Контакт

Култура

Девет странски филмови во трка за Оскар

Објавено пред

Девет филмови, меѓу кои и оние од Бугарија и Казахстан, влегоа во изборот за Оскар за најдобар странски филм, соопшти американската Академија за филм

Од понудените 65 филмови, избрани се девет филмови, а тој број ќе биде намален на пет, кога на 2 февруари ќе бидат соопштени номинациите за Оскар во сите категории. Во конкуренција за Оскар за најдобар филм снимен надвор од англиското говорно подрачје се остварувањата: “El Secreto de Sus Ojos” од Аргентина, “Samson & Delilah” од Австралија, бугарскиот филм “The World Is Big and Salvation Lurks Around the Corner“, како и „Un Prophete“ од Франција.Номинација за Оскар би можеле да добијат и филмовите „The White Ribbon“ (Германија), „Ajami“ (Израел),  „Kelin“ (Казахстан), „Winter in Wartime” (Холандија) и „The Milk of Sorrow“ (Перу).Свеченото доделување на Оскарите е закажано за 7 март.

Изложби

Отворена ретроспективна изложба на Решат Амети во Даутпашиниот амам

Објавено пред

Ретроспективната изложба на академскиот сликар Решат Амети со наслов „30 години уметност“ беше отворена вчера во Даутпашиниот амам.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, му посака успех на Амети во понатамошната сликарска кариера.

На отворањето беа присутни претставници од највисокиот протокол на политичкиот кор, претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој е и долгогодишен пријател на Амети, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, амбасадорите на Албанија и на Косово во РСМ, како и уметници и професори на државните и приватните универзитети.

Изложбата е достапна во Даутпашиниот амам секој ден, освен понеделник, од 10 до 18 часот.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на „101 сонет од една чудна пролет“ од Владимир Мартиновски

Објавено пред

Владимир Мартиновски (1974) пишува поезија, проза, есеи и книжевна критика. Автор е на десетина книги поезија, исто толку книжевно-есеистички книги, четири книги куси прози и раскази, како и на две книги за деца. Неговата поезија е преведена на дваесетина јазици. Добитник е на неколку книжевни награди. Се занимава и со музика. Разговорот со авторот ќе го води Николина Андова-Шопова.

Во поговорот на најновата поетска книга на В. Мартиновски, Оливера Ќорвезироска, меѓу другото, истакува: „’101 сонет од една чудна пролет’ е несекојдневна збирка песни за песните, поезија заседната дома, во поетскиот занает. Преклопувањето на карантинот на луѓето (поетот) со карантинот на поезијата (автореференцијалната песна) се творечкото кредо на оваа збирка. Таа е претворање на врвното непоетско околу нас во врвно поетско за нас и во нас; вистински дар, најубавото лице на долгото седење дома во пролетта 2020 година. Сонетите не се непознати за поетското творештво на Мартиновски, но сепак цела збирка исклучиво со толкав голем и провокативен број сонети е вистински подвиг. Најзабележлива карактеристика на збирката е удвоеноста на песните, спарувањето, дихотомноста. Речиси сите песни имаат свој парник, најчесто контрастен или само огледално обратен, утешителен или ризичен. Независно каков е односот на сонетите во диптисите, сметам дека најважното е тоа што секој сонет сам по себе функционира како грамофонска сингл-плоча со А и Б-страна. Тоа е многу повеќе од поетски (и музички) шарм, тоа е апотеоза на дуалноста, на двете лица на секое нешто, на денот и ноќта, на лошото и доброто…“

Книгата е во издание на „Кликер“. Настанот ќе биде реализиран во согласност со протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон нив. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.

Прикажи повеќе...

Култура

Споменикот за Горан Стефановски е готов и ќе биде поставен во неговото Дебар Маало

Објавено пред

Во чест на починатиот писател, режисер, сценарист, драматург и еден од најзначајните ликови во македонската култура, Горан Стефановски, Општина Центар заедно со семејството на Стефановски во неговото Дебар Маало набргу ќе го постави долгонајавуваниот споменик.

Симболичниот споменик е веќе излеан и се наоѓа во Лондон, а ќе биде поставен во паркчето што се наоѓа спроти бараките на Општината, веднаш до чинарот, кој минатата година на роденденот на Стефановски – 27 април, беше засаден во знак на сеќавање на доајенот на македонската литература.

Одбележувањето на роденденот на Горан Стефановски е дел од програмата за култура на Општина Центар и со исклучок на годинава, кога целиот свет се соочува со пандемијата на коронавирусот, Општината секоја година во Дебар Маало ќе го одбележува со пригоден настан.

„Од неодамна функционира и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, чија цел е неговиот опус во секое време да биде достапен на граѓаните за подобро запознавање со неговите дела и промоција на сето она што значеше Горан за македонската културна сцена“, се наведува во соопштението од Општина Центар.

Стефановски беше автор на многу текстови и драми, меѓу кои и „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на детската ТВ-серија, „Бушава азбука“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет2 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија6 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија6 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија7 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија7 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија7 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија8 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија9 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет9 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија10 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет11 час

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија12 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет12 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет12 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет12 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа12 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет23 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија24 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа1 ден

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Досие