Култура
Министерката за култура го посети снимањето на „Панкот не е мртов“
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во четвртотко jа посети филмската екипа која работи на снимањето на долгометражниот филм „Панкот не е мртов“ и присуствуваше на снимањето на сцените во Домот на културата во скопската населба Автокоманда
На снимањето инистерката Елизабета Канческа-Милеска посакувајќи и’ успех на целата екипа го изрази своето задоволство што во филмската продукција нема застој и што сите предвидени проекти се одвиваат со проектирано темпо на реализација. „Ова е голем скок во македонската филмска продукција, бидејќи се снимаат седум филма истовремено и се надевам дека овој тренд ќе продолжи и следните години и дека и во иднина ќе имаме вака богата филмска продукција“, истакна Канческа-Милевска.Играниот филм „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски кој воедно е и автор на сценариото се вбројува во жанрот на ткн „црна комедија“ која се обидува да долови некои од феноменити на маргиналната средина во Скопје, при што се тоа се проследува низ обидот на членовите на поранешна панк група да ги искористат шансите повторно да се соберат по деценија и пол.Главните улоги ги толкуваат Јордан Симонов, Камка Тоциновска, Тони Михајловски, Кирил Поп Христов, Џевдет Јашари, Владимир Тулиев, Флора Достовска, а во филмот се појавуваат и Јовица Михајловски, Нино Леви и Данчо Чевревски. Продуцент на филмот е Дарко Попов. Филмот се снима на повеќе локации во Скопје, како и во Дебар и во Куманово.Долгометражниот македонски игран филм „Панкот не е мртов “ чие снимање е поддржано од Министерството за култура преку Филмскиот фонд пред публиката треба да се најде идната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Македонскиот филм М со ново гран при, овој пат во Шведска
Македонскиот филм М, во режија на Вардан Тозија, а во продукција на „Фокус покус“, ја освои главната награда за најдобар филм на интернационалниот фестивал на жанровски филм Light Till Dark во Оребро, Шведска.
„Овој филм носи нова перспектива на еден познат жанр. Филм со силни актерски изведби и сензитивна режија. Тоа е прекрасен филм, еднакво визуелно и тематски. Филм кој нè остава со надеж, но и скршено срце“, беше образложението на интернационалното жири.
Фестивалот Light Till Dark е фестивал чија селекција обединува нови и класични филмски дела од областа на фантастиката, научната фантастика и хоророт. „Целта на овој фетивал е да се промовираат жанровски филмови, но и да се откриваат нови дела, кои не стигнуваат во широка дистрбуција“, изјави Даниел Лундстен, директорот на фестивалот.
М не запира со својата фестивалска турнеја. Следни проекции ќе се одржат на почетокот на декември, каде што М ќе ги има својата холандска и финска премиера во рамките на официјалните селекции на фестивалот Eastern Neighbors во Хаг и Интернационалниот скандинавски филмски фестивал во Хелсинки.
Култура
Прва читачка проба на претставата „Народен пратеник“
Првата читачка проба на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во адаптација и режија на Егон Савин започна денес, а асистент на режија е Шенај Мандак.
Во претставата играат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска. Како сценограф се потпишува Весна Поповиќ, костимограф е Роза Трајческа – Ристовска, а преводот е на Загорка Поп-Антоска Андовска.
Овој „Народен пратеник“ е трета постановка на познатата драма на Бранислав Нушиќ. Првата постановка премиерно е изведена на 8 мај 1945 година, во режија на Тодор Николовски, и таа е втората поставена драма на сцената на МНТ. Поставена е уште еднаш – 24 април 1993 година, во режија на Димитрие Османли. Таа е една од најпосетените и најдолговечни претстави: се игра до 2008 година, со вкупно 188 изведби. Режисерот Савин и авторот Нушиќ се неминовен и неизоставен дел од МНТ. Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период – ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996). Бранислав Нушиќ, пак, е еден од најпоставуваните автори на сцената на МНТ.
Во 80 години постоење, од 1945 година до денес, поставени се осум негови дела со вкупно шеснаесет постановки од повеќе режисери и во различни верзии.
Култура
Изложба на Јана Манева-Чупоска во Истанбул
Јана Манева-Чупоска изложува во Истанбул во Македонскиот центар. Отворањето на изложбата е на 27-ми среда во 19.00 часот.
Манева-Чупоска ќе излага цртежи од циклусот „Љубовници во пандемија“. Насловот има алегорична конотација и алудира на надежта и потребата на човекот кон подобро утре. Преку фигуративните композициски ликовни претстави, колажни експерименти авторката Јана Манева – Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во време на корона кризата, но и покрај официјалното завршување на вирусот кај човекот остави длабоки психолошки траги на страв и несигурност.
Изложбата се состои од триесеттина дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника молив, јаглен, акрил и темпера и еден диптих во поголем формат изработен во техника акрил.
Изложбата е финансирана од Министерството за култура и туризам на Р.С. Македонија како изложба од национален интерес за 2024 година.