Контакт

Култура

Последна проекција на филмот „Плати и жени“ во Скопје

Објавено пред

Македонскиот филм „Плати и жени“ на Атанас Георгиев, вечерва за последен пат ќе се прикаже пред скопската публика, во рамките на Биеналето на млади уметници

Проекцијата ќе почне во 22 часот во Куршумли ан, Стара чаршија. Инаку оваа вечер е посветена на македонските успешни филмски остварувања од сферата на анимираниот, документарниот и краткиот филм. Кусата фестивалска историја што Плати и жени ја има зад себе е квалитетна, со престижни награди, како наградата Најдобар документарен филм на филмски фестивал во Нион, Швајцарија, или втора награда од публика на Филмскиот фестивал во Сараево, со гостувања на филмските фестивали во Торонто, Канада, Загреб, а наскоро и во Перн, Русија, Лајпциг, Лисабон, Амстердам итн. Како едно од најдобрите филмски остварувања за ова година, Уметничкото биенале вечерва ќе го прикаже филмот во Скопје, а со тоа ќе биде затворена годинешната прикажувачка сезона на филмот Плати и жени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Бестселерот „Ереб“ објавен на македонски јазик

Објавено пред

Во издание на „Бата прес“ на македонски јазик се објави романот „Ереб“ од познатата австриска писателка Урсула Познански. Објавувањето е поддржано од Европската Унија и Министерството за култура, во рамките на проектот „Креативна Европа“. Станува збор за светски бестселер кој досега е преведен на 36 јазици. Романот од германски го преведе Катерина Јосифовска.

„ЕРЕБ е компјутерска игра. Таа те набљудува, разговара со тебе, те наградува, те проверува, ти се заканува…
Ник е опседнат со Ереб, играта што во неговото училиште се пренесува од рака на рака. Правилата се многу строги: секој има само една можност да одигра. Притоа мора да биде сам и за Ереб не смее да зборува со никого. Кој ќе ги прекрши овие правила или нема да ги исполни задачите, отпаѓа од игра и повеќе не може да почне пак. Најнеобичниот дел е што задачите на Ереб мора да се исполнат не во виртуелниот, туку во вистинскиот свет.
Штој е всушност Ереб и што бара од играчот? Може ли Erebos (Богот на подземјето) да убива? Дали мртвиот автор преку играта што ја измислил имал намера да убие за одмазда?“, германско-австрискиот издавач кога го најавува првиот дел на романот.

„Трилер на годината!“, пишува за романот угледниот германски весник „Ди цајт“.

„Волшебен роман за млади соочени со опасностите што ги крие виртуелниот свет“, пишува „Бригите магазине“ (Brigitte Magazine)

Стилот на пишување на Познански стана многу привлечен за сите генерации, иако најмногу ги привлекува младите. На многу интересен начин ги обелоденува социјалните и психолошките предизвици, како и опасностите со кои човештвото се соочува при вмрежувањето на модерниот електронски, виртуелен со реалниот свет.

Романот е наградуван повеќекратно со високи признанија, меѓу кои во 2011 година беше добитник на престижната германска награда за литература за млади Deutscher Jugendliteraturpreis, како и на наградата Jugendjury.

Урсула Познански е родена во 1968 година во Виена, Австрија. Авторка е на повеќе познати прозни дела и детски книги, но исто така пишува и филмски и телевизиски сценарија.

Романот „Ереб“ е дел од проектот на „Бата прес“ под мотото „Време е за книга“, со кој наскоро ќе бидат објавени 10 мега популарни книги за млади од реномирани и европски автори од различни земји. Проектот беше прифатен во ЕУ во силна меѓународна конкуренција. Визионерската цел на проектот е времето поминато по социјалните мрежи и на електронските уреди, младите да го заменат со читање на книги во печатена или електронска форма.

Прикажи повеќе...

Култура

Проекција на наградените филмови од „Астерфест“ во Кинотека

Објавено пред

В петок во Кинотеката во Скопје со почеток во 20 часот ќе биде прикажан дел од наградените кусометражни филмови од последното издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, кој се одржа минатото лето во Струмица.

Програмата е составена од: рускиот краток игран филм „Егзодус 20“ на Јана Недзветскаја, кој доби Старозлатен проектор, австрискиот краток игран филм „Доверба“ на Јулијана Нојхубер, кој доби Бронзена потковица, британскиот краток документарец „Последната бура“ на Лајам Сент-Пјер, кој доби Сребрена потковица.

Прикажан ќе биде и македонскиот краток анимиран филм „Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов, кој доби Златна потковица.

Вкупното траење на проекцијата е еден час, а влезот е бесплатен.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Објавено пред

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за неколку нови проекти, пишува ексклузивно „Варајати“.

Котевска добила финасиска поддршка за својот дебитански игран филм со работен наслов „Човек против јато“. Станува збор за приказна која говори за меѓугенерациски конфликт, односно контрастот на старите вредности и брзото темпо на современиот живот. Филмот ќе го снима во соработка со Стефанов и се надева дека ќе почне со снимањето идната година.

„Човек против јато “ е приказна за еден стар, тврдоглав селанец кој е горд на своите корени и земја, неговата модерна, независна ќерка која се обидува да ја избегне традиционалната улога и еден млад блогер зависен од адреналин кој сака да ги открие своите корени, но, преку низа недоразбирања, создава хаос на патот.

Во моментот Стефанов работи на анимиран проект што говори за климатските промени, со работен наслов „Швајцарско перење“.
„За мене, правењето филмови не е само раскажување различни приказни.Мојата почетна точка е дека има прашања што ме интересираат и што мислам дека знам како да ги преведам тие прашања на јазик што е универзално разбирлив“, изјавил Стефанов за Варајати.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија12 минути

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП...

Свет33 минути

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија54 минути

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион57 минути

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион2 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа3 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава3 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија4 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија5 часа

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија5 часа

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт15 часа

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија17 часа

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија18 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија21 час

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија22 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија23 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион1 ден

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија1 ден

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно1 ден

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Досие