Култура
Годишнина на Спомен куќата на Мајка Тереза

Утре на 30 јануари 2010г. се навршува една година од постоењето на Спомен куќата на Мајка Тереза, што лани беше свечено отворена за посетители од Македонија и странство
На денешната прес-конференција по повод една година од отварањето на Спомен куќата на Мајка Тереза, беа презентирани досега необјавени снимки од Мајка Тереза при посети во Скопје. Воедно беа истакнати информации во врска со посетеноста на музејот во изминатава 2009 година.„Спомен куќата на Мајка Тереза ја имаат посетено повеќе од 80 000 посетители како од Македонија така и од земјите од целиот свет кои своите импресии ги оставија во книгата на впечатоци“, истакна Рената Здравковска, директор на Спомен куќата на Мајка Тереза. За изминатава 2009г. карактеристични беа и посетите на првата дама на Естонија, францускиот шансониер Шарл Азнавур, претседателот на совет на Европа, претседател на комитетот за доделување на нобеловата награда за мир, спикерот на собранието на Австралија, бројни министри, кардинали, амбасадори, државни делегации итн.За јубилејната 2010г кога ќе се навршат 100 години од раѓањето на Мајка Тереза, музејот ќе реализира проекти кои ќе бидат финансиски поддржани од Министерството за култура. Според националната програма највени се три позначајни изложби, а ќе има реализирање и на едукативни проекти кои ќе бидат наменети за деца од предучилишна возраст и деца со посебни потреби. Спомен куќата на Мајка Тереза може да се посетува индивидуално и во групи, а отворена е седум дена во неделата. Во неа на располагање има четири водичи кои говорат, македонски, англиски, француски, полски, албански, шпански и турски јазик. Влезот е бесплатен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Во Охрид се одбележува Денот на Охридското езеро

Трите крајезерски општини: Орид, Струга и Поградец, заедно со националните асоцијации на Здруженијата на ветераните од одбраната ии заштитата на Албанија и Македонија, со низа манифесдтациои, го одбележуваат “Денот на Охридското Езеро”.
Трите езерски, соседни општини, во 2000-та година потпишаа меморандум за разбирање и заштита на езерото и на 21-ви јуни со различни активности, наизменично, секоја година, да го одбележуваат овој ден.
Целта на одбележувањето е да се подигне јавната свест и да се покаже грижата за заштита на езерото од македонска и од албанска страна, но и да се покаже дека туризмот е базиран врз ендемизмот и еколошките услови што ги нуди охридскиот регион.
Одбележувањата започна уште вчера, со изложба на фотографии од Охридското Езеро, денеска продолжува со еколошка акција, презентација на нуркачка опрема и изложба на подводни фотографии, регата „Заедно за иднината на езерото“, поетско читање „Слушни го езерото“, со поети од Охрид, Поградец и Струга.
Денес, напладне, ќе се одржи музичкиот фестивал Balkan Music Square со настапи на Дамјан Пејчиноски, Николче Мицевски, група „Љубојна“ и Алба Дајлани од Албанија.
Одбележувањето ќе трае и утре, кога, ќе се одржи втората регата „Заедно за иднината на езерото“.
Како дел од заедничката програма Здруженијата на ветераните од одбраната ии заштитата на Албанија и Македонија, исто така, со низа манифесдтациои, го одбележуваат “Денот на Охридското Езеро”.
Албанската делегација ја предводи претседателот на националната асоцијација генерал, Тома Кондури, заедно со потпретседателот Енвер Ајдари, а во истата, покрај од Тирана, се и членови на локалните секции од Берат, Корча и Поградец.
Во името на македонска асоцијација, за Денот ќе говори претседателот на Сојузот, професор д-р Темелко Ристески.
Сојузот на Здруженијата на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, активностите ги нспроведува, преку Секцијата со седиште во Охрид, во која делуваат и ветераните од општините: Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар, Гостивар, Ресен и Битола.
-На овој начин, ја покажуваме грижата кон нашето слатководно море, нашиот балкански бисер, што го делиме со пријателите од соседна Албанија, нагласува полковник Добре Вељаноски.
Во светот има само неколку езера чија старост би можела да се споредува со Охридското Езеро. Можеби, единствено Тангањика во Африка и Титикака во Јужна Америка, настанале во ист геолошки период.
Охридското Езеро, со право се споредува и со најдлабокото на светот, Бајкалско, во Сибир, Русија, кое е стотина пати поголемо од Охридското Езеро,но водите на двете езера ги населува сличен ендемичен растителен и животински свет.
Поради неговите посебности, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство.
Веле Митаноски
Култура
Сашко Мицевски e новиот директор на Агенцијата за филм

Владата го именува Сашко Мицевски за нов директор на Агенцијата за филм.
Тој доаѓа на местото на Вероника Бучковска, која беше именувана на 17 декември минатата година.
Мицевски на оваа позиција доаѓа од филмската бранша, а во текот на годините работеше како филмски и ТВ-монтажер и дизајнер на звук. Студирал филмска и ТВ-монтажа на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а во 2015 година како добитник на стипендија од Министерството за образование и наука заминува на постдипломски студии на престижната National Film and Television School во Англија, каде што учи од етаблирани професионалци, како Graham V. Hartstone (Blade Runner, Aliens), Andy Kennedy (The Crown, Game of Thrones, Harry Potter) и Roger Deakins (Sicario, Skyfall, „1917“) и работи на филмови прикажани на реномирани меѓународни фестивали.
Неговото професионално искуство опфаќа работа во Англија на проекти за Би-би-си и филмови во продукција на Pinewood Studios (Sherlock Gnomes, Mowgli, Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald и Birdbox), како и авторски ангажмани во постпродукција на македонски аудиовизуелни дела, меѓу кои и ТВ-сериите „Преспав“ и „Куќен притвор“.
Добитник е на многубројни награди, меѓу кои награда од Royal Television Society и номинација за Daytime Emmy.
Во 2020 година со сопствени средства го обновува тонското студио на НУФЦ „Вардар филм“, а од истата година е и член на Филмскиот совет на Агенцијата за филм.
Култура
„Вечер на шлагери“ на Скопско лето 2025

На 22 јуни, недела, во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи концерт „Вечер на шлагери“ – 20 години СПОНА, со почеток во 20:30 часот на Платото пред Македонскиот народен театар.
Диригент ќе биде Иван Еминовиќ, а водител на настанот Вера Јанковиќ.
На сцената ќе настапат Оркестарот на „Полифонија“, а изведувачи се Денис Димоски, Оливер Њего, Васко Здравков, Андријана Јаневска, Вера Јанковиќ, Теа Пејиќ, Ана Петановска, Маја Г. Панчева и Александар Тарабунов.