Контакт

Култура

Хрватско народно казалиште гостува во Скопје

Објавено пред

Соработката на Македонскиот народен театар со Хрватско народно казалиште – Загреб продолжува и во текот на 2010 година. На 29 и 30-ти месецов хрватскиот театар ќе гостува на сцената на МНТ со „Важно е да се викаш Ернест“ од Оскар Вајлд, во режија на Томислав Павковиќ

Соработката на Македонскиот народен театар со ХНК започна пред три години. Овие два театри годишно разменуваат по една претстава. Во Скопје ХНК досега гостуваше со „Хасанагиница“ и „Црнината и‘ прилега на Електра“, а МНТ со Гогољевиот „Ревизор“. Поради намалениот буџет во културата минатата година, МНТ не гостуваше во Загреб.

„Важно е да се викаш Ернест“ е брилијантна комедија на славниот ирски автор, претстава за љубовта и нејзините заплеткани патишта, пресвртите кои ги носи заљубувањето во погрешната личност, мажите и жените. Играат: Душан Бучан, Лука Драгиќ, Бранка Цвитковиќ, Зринка Цвитешиќ, Горан Гргиќ, Власта Рамљак, Олга Пакаловиќ и Ален Шалиновиќ. Сценографијата е на Динка Јеричевиќ, костимографијата на Дорис Кристиќ, а музиката ја изведува инструменталниот состав „Три венчавки и два погреби“.

Што се однесува до новата продукција на Македонскиот народен театар, како прва премиера за оваа година е најавена претставата „Суд“ по текст на Коле Чашуле, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски. Набрзо ќе започнат подготовките за еден поголем проект, копродукција на МНТ со Ноекелнер опера од Берлин за претставата „Десет песни за Марија“ (работен наслов) од Дејан Дуковски, во режија на Санди Лопичиќ. Во претставата учествува македонско-германска екипа. Актерите Сенко Велинов, Гораст Цветковски и Јелена Јованова ќе бидат дел од овој проект. Премиерата е закажана за 8 април во Берлин.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Отворена ретроспективна изложба на Решат Амети во Даут пашин амам

Објавено пред

Ретроспективната изложба на академскиот сликар Решат Амети со наслов „30 години уметност“ беше отворена вчера во Даут пашин амам.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, му посака успех на Амети во понатамошната сликарска кариера.

На отворањето беа присутни претставници од највисокиот протокол на политичкиот кор, претседателот на Собранието, Талат Џафери кој е и долгогодишен пријател на Амети, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, амбасадорите на Албанија и Косово во РСМ, како и уметници и професори на државните и приватните универзитети.

Изложбата е достапна во Даут пашиниот амам секој ден, освен понеделник, од 10-18 часот.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на „101 сонет од една чудна пролет“ од Владимир Мартиновски

Објавено пред

Владимир Мартиновски (1974) пишува поезија, проза, есеи и книжевна критика. Автор е на десетина книги поезија, исто толку книжевно-есеистички книги, четири книги куси прози и раскази, како и на две книги за деца. Неговата поезија е преведена на дваесетина јазици. Добитник е на неколку книжевни награди. Се занимава и со музика. Разговорот со авторот ќе го води Николина Андова-Шопова.

Во поговорот на најновата поетска книга на В. Мартиновски, Оливера Ќорвезироска, меѓу другото, истакува: „’101 сонет од една чудна пролет’ е несекојдневна збирка песни за песните, поезија заседната дома, во поетскиот занает. Преклопувањето на карантинот на луѓето (поетот) со карантинот на поезијата (автореференцијалната песна) се творечкото кредо на оваа збирка. Таа е претворање на врвното непоетско околу нас во врвно поетско за нас и во нас; вистински дар, најубавото лице на долгото седење дома во пролетта 2020 година. Сонетите не се непознати за поетското творештво на Мартиновски, но сепак цела збирка исклучиво со толкав голем и провокативен број сонети е вистински подвиг. Најзабележлива карактеристика на збирката е удвоеноста на песните, спарувањето, дихотомноста. Речиси сите песни имаат свој парник, најчесто контрастен или само огледално обратен, утешителен или ризичен. Независно каков е односот на сонетите во диптисите, сметам дека најважното е тоа што секој сонет сам по себе функционира како грамофонска сингл-плоча со А и Б-страна. Тоа е многу повеќе од поетски (и музички) шарм, тоа е апотеоза на дуалноста, на двете лица на секое нешто, на денот и ноќта, на лошото и доброто…“

Книгата е во издание на „Кликер“. Настанот ќе биде реализиран во согласност со протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон нив. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.

Прикажи повеќе...

Култура

Споменикот за Горан Стефановски е готов и ќе биде поставен во неговото Дебар Маало

Објавено пред

Во чест на починатиот писател, режисер, сценарист, драматург и еден од најзначајните ликови во македонската култура, Горан Стефановски, Општина Центар заедно со семејството на Стефановски во неговото Дебар Маало набргу ќе го постави долгонајавуваниот споменик.

Симболичниот споменик е веќе излеан и се наоѓа во Лондон, а ќе биде поставен во паркчето што се наоѓа спроти бараките на Општината, веднаш до чинарот, кој минатата година на роденденот на Стефановски – 27 април, беше засаден во знак на сеќавање на доајенот на македонската литература.

Одбележувањето на роденденот на Горан Стефановски е дел од програмата за култура на Општина Центар и со исклучок на годинава, кога целиот свет се соочува со пандемијата на коронавирусот, Општината секоја година во Дебар Маало ќе го одбележува со пригоден настан.

„Од неодамна функционира и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, чија цел е неговиот опус во секое време да биде достапен на граѓаните за подобро запознавање со неговите дела и промоција на сето она што значеше Горан за македонската културна сцена“, се наведува во соопштението од Општина Центар.

Стефановски беше автор на многу текстови и драми, меѓу кои и „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на детската ТВ-серија, „Бушава азбука“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Пауновски: Нови вработувања ќе има следната година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека следната година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија51 минута

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице кое било во контакт со министерот за...

Македонија1 час

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија2 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија2 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија3 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет3 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија4 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет5 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија6 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет6 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет6 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет7 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа7 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет17 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија18 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа20 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија21 час

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија21 час

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија22 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Досие