Контакт

Култура

Почина францускиот режисер Ерик Ромер

Објавено пред

Францускиот режисер Ерик Ромер, меѓународно познат по своите филмови кои се занимаваат со сложеноста на романтичните односи, почина на 89 години, објави продуцентската куќа која ги продуцираше неговите филмови

Продуцентската куќа Les Films du Losange објави дека Рохмер починал во понеделникот во Париз. Причините за смртта сеуште не се објавени. Меѓу најпознатите Ромерови филмови се и „Мојата ноќ кај Мауд“ и „Коленото на Клер“.Тој снимаше филмови се до неодамна, односно се до неговиот последен филм „Љубовта на Астри и Селадон“ од 2007 година.Ромер во филмската уметност дебитираше во почетокот на педесетите години на минатиот век. Во 2001 година на Венецијанскиот фестивал, доделена му е наградата „Златен лав“ за животно дело.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Споменикот за Горан Стефановски е готов и ќе биде поставен во неговото Дебар Маало

Објавено пред

Во чест на починатиот писател, режисер, сценарист, драматург и еден од најзначајните ликови во македонската култура, Горан Стефановски, Општина Центар заедно со семејството на Стефановски во неговото Дебар Маало набргу ќе го постави долгонајавуваниот споменик.

Симболичниот споменик е веќе излеан и се наоѓа во Лондон, а ќе биде поставен во паркчето што се наоѓа спроти бараките на Општината, веднаш до чинарот, кој минатата година на роденденот на Стефановски – 27 април, беше засаден во знак на сеќавање на доајенот на македонската литература.

Одбележувањето на роденденот на Горан Стефановски е дел од програмата за култура на Општина Центар и со исклучок на годинава, кога целиот свет се соочува со пандемијата на коронавирусот, Општината секоја година во Дебар Маало ќе го одбележува со пригоден настан.

„Од неодамна функционира и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, чија цел е неговиот опус во секое време да биде достапен на граѓаните за подобро запознавање со неговите дела и промоција на сето она што значеше Горан за македонската културна сцена“, се наведува во соопштението од Општина Центар.

Стефановски беше автор на многу текстови и драми, меѓу кои и „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на детската ТВ-серија, „Бушава азбука“.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Светски познати теоретичари и експерти на уметноста ќе одржат онлајн-предавања во МСУ

Објавено пред

Музејот на современата уметност – Скопје во рамките на Интердисциплинарната програма почнува со онлајн-предавања со наслов „Без/редие во светот на уметноста“. Предавачи во рамките на програмата се водечки автори, теоретичари и експерти за актуелни прашања и согледби врзани со уметноста, како: Сантијаго Забала, (Santiago Zabala), кој ќе одржи предавање на 29 октомври, Шантал Муф (Chantal Mouffe) на 14 ноември, Ејал Вајзман (Eyal Weizmen) на 25 ноември, Кети Чукров (Keti Chukhrov) на 10 декември и Џеф Дијаманти (Jeff Diamanti) на 17 декември.

Сите предавања почнуваат во 18.30 часот и ќе бидат реализирани преку „Зум“, а линкови за следење на предавањата ќе бидат овозможени преку официјалната веб-страница на музејот https://msu.mk/home/ и преку страницата на МСУ на „Фејсбук“ https://www.facebook.com/msuskopje/.

Автор на програмата е Тихомир Топузовски, раководител на интердисциплинарната програма во МСУ и главен и одговорен уредник на списанието „Големото стакло“. Топузовски пред секое предавање ќе има свој вовед и понатаму прашања во рамките на предавањата. Основните определби на оваа програма е да претставува и промовира современи критички форми на знаење, методологии за истражување, како и анализи и разбирање на уметничките и културните практики.

Програмата почнува в четврток во 18.30 часот со онлајн-предавањето на Сантијаго Забала, професор по филозофија на Универзитетот Pompeu Fabra во Барселона. Наслов на предавањето е „Уметноста глобалното враќaње кон поредокот“. Забала е автор на многу книги вклучувајќи го и делото „Зошто само уметноста може да нè спаси нас: Eстетиката и отсуството на вонредност“ (Columbia University Press, 2017).

Забала објавува за „Гардијан“, „Њујорк тајмс“ и „Ал џезира“. Негова последна книга е „Да се биде на слобода: Слободата во ерата на алтернативните факти“ (McGill-Queen’s University Press, 2020). Во своето предавање тој ќе се осврне на политичарите и интелектуалците, кои инсистираат на универзални вистини, создавајќи состојба во која отсуството на вонредност е најголемата вонредна состојба. Во центарот на оваа состојба е верувањето дека нема алтернативи во рамките на глобалниот поредок. Овој поредок ja наметнува реалноста политички над другите култури оправдувајќи го неговото присуство преку дискредитирање на фактите.

На пример, противењето на Доналд Трамп на фактите за климатските промени има цел да создаде состојба на отсутност на вонредностa, каде што вистината ја наметнува авторитетот и ниту набљудувањето на надворешниот свет ниту дејствата спротивставени на властите не се дозволени во постојниот поредок. Ова спротивставување е еднакво застапено кон разликите, промените, како и кон културната другост, појави што треба да се избегнуваат и кои ja нарушуваат безбедната состојба, која властите ја претставуваат. Забала уверува дека уметноста функционира подобро отколку научните извештаи и филозофските трактати како начин на покажување на состојбите на вонредност. Ова не е поради умешноста на уметниците да создаваат убавина, туку поради интензитетот и длабочината на нивните дела. Целта на ова предавање е да се оди во разоткривање на случаите на најголема вонредност, тoa се случаите што ги превидуваме, игнорираме и ги отфрламе и доколку најголемата вонредност денес е отсуството на вонредни состојби, треба да се запрашаме како може уметникот да нè внесе во овие вонредности и што е спасот во оваа состојба?

Прикажи повеќе...

Култура

Играниот филм „Дедо и внук“ ја почна својата светска промоција

Објавено пред

Играниот филм „Дедо и внук“ ја почна својата светска промоција со интернационалната премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Приштина, ПРИФЕСТ 2020, кој е најважниот филмски настан што се одржува во Косово.

Фестивалот се состои од четири програми за натпреварување: програма за европски филмски натпревар, програма за балкански филмски натпревар (позната и како „Крв и мед“), натпреварувачка програма со средна должина (составена од филмови во должина од 25 до 60 мин.)

Дебитнатскиот игран филм на Илија Пиперкоски, „Дедо и внук“, оваа година беше дел од програмата „Крв и мед“ на 12. издание на фестивалот, кое поради ковид-пандемијата, се одржа во хибридно онлајн-издание.

Asian Cinematography Awards (ACA) е филмски фестивал основан и управуван од професионалци во филмската индустрија на Фондацијата за награди за кинематографија во Манила. Негувајќи ја кинематографската работа, фестивалот им доделува награди преку целата година на најдобрите кинематографи. На овој фествал наградата за најдобар директор на фотографија – кинематографер ја доби Патру Паунеску за филмот „Дедо и внук“.

Филмот го продолжува фестивалскиот живот на фестивалот „Дардан-фест“ во Албанија на крајот од октомври.

Филмот ја раскажува приказната по смртта на еден млад пациент, во која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај својот дедо. Последен пат бил кај него пред 10 години. Ова е филм за конфилкт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса. Љубовта не е нешто шот треба да биде научено. Тоа е нешто што веќе го имаме, но иронично е тоа што секогаш мора одново да го научиме. А со која цел? Да станеме почисти луѓе како некогаш кога бевме деца.

Главните улога во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, заедно со Салаетин Билал (19 март 1942 – 10 мај 2018), Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други.

Филмот комплетно се снимаше во Охрид и ова е првпат во поновата македонска филмска историја игран филм во целост да е снимен во Охрид и креиеран од автор што живее и твори во Охрид. Авторска екипа ја сочинуваат директорот на фотографија од Романија – Патру Паунеску, сценографијата во филмот ја креира Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, автор на шминката и маските е Клаудија Мусат, снимател на звукот е Мариус Станеску, монтажер е Данчо Стефков, композитор е Оливер Тевчев, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија38 минути

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа2 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија3 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија4 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија5 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт7 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет7 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет8 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија8 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука10 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија11 час

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија11 час

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија11 час

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија12 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион12 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион13 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет13 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет14 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа14 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Досие