Контакт

Култура

Сензуалноста на Стефан Хаџи-Николов во Мала станица

Објавено пред

Самостојната изложба на сликарот Стефан Хаџи-Николов ќе биде отворена утревечер во 20 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица

dobivaj vesti na viber

Како и претходните, и сликите за претстојната изложба претставуваат пофалба на женското тело, неговата сензуалност и убавина. Во својот ликовен израз Хаџи-Николов го поставува телото во една префинета  јукстапозиција со поимите како што се вечност и минливост, архаичност и современост, класичност и модерност. Амбиентот е просторно-временски детерминиран. Женското тело е во ентериер, под стреа на куќата на Робевци во Охрид, а за една од сликите е искористен ентериерот во Мала станица, специјално направена за оваа изложба. Женските тела се насликани со суптилен еротомански хедонизам, без претензија на подлабока ликовно-филозофска рефлексија, иако тие слики сами по себе природна зрачат со една несвесна творечка контемплација. Сликите се рамнотежа на еротското и поетичното. Стефан Хаџи-Николов (1955) реализирал над 40 самостојни изложби во земјава и странство, а учествувал и на повеќе од 100 групни изложби и меѓународни колонии. Член е на ДЛУМ од 1984 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Филмот „Мајка“ на Теона Стругар-Митевска утре во Венеција ја отвора програмата „Хоризонти“

Објавено пред

Од

Денес, 26 август 2025 година, се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза во Скопје. Веќе утре, 27 август, токму во пресрет на овој значаен јубилеј, на 81. меѓународен филмски фестивал во Венеција, ќе се одржи светската премиера на филмот „Мајка“ (Mother) на Теона Стругар-Митевска.

dobivaj vesti na viber

Филмот ќе ја има честа да ја отвори престижната програма „Хоризонти“ (Orizzonti) на фестивалот, која е посветена на најновите авторски и уметнички тенденции во светската кинематографија.

„Мајка“ е инспириран од животот на Мајка Тереза прикажувајќи ја Колката во 1948 година во моментот кога таа ја носи клучната одлука да го напушти манастирот и да им се посвети на сиромашните.

Филмот е копродукција на Северна Македонија, Белгија, Шведска, Данска и Босна и Херцеговина. Во главните улоги настапуваат светски познатите актерки Нуми Рапас и Силвија Хукс заедно со Никола Ристановски, Лабина Митевска и други.

Официјалната премиера ќе се одржи на 27 август во 16 часот во Sala Darsena во рамките на фестивалот во Венеција.

Прикажи повеќе...

Култура

Австралиска премиера за „Јон Вардар против галаксијата“ во срцето на Сиднеј

Објавено пред

Од

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, ќе ја има својата австралиска премиера на Sydney Science Fiction Film Festival – најголемиот филмски фестивал во Австралија посветен на научната фантастика.

dobivaj vesti na viber

Шестото издание на фестивалот ќе се одржи од 3 до 5 октомври во центарот на Сиднеј во престижниот комплекс Event Cinemas George Street. Филмот на Цветановски е во трка за наградата Рон Коб за најдобар игран филм – именувана по легендарниот концептуален уметник Рон Коб (Ron Cobb), кој остави траен белег во светската кинематографија со својата работа на филмски класици како Осмиот патник, Војна на Sвездите и Враќање во иднината.

„Фантастиката за мене отсекогаш била средство да зборувам за реалноста. Среќен сум што австралиската публика и македонската дијаспора ќе имаат можност да го проследат филмот на големото платно. “ изјави режисерот Гоце Цветановски.

Сценариото на филмот го потпишува Гоце Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Другите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска.

Прикажи повеќе...

Култура

Гала Матевска за песната „Студ“ ја доби наградата „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата

Објавено пред

Од

Гала Матевска за песната „Студ“ ја доби наградата „Енхалон“ за најдобра песна прочитана од млад автор на Струшките вечери на поезијата.

dobivaj vesti na viber

Одлуката ја донесе тричлена жири-комисија во состав: Стефан Костоски (претседател), Никола Ѓелинчески (член) и Пепи Стамков (член).

„Песната „Студ“ на Гала Матевска изобилува со цврсти поетски слики за кревкоста на телото и тежината на душата. Сликите на месечини што висат од прстите, напукнати коски и облаци над планините ја претвораат природата во огледало на внатрешниот свет. Поетесата не се одмерува со планините во метри, туку со денови, генерации и таги. Времето тече и се преклопува, минатото и сегашноста се судруваат, а вистината се открива преку болката и сеќавањето. Во сржта на оваа песна има мешавина од спротивности: тишина што зборува, неподвижност полна со движење, тага испреплетена со убавина. „Белите океани“ симболизираат и минато и иднина, а последната слика – студот на друго лице што студи на своето – ја нагласува блискоста и оддалеченоста што постојат истовремено. Лирична и искрена, песната ја носи борбата со сопствената тежина, но и потрагата по светлина и возвишеност“, стои во одлуката на жири-комисијата.

64-тите Струшки вечери на поезијата завршија синоќа со меѓународниот поетски митинг „Мостови“ и врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“ на словачкиот поет Иван Штрпка , „Браќа Миладиновци“ на македонската поетеса Јулија Величковска и „Мостови на Струга“ на поетот Матеуш Шимчик од Полска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денеска оствари работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски....

Македонија1 час

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати 20 пожари во Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 23 пожари на отворен простор,...

Топ2 часа

Уапсен возач во Кичево – усмртил пешак на пешачки премин и избегал од местото на несреќата

Полицијата уапси возач во Кичево кој со возило удрил во пешак и избегал, а пешакот подоцна починал во болница во...

Македонија3 часа

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена...

Македонија3 часа

„Влен“: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи

Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи...

Свет4 часа

Австралија: Иран нарача најмалку два антисемитски напада во нашата земја

Австралија денес објави дека ќе го протера амбасадорот на Иран во Канбера, а премиерот Ентони Албанезе го обвини Техеран за...

Македонија5 часа

Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска, во Собранието, ќе ја...

Македонија15 часа

(Видео) Во потрага по храна, мечка се качи на тераса од семејна куќа во Тетовско

Мечка се качила на тераса од семејна куќа во тетовското село Отуње. Членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата,...

Македонија21 час

Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени...

Македонија22 часа

Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство. Осомничениот извршил грубо насилство...

Свет23 часа

Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во...

Македонија23 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија1 ден

Алиу на средба со д-р Кедев: Сите што имаат информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со...

Македонија1 ден

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ги цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинството и правото...

Топ1 ден

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка...

Европа1 ден

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет1 ден

Канада отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа1 ден

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....

Македонија1 ден

На Табановце за излез од државата се чека 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е...

Македонија2 дена

Вкупно девет пожари на отворен простор, активен еден, а два се под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен,...