Култура
Филмски викенд со Кнут Хамсон во Струмица

Во организација на Тивериополската филмска алијанса и Кинотеката на Македонија, со поддршка од Амбасадата на Кралството Норвешка, викендов (12 и 13 декември) во Домот на АРМ Струмица ќе бидат прикажани неколку филмови снимени според делата на нобеловецот Кнут Хамсон
Циклусот посветен на Хамсон минатиот месец беше прикажан во Кинотеката на Македонија, како дел од одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето овој норвешки автор, добитник на Нобеловата награда за литература во 1920 година. Во Струмица оваа филмска пограма е дел од одбележување на денот на заштитниците на градот, „Св. петнаесет тивериополски свештеномаченици“. Покрај биографска сторија за нобеловецот „Хамсун“ (1996), режија Јан Троел, ќе бидат презентирани и филмовите „Глад“ (1966) на Хенинг Карлсен, „Две зелени пердувчиња“ (1995) на Карлсен и „Телеграфист“ (1993) на Ерик Густавсон.Во последната недела од месецов Тивериополската филмска алијанса ќе ја одбележи 20-годишнината од смртта на еден од најголемите светски драмски автори Семјуел Бекет. Овој блок на активности ќе биде заокружен на Божик со претставување на првите кратки филмови за Исус на Фердинанд Зека.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Хит-комедијата „Вечерва сме сами“ на 26 април во Националната опера и Балет

Хит комедијата „Вечерва сме сами“, во која Семир Гичиќ и Наташа Аксентијевиќ со својата маестрална игра освојуваат публика низ целиот регион, доаѓа во Скопје! На 26 април, љубителите на добриот хумор ќе имаат можност да ја гледаат оваа урнебесна претстава во „Националната опера и балет“.
Ова е динамична и духовита комедија која на забавен, но истовремено и длабок начин, ја прикажува комплексноста на љубовните односи. Преку препознатливи животни ситуации, неочекувани пресврти и духовити дијалози, публиката ќе ужива во приказна што ќе ја насмее, но и ќе ја натера на размислување.
„Вечерва сме сами“ го доловува балканскиот менталитет, каде човек често прифаќа сè она што, декларативно, никогаш не би прифатил. Специфичноста на ова тло е што и прифаќањето и неприфаќањето се подеднакво погрешни. А најтешко е да се убедиш самиот себе дека твојот живот навистина се случува, а не е туѓа лоша шега. Кога човек мисли дека нешто завршило, тоа дури тогаш почнува. Кога поверува дека разбрал, токму тогаш е изигран – по којзнае кој пат!
Оваа претстава носи приказна за љубовниот живот на двајца луѓе чии односи се нишаат помеѓу страсна љубов и немилосрдни судири. Преку одличната игра на Гичиќ и Аксентијевиќ, гледачите ќе се препознаат во комичните, но и реални сцени, кои ќе ги потсетат дека животот секогаш носи неочекувани пресврти.
Култура
Кинотеката на Македонија со зголемен буџет од 𝟣,𝟧 милион за 𝟤𝟢𝟤𝟧 година

Н.У. Кинотека на РС Македонија во 2025 година влегува со буџет од 7,5 милиони денари со кои ќе реализираат програмски активности од областа на заштитата на аудиовизуелните добра, проекти од меѓународна дејност и евроинтеграции, како и од издавачка дејност. Буџетот на единствената институција во државава што се грижи за националното аудиовизуелно наследство е зголемен за повеќе од 1,5 милиони денари во однос на минатата година.
Најголемиот дел од вкупната сума, односно 6,5 милиони денари, ќе бидат потрошени на тековни и нови проекти во областа на заштитата, како што се прибирање филмови и филмски материјали, документација и музејски ескпонати, обработка и каталогизација на прибрана граѓа, но и на годишната филмска програма во Кинотеката, преку која се обезбедуваат проекци на актуелни и култни филмски остварувања во една од најпосетените киносали во државата.
Годинава ќе се работи и на дигитална реставрација на уште едно класично дело од македонската кинематографија – играниот филм МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА (1967) на режисерот Трајче Попов, како и на дигитална реставрација на 25 анимирани филмови од македонската школа на анимиран филм, школа која беше активна во ‘70-те и ‘80-те години на 20. век (Д. Марковиќ, Б.Пејчинов, Д. Михајловски, итн.). Играниот филм МИС СТОН (1958) на режисерот Ж. Митровиќ што минатата година беше дигитално реставриран, а оваа 2025 година ќе го добие и своето блу-реј издание.
Во соработка со македонските културно-информативни центри во регионот, Кинотеката ќе организира и презентација на македонската кинематографија преку програма насловена како „Денови на македонски филм“, а на полето на издавачката дејност, покрај новиот број на Кинопис, се подготвува да излезе од печат и монографијата „70 Години македонски филмски плакат“.
Култура
Почина Наташа Маневска, драматург во штипскиот театар

Со огромна тага ја споделуваме веста за смртта на нашата колешка Наташа Маневска, драматург во НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, соопшти штипскиот театар.
Маневска беше член на нивниот колектив од 2011 година и во периодот од 2011 до 2015 година беше на чело на институцијата како директор.
Од 2016 година беше на работното место драматург.
Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Штип в четврток, 27.2.2025, од 13 до 14 часот.
Комеморација во нејзина чест ќе се одржи во Театар „Штип“ в петок, 28.2.2025 во 12 часот.