Контакт

Култура

Филмски портрет на Ацо Алексов во Кинотека

Објавено пред

Во петок, 4 ноември (13 часот) во Кинотеката на Македонија ќе има промоција на документарниот филм за доајенот на македонската театарска, филмска и ТВ-режија, Ацо Алексов (1932-2005)

dobivaj vesti na viber

Документарниот филм е во режија на Томислав Алексов, светло на Аце Велевски, камера на Александар Касапинов и монтажа на Едип Салих. Алексов работел во Народниот театар во Струмица (1950 – 1959), во Вардар филм (1960 – 1961) и во Македонската телевизија (1961 – 2000). Од неговата богата театрографија најзначајни се: „Заточениците од Алтона“, „Шест лица го бараат авторот“, „Свет“, „Вообразен болен“, „Магаре“, „Ханка“, „И борец и победник“, „Женидба“, „Диви“, „Кумановска свадба“. Награди: Награда на град Струмица „8-ми Ноември” (1957), награда за надобра режија на МТФ „Војдан Чернодрински“ за претставата „Сите мои синови” (1971), награда за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ во 2004 година.

Алексов е еден од основачите на Македонската радио-телевизија. Од неговиот обемен телевизиски опус можат да се издвојат: „Светлини и бои” (1997), „Бог да ги убие шпионите” (1993), „Словенски Орфеј” (1992), „Сили во воздухот” (1992), „Премиера” (1983), „Парадоксот на Диоген” (1975), „Шути и рогати” (1973), „Грдиот нарцис” (1968), „Крчмите” (1966). Серии: „Волшебното самарче”, „Првите цутови”, „Белото циганче”, „Умни глави” и др. Како актер настапувал во многу претстави во Струмичкиот народен театар, а глумел и во филмовите: „Капетан Леши” (1960), „Мис Стон” (1958), „Малиот човек” (1957), „Последниот колосек” (1956). Бил асистент на режија на играниот филм „Мирно лето”.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Јубилејно 50. издание на Млад Отворен Театар во МКЦ од 19 – 25 ноември

Објавено пред

Од

МКЦ го најавува новото, 50-то издание на Млад отворен театар – МОТ од 19 до 25 ноември. Со внимателно селектирани претстави, концерти и изложба, МОТ оваа година го насочува своето внимание кон македонските автори кои успешно создаваат надвор од границите на државата и во низа половина век постојано отвораат на нови сценски хоризонти.

dobivaj vesti na viber

Под насловот „Нашите во светот“, јубилејното издание ја слави интернационалната видливост на македонската театарска мисла и ја истакнува вредноста на уметниците кои потекнуваат од нашата културна средина, а се етаблирале во европски и регионални театри.

„МОТ во 2025 година ќе ги донесе на домашна сцена нивните најнови претстави, создадени во театарски куќи во регионот и пошироко, овозможувајќи им на гледачите да ги видат делата на нашите режисери, актери и сценски автори кои создаваат надвор, но со јасен печат на македонската уметничка школа“, информира Русе Арсов во името на тимот на МКЦ.

Отворањето на фестивалот е со претставата „Лимени барабан“ (Лимениот добош) во режија и адаптација на Васил Христов, која е поставена на сцената на Југословенско драмско позориште во Белград. „Лимениот добош“ на Гинтер Грас е еден од најважните романи на 20 век, каде преку ликот на Оскар Мацерат, 30 годишен пациент на психијатрија, кој како момче со три години на почетокот на Втората светска војна, донел одлука или одбил да расте. Протестирајќи против возрасните, Оскар ги коментира историските случувања од детска перспектива, цртајќи слика на светот која брза кон самоуништување. Во оваа претстава на Југословенско драмско позориште, македонската екипа е проширена и со композиторот Никола Коџобашија и авторот на сценографија Константин Трпеновски.

Затворањето на фестивалот е предвидено да биде со „Мајка храброст и нејзините деца“ во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Новосадско позориште. Покрај Пројковски како дел од авторската екипа се и Олга Панго – кореографија, Валентин Светозарев – сценографија и Сергеј Светозарев автор на плакатот.

Авторка на годинешниот плакат на МОТ е Кристина Горовска.

Целосната програма и распоред на фестивалот можат да се погледнат на официјалната страна на фестивалот mot.mk, каде и ќе може да се набават и онлајн билетите за програмите на фестивалот веќе од четврток, 13 ноември.

Годинешната програма на фестивалот е поддржана од Министерството за култура и Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

„Варвари“ на Горки првпат на македонската сцена: премиера во МНТ во режија на Владимир Милчин

Објавено пред

Македонскиот народен театар ја најавува премиерата на претставата „Варвари“ – дело на големиот руски писател Максим Горки, во режија на проф. Владимир Милчин.

dobivaj vesti na viber

Премиерата ќе се одржи на 13 ноември, а следната изведба е закажана за 14 ноември 2025 година. Во оваа амбициозна сценска постановка учествува импресивна актерска екипа: Тони Михајловски, Габриела Петрушевска, Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Софиа Насевска-Трифуновска, Владо Јовановски, Григор Јовановски, Ана Стојановска, Оливер Митковски, Тања Кочовска, Александар Микиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Јордан Симонов, Сашка Димитровска, Емил Рубен, Александар Ѓорѓиески, Дамјан Цветановски, Ивица Димитријевиќ, Александар Михајловски, Јана Вељановска и Стефан Спасов. Голем дел од актерската екипа се поранешни студенти на режисерот Милчин, што му дава на проектот дополнителна уметничка димензија.

„Во годината кога МНТ одбележува 80 години од постоењето, горд сум што за првпат во историјата на македонскиот театар, делото „Варвари“ ќе оживее токму на оваа сцена. И уште повеќе, благодарен што професорот Владимир Милчин го стави својот режисерки печат токму на оваа претстава. Благодарен сум на актерите, кои под палката на Милчин, безрезервно се дадоа во процесот на подготовките, како и на тимот зад сцената. И сите заедно успеаја да го материјализираат овој театарски подвиг – за првпат да ги погледнеме Варвари на нашата сцена.“, изјави на денешната средба со медиумите, директорот на МНТ, Никола Кимовски.

Делото „Варвари“ за првпат се поставува на театарска сцена во Македонија. Напишана во 1906 година, драмата на Горки се занимава со длабоки социјални и морални конфликти на почетокот на 20 век во Русија, преку судирот меѓу старото и новото, традицијата и модерноста, човечноста и бездушниот технички напредок. Главните ликови — интелектуалци, инженери, работници и обични луѓе — се поставени пред морални дилеми што ги откриваат нивните најдлабоки човечки слабости и противречности. Како автор, Максим Горки останува извонредно современ и во 21 век. Неговите дела, меѓу кои и „Варвари“, се остра критика на лажната цивилизација и моралната корупција што ги носи капитализмот. Преку инженерите Черкун и Циганов, симболи на „железната“ Русија, која ја уништува човечноста на „дрвената“, Горки поставува суштинско прашање — дали напредокот има смисла ако не е заснован на морал и совест. Наспроти нив, студентот Лукин ја олицетворува немоќната интелигенција, која ја согледува неправдата, но не наоѓа сила да ѝ се спротивстави.

„Земајќи предвид дека драмата била забранета да се изведува дури и во Русија, матичната земја на Горки, па затоа нè е ни чудно што за првпат се изведува во Македонија.“, рече професорот и режисер, Милчин. И денес, повеќе од еден век подоцна, Горкиевите „варвари“ нè потсетуваат дека вистинскиот напредок е невозможен без човечност. Креативниот тим на претставата го сочинуваат: сценограф – Беди Ибрахим; костимограф – Марија Пупучевска; преводот на текстот го направија Ема Марковска Милчин и Владимир Милчин; aсистент на режисерот е Шенај Мандак; асистенти на сценографот се Бојана Исијанин и Мартин Манев; асистент на костимографот е Ангела Богеска; изборот на музиката е на Владимир Милчин; извршни продуценти се Виктор Рубен и Симона Угриновска.

По премиерата следи коктел и забава со диџеј Шурбе.

Прикажи повеќе...

Култура

Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

Објавено пред

Двојната изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ ќе се одржи на 18 и 21 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет. Балетот, поставен во два чина и инспириран од безвременскиот роман на Г. Флобер, ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес.

dobivaj vesti na viber

Диригент на изведбите е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и суптилен современ израз го доловува духот на 19 век и емотивната комплексност на главниот лик. Музичката подлога е составена од дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон и Георг Фридрих Хендл, со сценографија и костимографија на Андреј Злобин и Гана Ипатиева (Украина). Светло-дизајнот е на Милчо Александров, концерт-мајстор е Климент Тодороски, пијанист – Андреја Наунов, а менаџер на проектот е Киро Павлов.

Во главната улога на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Шарл Бовари, Франциско Хименез Руиз и Балаж Лочеи како Рудолф Буланже, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

„Госпоѓа Бовари“ ја претставува сложената психологија на главниот лик преку балет, музика и сценска уметност. Со внимателно избрани музички партитури и динамична кореографија, постановката ја доловува борбата на Ема Бовари меѓу личните желби и општествените ограничувања. Секоја сцена е внимателно дизајнирана да ја истакне емоционалната длабочина, визуелниот сјај и современиот пристап кон класичната приказна, создавајќи незаборавно сценско искуство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Мајка и ќерка во Австралија се преправале дека се видовити: измамиле луѓе за 46 милиони долари

Мајка и ќерка се уапсени во Австралија под сомнение дека се дел од една од најсофистицираните шеми за измама во...

Европа39 минути

Британија ја гради својата прва мала нуклеарна електрана: ќе биде во северен Велс

Велика Британија денес објави дека го избрала северен Велс како локација за својата прва нуклеарна електрана со мал модуларен реактор...

Свет45 минути

Боинг мора да им исплати 28 милиони долари на семејството на жртва од авионската несреќа

Поротата на федералниот суд во Чикаго во средата наложи Боинг да исплати повеќе од 28 милиони долари на семејството на...

Свет51 минута

(Видео) Трамп потпиша договор: се стави крај на најдолгата блокада на владата на САД во историјата

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се става крај на најдолгото затворање на владата во историјата на САД,...

Свет13 часа

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија16 часа

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија18 часа

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија19 часа

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија21 час

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија22 часа

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура22 часа

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија22 часа

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет22 часа

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија23 часа

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет23 часа

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет23 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет24 часа

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа1 ден

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет1 ден

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет1 ден

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...