Контакт

Култура

Кавадарци избран за „Град на културата“ во 2010, Охрид допрва се претставува

Објавено пред

Охридската локална власт денеска ја презентираше својата културна програма и кандидатура за нмманифестацијата „Град на Културата“ за 2010 г., незнаејќи дека Кавадарци е веќе избран

Додека Општина Охрид ја презентираше културната програма со која аплицирал за „Град на културата“, Кавадарци се подготвува за реализирање на своите културни проекти. Министерството за култура го избра градот Кавадарци и тоа го соопшти во својата годишна програма на официјалната веб страна. „Изработивме обемна културна програма и аплициравме заедно како општина Кавадарци заедно со Домот на културата.“ изјави Димитар Мурџев од Општина Кавадарци и додаде дека ќе се финансираат над 120 настани од областа на културата.Надлежните во охридската локална самоуправа не биле информирани за оваа одлука на Министерството, па се надеваат дека ќе имаат средства за да ги реализираат овие проекти кои се важни не само за Охрид туку и за Македонија, пренесува ohridnews.comОпштините Кавадарци, Кочани и Охрид годинава се пријавиja на конкурсот што го распиша Министерството за култура за организирање на манифестацијата „Град на културата“. По разгледувањето на пристигнатите пријави, стручна комисија одлучи дека Каварадци со програмата што ја понуди ќе биде општинaта – годинашен организатор на оваа значајна манифестација што се одржува по седми пат. Досега домаќини на ова случување, чија главна цел е создавање на рамномерен културен развој и достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, беа Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Велес и Радовиш кој беше ланскиот домаќин. Радовиш,  како „Град на културата” во 2009 година, целосно ги оправда одлуката и определбата оваа значајна манифестација да се одржи токму во ова место кое изобилува со богата културна историја и досегашен домаќин на голем број културни настани. Радовиш во 2009 г. беше епицентарот на низа културни активности, театарски претстави, изложби, книжевни настани, концерти на класична, забавна и на народна музика. Радува реакцијата на жителите на овој град и на сите посетители кои живееја со културата во изминатиот период. Позитивните коментари само не’ обврзуваат и понатаму цврсто да стоиме на нашите определби за дисперзија и развивање на културата и во помалите места со цел културните содржини што ги финансира Министерството за култура да бидат достапни до сите граѓани на Република Македонија. Преку оваа манифестација се создаваат и услови за развој на културниот туризам како фактор за социјалниот и за економскиот развој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Споменикот за Горан Стефановски е готов и ќе биде поставен во неговото Дебар Маало

Објавено пред

Во чест на починатиот писател, режисер, сценарист, драматург и еден од најзначајните ликови во македонската култура, Горан Стефановски, Општина Центар заедно со семејството на Стефановски во неговото Дебар Маало набргу ќе го постави долгонајавуваниот споменик.

Симболичниот споменик е веќе излеан и се наоѓа во Лондон, а ќе биде поставен во паркчето што се наоѓа спроти бараките на Општината, веднаш до чинарот, кој минатата година на роденденот на Стефановски – 27 април, беше засаден во знак на сеќавање на доајенот на македонската литература.

Одбележувањето на роденденот на Горан Стефановски е дел од програмата за култура на Општина Центар и со исклучок на годинава, кога целиот свет се соочува со пандемијата на коронавирусот, Општината секоја година во Дебар Маало ќе го одбележува со пригоден настан.

„Од неодамна функционира и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, чија цел е неговиот опус во секое време да биде достапен на граѓаните за подобро запознавање со неговите дела и промоција на сето она што значеше Горан за македонската културна сцена“, се наведува во соопштението од Општина Центар.

Стефановски беше автор на многу текстови и драми, меѓу кои и „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на детската ТВ-серија, „Бушава азбука“.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Светски познати теоретичари и експерти на уметноста ќе одржат онлајн-предавања во МСУ

Објавено пред

Музејот на современата уметност – Скопје во рамките на Интердисциплинарната програма почнува со онлајн-предавања со наслов „Без/редие во светот на уметноста“. Предавачи во рамките на програмата се водечки автори, теоретичари и експерти за актуелни прашања и согледби врзани со уметноста, како: Сантијаго Забала, (Santiago Zabala), кој ќе одржи предавање на 29 октомври, Шантал Муф (Chantal Mouffe) на 14 ноември, Ејал Вајзман (Eyal Weizmen) на 25 ноември, Кети Чукров (Keti Chukhrov) на 10 декември и Џеф Дијаманти (Jeff Diamanti) на 17 декември.

Сите предавања почнуваат во 18.30 часот и ќе бидат реализирани преку „Зум“, а линкови за следење на предавањата ќе бидат овозможени преку официјалната веб-страница на музејот https://msu.mk/home/ и преку страницата на МСУ на „Фејсбук“ https://www.facebook.com/msuskopje/.

Автор на програмата е Тихомир Топузовски, раководител на интердисциплинарната програма во МСУ и главен и одговорен уредник на списанието „Големото стакло“. Топузовски пред секое предавање ќе има свој вовед и понатаму прашања во рамките на предавањата. Основните определби на оваа програма е да претставува и промовира современи критички форми на знаење, методологии за истражување, како и анализи и разбирање на уметничките и културните практики.

Програмата почнува в четврток во 18.30 часот со онлајн-предавањето на Сантијаго Забала, професор по филозофија на Универзитетот Pompeu Fabra во Барселона. Наслов на предавањето е „Уметноста глобалното враќaње кон поредокот“. Забала е автор на многу книги вклучувајќи го и делото „Зошто само уметноста може да нè спаси нас: Eстетиката и отсуството на вонредност“ (Columbia University Press, 2017).

Забала објавува за „Гардијан“, „Њујорк тајмс“ и „Ал џезира“. Негова последна книга е „Да се биде на слобода: Слободата во ерата на алтернативните факти“ (McGill-Queen’s University Press, 2020). Во своето предавање тој ќе се осврне на политичарите и интелектуалците, кои инсистираат на универзални вистини, создавајќи состојба во која отсуството на вонредност е најголемата вонредна состојба. Во центарот на оваа состојба е верувањето дека нема алтернативи во рамките на глобалниот поредок. Овој поредок ja наметнува реалноста политички над другите култури оправдувајќи го неговото присуство преку дискредитирање на фактите.

На пример, противењето на Доналд Трамп на фактите за климатските промени има цел да создаде состојба на отсутност на вонредностa, каде што вистината ја наметнува авторитетот и ниту набљудувањето на надворешниот свет ниту дејствата спротивставени на властите не се дозволени во постојниот поредок. Ова спротивставување е еднакво застапено кон разликите, промените, како и кон културната другост, појави што треба да се избегнуваат и кои ja нарушуваат безбедната состојба, која властите ја претставуваат. Забала уверува дека уметноста функционира подобро отколку научните извештаи и филозофските трактати како начин на покажување на состојбите на вонредност. Ова не е поради умешноста на уметниците да создаваат убавина, туку поради интензитетот и длабочината на нивните дела. Целта на ова предавање е да се оди во разоткривање на случаите на најголема вонредност, тoa се случаите што ги превидуваме, игнорираме и ги отфрламе и доколку најголемата вонредност денес е отсуството на вонредни состојби, треба да се запрашаме како може уметникот да нè внесе во овие вонредности и што е спасот во оваа состојба?

Прикажи повеќе...

Култура

Играниот филм „Дедо и внук“ ја почна својата светска промоција

Објавено пред

Играниот филм „Дедо и внук“ ја почна својата светска промоција со интернационалната премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Приштина, ПРИФЕСТ 2020, кој е најважниот филмски настан што се одржува во Косово.

Фестивалот се состои од четири програми за натпреварување: програма за европски филмски натпревар, програма за балкански филмски натпревар (позната и како „Крв и мед“), натпреварувачка програма со средна должина (составена од филмови во должина од 25 до 60 мин.)

Дебитнатскиот игран филм на Илија Пиперкоски, „Дедо и внук“, оваа година беше дел од програмата „Крв и мед“ на 12. издание на фестивалот, кое поради ковид-пандемијата, се одржа во хибридно онлајн-издание.

Asian Cinematography Awards (ACA) е филмски фестивал основан и управуван од професионалци во филмската индустрија на Фондацијата за награди за кинематографија во Манила. Негувајќи ја кинематографската работа, фестивалот им доделува награди преку целата година на најдобрите кинематографи. На овој фествал наградата за најдобар директор на фотографија – кинематографер ја доби Патру Паунеску за филмот „Дедо и внук“.

Филмот го продолжува фестивалскиот живот на фестивалот „Дардан-фест“ во Албанија на крајот од октомври.

Филмот ја раскажува приказната по смртта на еден млад пациент, во која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај својот дедо. Последен пат бил кај него пред 10 години. Ова е филм за конфилкт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса. Љубовта не е нешто шот треба да биде научено. Тоа е нешто што веќе го имаме, но иронично е тоа што секогаш мора одново да го научиме. А со која цел? Да станеме почисти луѓе како некогаш кога бевме деца.

Главните улога во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, заедно со Салаетин Билал (19 март 1942 – 10 мај 2018), Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други.

Филмот комплетно се снимаше во Охрид и ова е првпат во поновата македонска филмска историја игран филм во целост да е снимен во Охрид и креиеран од автор што живее и твори во Охрид. Авторска екипа ја сочинуваат директорот на фотографија од Романија – Патру Паунеску, сценографијата во филмот ја креира Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, автор на шминката и маските е Клаудија Мусат, снимател на звукот е Мариус Станеску, монтажер е Данчо Стефков, композитор е Оливер Тевчев, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија10 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа12 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија13 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија13 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија14 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт17 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет17 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет18 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија18 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука20 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија20 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија21 час

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија21 час

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија22 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион22 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион22 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет23 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет23 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа23 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Досие