Контакт

Култура

Сергеј Андреевски слика за децата од фавелите на Бразил и Аргентина

Објавено пред

Сликарот Сергеј Андреевски ќе учествува на меѓународна изложба која утревечер ќе биде отворена во замокот Сент Мишел во Бургуњ, Франција, заедно со уметници од Шпанија, Германија, САД, Холандија и Тунис

dobivaj vesti na viber

Во изминатите десет дена уметниците престојуваа и создаваа во замокот, со цел да им помогнат на сиромашните деца од Бразил и Аргентина кои живеат на улица. Основач на овој уметнички проект насловен „Сликај за иднината“ е холандската уметница Хети ван дер Линден. Линден веќе пет години го оргазнизира овој проект во различни земји низ светот. Таа често ги посетува фавелите во Јужна Америка и постојано се обидува да дознае каде е помошта која им е најнеопходна на децата и им овозможува да ја допрат среќата преку уметноста. Со секоја продадена слика се гради една мала куќа за децата, со што нивниот сон станува јаве. Сергеј Андреевски вторпат учествува на оваа изложба. По Франција, ќе биде поставена во Амстердам.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Белградскиот бенд С.А.Р.С со концерт во „Паблик рум“ во сабота, 22. ноември

Објавено пред

Еден од најпрепознатливите регионални бендови на урбаната музичка сцена, С.А.Р.С (Sveže amputirana ruka Satrijanija), ќе настапи во сабота, 22. ноември во „Паблик рум“ во Скопје. Со повеќе од петнаесет години активна кариера, голем број хитови како „Lutka“, „Perspektiva“, „Buđav lebac“, „Ti, ti, ti“, „To rade“ и „Rakija“, како и публика што ги следи низ целиот регион, С.А.Р.С остануваат бенд кој на сцената спојува емоција, хумор и социјална критика на препознатлив и автентичен начин.

dobivaj vesti na viber

Скопје има посебно место во нивната музичка приказна – токму во нашиот град бендот го одржал еден од своите први концерти надвор од Србија.

„Во неверување гледавме како целата публика ги пее песните со нас од збор до збор. Тогаш сфативме колку брзо нашата музика отпатувала низ целиот регион“, велат членовите на бендот.

Настапот во „Паблик рум“ ќе биде нивно прво појавување на оваа сцена, а С.А.Р.С најавуваат атмосфера по која се добро познати: „Сигурни сме дека ќе направиме луда журка каква што Скопје ја заслужува.“

Покрај енергичниот сценски настап, бендот останува доследен на својот израз во кој хуморот и друштвената критичност се преплетуваат со топлина и човечност. „Мораме да го задржиме ведриот дух и покрај тоа што гледаме дека некои работи не се менуваат. Во спротивно, секојдневието ќе ни ја одземе и малата радост што ни останала,“ велат од С.А.Р.С.

Во 2026 година бендот ќе го прослави јубилејот од 20 години од формирањето, а во план се повеќе нови проекти. „Не откриваме детално уште, но наскоро ќе дознаете што се подготвува во нашата кујна,“ најавуваат тие.

Информации за настанот:
Датум: 22 ноември
Локација: „Паблик рум“, Скопје

Билетите се достапни преку MK Tickets.

Прикажи повеќе...

Култура

„Кадифена Магија“ – предновогодишен концерт на Зарина Првасевда со ексклузивни гости!

Објавено пред

Зарина Првасевда, со својот величествен, небесен глас ќе одржи предновогодишен концерт на 20 декември 2025 година, во Македонската филхармонија.

dobivaj vesti na viber

На концертот Зарина Првасевда ќе го претстави својот проект насловен „КАДИФЕНО“, а за дополнителната магија на вечерта ќе се погрижат врвни музичари. За прв пат во Скопје пристигнува еден од најголемите мајстори на фретлес-гитарата, турскиот виртуоз Џенк Ердоган, како и перкусионистот и мултиинструменталист Ахмет Алан, уметници чија маестралност го освојува светот.

На сцената ќе им се придружат и врвните македонски музичари Андреа Мирчевска и Тони Арслан, создавајќи единствено, кадифено и длабоко музичко доживување.

„Во деновите кога годината тивко се затвора зад нас, почувствував силна желба да создадам едно КАДИФЕНО место — меко, топло, свилено по чувство — каде што сите заедно ќе здивнеме, ќе се стоплиме, ќе заокружиме сè што веќе не ни служи, а од убавото ќе понесеме искри за во новата година.

Место каде што музиката ќе ни ги отвори срцата — нежно, искрено, човечки.

Со огромна чест ви најавувам дека ова предновогодишно патување нема да го чекорам сама. На сцената со мене и за прв пат во Македонија ќе бидат волшебниот Џенк Ердоган и маестралниот Ахмет Алан од Турција, како и моите драги соработници, големите Тони Арслан и Андреа Мирческа.

Заедно ќе создадеме концерт поинаков од сè досега — кадифено топол и длабок, полн со онаа тивка магија што само музиката знае да ја донесе“, кажа Зарина Првасевда.

Прикажи повеќе...

Култура

„Куќата на границата“ на репертоарот на вториот ден на МОТ

Објавено пред

„Куќата на границата“ на Регионалниот театар од Нови Пазар е на репертоарот на вториот ден (20.11.2025) на МОТ, дело на Славомир Мрожек, во режија на нашиот Андреј Цветановски.

dobivaj vesti na viber

„Куќа на граница е приказна која зборува за една фамилија која сака само да живее мирно, и одеднаш во нејзиниот дом се појавуваат дипломати кои сакаат да нацртаат граница која поминува насред куќата. Звучи познато нели? Оваа фамилијарна драма зборува за одземање сé што имаат, сонуваат, зборуваат и замислуваат, се додека не останат без ништо. Низ оваа горка комедија ќе видите многу паралели со начинот на кој денешниот свет функционира“ – вели Цветановски.

Претставата е одлична илустрација за тоа до кој степен сме способни да се понижиме себеси, слепо почитувајќи ги бесмислените бирократски норми на „новиот“ свет, кој од нас треба да направи покондурени господа.

Како креативен македонски тим на претставата покрај режисерот се и Димитар Андоновски автор на музиката и Сергеј Светозарев на сценографијата.

Претставата ќе биде изведена на сцената 25 Мај, МКЦ во 20 часот.

А пред неа во 19 часот во холот на МКЦ ќе биде поставена уметничката инсталација „Сценариум и имагинариум“ на архитектот и сценографот Костантин Трпеноски, која на границата помеѓу реалното и имигинарното нуди визуелно и сензорно доживување на просторот во холот на МКЦ. Настанот е воедно и ретроспективен поглед на неговите театарски сценографии „Чудна случка со кучето во ноќта“ (2023) и „Макбет“ (2019), двете наградени за најдобра сценографија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и приказ на други негови актуелни сценски дизајни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Одрони, зголемен водостој на реките, расчистување на наноси: поради обилните дождови интервенирано на повеќе локации во државата, соопшти ЦУК

Во изминатото деноноќие, поради обилните врнежи, екипите на Регионалните центри за управување со кризи интервенирале на повеќе критични локации низ...

Економија1 час

Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ, извести МФ

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој...

Македонија2 часа

(Видео) Николоски: Автопатот Прилеп – Битола го градиме со силна динамика

Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Александар Николоски...

Европа2 часа

Полска го крена нивото на тревога, министерот за надворешни: Ова не е саботажа, туку тероризам

Полска сè повеќе станува цел на напади. По саботажата на стратешки важна железничка рута, министерот за надворешни работи Радослав Сикорски...

Македонија2 часа

(Видео) „Јорданов се пишмани – Општина Штип ќе го продаде Дино паркот од 800.000 евра на приватен бизнисмен“, велат од партијата Левица

„Штипскиот Дино парк да падне во рацете на приватен бизнисмен преку јавно – приватно партнерство, односно да се издава под...

Свет3 часа

Сопругот на убиената Србинка во САД призна дека го распарчил нејзиното тело

Брајан Волш, маж од Масачусетс на судењето за убиството на неговата сопруга Ана, родена во Србија, во 2023 година, оваа...

Свет4 часа

(Видео) Читач на усни открива што рекол Илон Маск за саудискиот принц на гала вечерата: Трамп ќе полуди

Илон Маск, кој драматично ги влоши односите со Доналд Трамп пред шест месеци, сега се чини дека е повторно во...

Свет4 часа

Мамдани оди кај Трамп во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе се сретне со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, во Белата куќа овој...

Свет4 часа

Песков: Разговор меѓу Путин и Трамп може да се организира во секое време

Телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп може да се организира во секое време,...

Свет5 часа

(Видео) Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе по ерупцијата на вулканот Семеру

Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе и им помогнаа на 170 алпинисти кои беа заглавени по ерупцијата на вулканот...

Свет5 часа

Трамп потпиша закон со кој се овластува отворање на досиејата на Џефри Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека потпишал закон со кој се овластува објавување на досиејата на Џефри Епштајн. Материјалите...

Свет5 часа

(Видео) Израелски војници се истепаа во база, снимката стана вирална

Тепачка избувна меѓу израелски војници во воена база во северен Израел, објавија локалните медиуми. Видео што кружи на интернет ги...

Македонија18 часа

(Видео) „Ги чекаме децата да се појават и да кажат ‘Каде си ма мајче?’“ – мајките на загинатите во „Пулс“ дојдоа на судењето, лути се на бранителите на обвинетите

Со гнев, тага и болка почна судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, каде животите ги загубија 63 млади луѓе....

Македонија20 часа

Пропустите кај овој човек се шокантни, со докази ќе покажеме што сѐ бил спремен да направи за профит, рече обвинителот за сопственикот на дискотеката

По повеќе од четири часа евиденција на сите присутни, попладнево почна судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ со 63...

Македонија22 часа

(Фото) Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња

Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња кај бањата „Стрновац“ во општина Старо Нагоричане. „На 19.11.2025 година,...

Македонија22 часа

(Видео) Со која свест и со кое лице адвокатите на обвинетите за пожарот во „Пулс“ ќе се ситат и ќе земаат крвави пари, прашува таткото на загинатиот Андреј Стојанов

„Јас сум родител на едно од трагично убиените деца“, изјави таткото на Андреј Стојанов, едно од загинатите момчиња во пожарот...

Топ1 ден

Кривична против инвеститорот и четири лица од Општина Струга: со несовесно извршување на службената должност придонеле да биде оштетена спомен-куќата музеј „Владо Малески“

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н. К. (53) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено...

Македонија1 ден

(Фото) Општината ќе го исчисти просторот кај поранешен „Мекдоналд“ во Аеродром и ќе им прати фактура на сопствениците

Општина Аеродром почна со чистење на запуштениот простор кај поранешен „Мекдоналдс“ во Аеродром. „Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат...

Македонија1 ден

(Фото) Дали ќе трае пет месеци или пет години – никој не може да каже, рече судијката Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за „Пулс”

Со посебна почит кон болката на семејствата на загинатите, судијката Диана Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во кочанската...

Економија1 ден

Собранието ги изгласа измените на законот, ќе се плаќа ДДВ на пратките од „Тему“ и од „Алиекспрес“

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ...