Контакт

Култура

Премиерот на Австралија напишал книга за деца

Објавено пред

Премиерот на Австралија, Кевин Руд, нашол слободно време за да и’ се препушти на имагинацијата, па напишал книга за деца во која ги оживува своите домашни миленици

Во книгата носители на дејството се мачката и кучето на премиерот Руд, кои одат во авантура низ подрумите на резиденцијата на премиерот, што се наоѓа во престолнината Камбера.„Тоа е интересна, всушност многу многу привлечна книга“, изјавил портпаролот на премиерот.На новинарско прашање, портпаролот изјавил дека ги знае милениците на премиерот, и како што вели „тие се стари домашни миленици што фамилијата многу ги сака“.Книгата ќе излезе од печат на 26 јануари кога Австралија го празнува денот на откривањето, кога во 1788 г. првпат се стапнало на австралискиот брег.„Дел од профитот од продажбата ќе биде наменет за добротворни цели поврзани со децата“, додал портпаролот.Во интервју за весникот Sunday Telegraph, премиерот Руд, шеговито изјавил дека сака да ја прејде својата ќерка новелист Џесика, и додал дека за приказната се посоветувал со телевизиската ѕвезда Рајс Мулдон.„Сакав да им дадам хуман облик“, рекол Руд за своите многу сакани миленици.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Филмот „Отворена врата“ во македонска копродукција е кандидат за „Оскар“ на Албанија

Објавено пред

Играниот филм „Отворена врата“, дебитантски филм на младиот албански режисер Флоренц Папас, во кој Mакедонија учествува како копродуцент, е кандидат за „Оскар“ на Албанија во категоријата најдобар странски филм.

Филмот е во продукција на „Бункер филм+“ од Албанија, а копродуценти се „Сиркл филм“ од Косово, „Лупин филм“ од Италија и „Авард филм и видео“ од Македонија, а со поддршка и на „Еуримаж“.

„Отворена врата“ се снимаше во Албанија во 2018, а е приказна за мажена жена и нејзината бремена сестра, кои се обидуваат да најдат маж за да глуми нејзин сопруг пред средбата со нивниот строг традиционален татко.

Како македонски дел од екипата, покрај продуцентите Горан Стојилковиќ и Владимир Стојчевски, во проектот учествуваат и актерот Висар Вишка, композиторот Александар Пејовски, Фејми Даут како прв асистент на камера, дизајнерот на звук Игор Поповски од студиото „Аудиохаус“, заедно со целосната екипа на секторот звук составена од Ристо Алчинов, Илија Цветковски, Драган Спасов, Ненад Стефаноски и Леотрим Вока.

Филмот светската премиера ја имаше минатата година во главната програма на Сараевскиот фестивал, а македонската премиера беше на Фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

Покрај тоа „Отворена врата“ беше прикажан на петнаесетина значајни фестивали во целиот свет.

Прикажи повеќе...

концерти

Гала-оперски концерт во рамките на Есенските музички свечености

Објавено пред

На 4 ноември, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет, ќе се одржи гала-оперски концерт, настан кој е во рамките на фестивалот Есенски музички свечености 2020.

Диригент е Иван Еминовиќ. Настапуваат оперските солисти Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигориевиќ, Наде Талевска-Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров, Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстори се Јасмина Ѓоргеска и Ѓургица Дашиќ.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени за моментата состојба предизвикана од пандемијата на Ковид-19 за одржување настани одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење заштитна маска, а влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Билетите се во строго ограничен број.

Прикажи повеќе...

Култура

Битолскиот театар ги откажа претставите, потврдени се случаи на коронавирус

Објавено пред

Битолскиот театар ги откажа претставите по потврдени неколку случаи на коронавирус.

„Почитувана наша публико, со жалење ве известуваме дека ни НТБ не остана имун на вирусот Ковид-19. Веќе се изолирани неколку случаи и во тоа име, сакајќи да го заштитиме нашиот колектив, а секако и вас, драга публико, претставите и работата на новата претстава се одложуваат за одредено време“, соопштија од театарот.

Исто така, велат од таму, одговорно изјавуваме дека сите претстави, проби, промоции, концерти, кои беа организирани во изминатиот период, беа изведени под силни протоколи и по сите пропишани мерки за заштита.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет2 часа

Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија3 часа

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија4 часа

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија4 часа

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија6 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија7 часа

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија7 часа

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет8 часа

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија9 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија10 часа

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет10 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија10 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија11 час

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа20 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија21 час

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија21 час

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија23 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет1 ден

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија1 ден

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Досие