) Откриена и одземена поголема количина прехранбени производи во близина на Танушевци

На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на село Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската...

Топ12 часа

Двајца 14-годишни малолетници од Скопје испраќале лажни закани за бомби во училишта

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното...

Европа14 часа

Стармер: Сè уште сме во разговори за евентуално испраќање британски војници во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер повторно повика на американска безбедносна гаранција за Украина за да спречи нов руски напад додека се...

Свет15 часа

Хамас предаде четири тела на израелски заложници во замена за палестински затвореници

Хамас ги предаде телата на четворица израелски заложници во ноќна размена на палестински затвореници, објави „Ројтерс“. Израел прими четири тела,...

Свет15 часа

Северна Кореја испраќа повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Северна Кореја распореди дополнителни сили во Русија, но големината на контингентот се уште не е позната, објавија утрово јужнокорејските медиуми,...

Свет15 часа

Трамп: Украина може да заборави на влезот во НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на седницата на американската влада, дека Украина „може да заборави“ на влезот во...

Македонија1 ден

Спасен повреден чешки планинар на Шар Планина

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информира дека денеска во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на...

Свет1 ден

Трамп: Можно е да нема мировен договор меѓу Украина и Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска по првиот состанок на неговиот кабинет изјави дека постои можност да не биде постигнат мировен...

Свет1 ден

Зеленски му порача на Трамп: Нема да вратиме ниту 10 центи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека се надева оти првичниот договор за минерали со Соединетите Американски Држави ќе доведе до...

Македонија1 ден

Најсовесно и чесно ја извршував функцијата, не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност за да поднесам оставка, вели Чачарова- Илиевска

Тања Чачрова-Илиевска не чувствува одговорност за да поднесе оставка, како што очекува премиерот Христијан Мицкоски по поднесената интерпелација за членови...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија парично казни повеќе поранешени и актуелни функционери, меѓу нив Груби, Меџити, Крмов

Антикорупциската комисија достави информации за имињата на 86 поранешни и актуелни носители на јавни функции, кои се казнети со глоба...