Култура
Гостување на современата танцова компанија „WWE“ од Норвешка
Во соработка со „Локомотива“ – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во недела (11 октомври), на малата сцена на Македонската опера и балет ќе биде изведена современата балетска претстава „И само стоев таму, гледајќи го небото и луѓето под него“ на танцовата компанија „WWE“ од Норвешка
„И само стоев таму…“ е иронично испитување на вештачкиот рај и екстремните моменти. Тоа е листа на бизарни несреќи, чудни гестикулации и разговори, танц и видео клипови, кои се претопуваат на чуден, парадоксален начин. Овој збир на дестилирани ситуации не повикува да преиспитаме како ние сме поврзани со нив, и дискриминирани помеѓу личното и непријателското, природното и конструираното. Јадрото на оваа претстава лежи во експресија на артифициелноста на која современоста најчесто се базира: она кое не живее веќе во светот, ниту во јазикот, туку во сликата на светот. Преку испитување на визуелните и концептуалните преместувања/ изместувања, претставата се бави со нашата перцепција на реалноста преку деконструирање на наративните сцени и, во исто време, визуелен и физички јазик. Со процес на додавање и одземање, ние играме со опаѓање на значењето (и знаците) на ситуациите претставени, предизвикувајќи ги очекувањата на гледачите, бришејќи ги значењата на познатиот вкус и креирајќи емпатија преку иронични моменти.Концепт, кореографија и звук е на Франческо Скавета, во соработка со танчерите Лаида Аскона, Грај Киперберг, Себастиана Ди Гесу, Муриљо Бобадиља, Арнуфло Пардо Равагли и Саша Божич. „WWE“ во изминатиов период гостуваше во Италија, Словенија, Хрватска, Србија, а по Скопје ќе гостуваат во Бугарија. Оваа регионална турнеја е организирана во соработка со: „Локомотива“ – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата – Скопје; „Станица“ – Cервис за современ танц – Белград; „Бреинстор проект“ – Софија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Кавадарци го слави „Месецот на театарот“ со премиера на Чехов и богата програма во Домот на културата
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци го очекуваат повеќе настани од областа на театарската уметност.
Во четврток, на 13 ноември 2025, со почеток од 19 часот, Театарот при Домот на културата Кавадарци, премиерно ќе ја одигра претставата “Предлог за брак/Мечка“ по текст на Антон Павлович Чехов. Претставата е состав на две едночинки. Режијата е на Микица Илова.
Во првата едночинка играат: Александар Малинков , Ивана Секуловска ,Саше Орешков, а во втората едночинка: Елена Илова, Петар Стојанов , Мартина Илиевска. Суфлер: Дијана Мишова; Костимограф: Сара Милевска; Сценска подршка: тим на Дом на култура Кавадарци; Светло/тон: Пепи Ангелов.
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци е и организатор на манифестацијата “Месец на Театарот“ која годинава се оддржува по петти пат. Манифестацијата ќе биде отворена со изложба на избор плакати од претстави на Театарот при Домот на кутурата Кавадарци изминатите децении.
Официјалниот распоред е:
15.11 (сабота) Свечено отворање на манифестацијата со Изложба на театарски плакати
15.11 (сабота) “Ухљеби“, ДРАФТ Театар, Тузла, Босна и Херцеговина
17.11 (понеделник) “Петок 13“, Народен Театар Струмица
19.11 (среда) “Предлог за брак/Мечка“, Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
22.11 (сабота) “Госпоѓа Министерка“, Театар “Џинот“, Велес
25.11 (вторник) “Смртта на еден човек на Балканот“, Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
Сите претстави започнуваат од 19 часот.
Култура
Изложба на Иван Ивановски во Кина
Во Гуангдонг Сан Та Музејот за Уметност во Гуанџоу, Народна Република Кина, на 8 ноември 2025 година, беше отворена самостојната изложба „In Between“ на македонскиот уметник Иван Ивановски.
Куратор на изложбата е Александра Ацеска, а настанот е реализиран во организација на Фликер студио, Зенг Чуан, Чен Хуе Бин (Guangdong San Ta Museum of Art), со ко-организатор Жанг Веи, а изложбата е реализирана со поддршка на Министерство за Култура и Туризам на Република Северна Македонија.

Изложбата е придружена со музиката на Андреја Салпе и Оливер Митковски (Поетроника), студиски сет специјално снимен за оваа прилика.
Фотографиите се на Даниел Коцев – Пазамат, а дизајнот на постерот е на Лиу Чен.
![]()
![]()

Култура
Македонскиот проект „Балада за лонецот и капакот“ доби 9.000 евра за развој на сценарио
Филмот „Балада за лонецот и капакот“ во режија на Вардан Тозија, а во продукција на Ивана Шекуткоска и Минимал Колектив Продукција, е меѓу избраните проекти што ќе добијат финансиска поддршка во рамки на 2025 Funding Round на SEE Cinema Network.
Официјалната најава беше објавена во рамки на 66. Меѓународен филмски фестивал во Солун (TIFF66), каде што SEE Cinema Network ги претстави добитниците на овогодинешниот развоен фонд, соопшти Агенцијата за филм.
Секој од поддржаните проекти ќе добие 9.000 евра наменети за развој на сценарио и подготовка на продукција.

