Контакт

Култура

Канческа-Милевска и’ честиташе на Стевковска за првата награда во Чешка

Објавено пред

Елена Стевковска, вокален солист на Ансамблот на народни игри и песни „Танец”, на меѓународниот фолклорен фестивал „Зимна походка“ во Прага, Чешка одржан во јануари ја освои првата награда за традиционално пеење

dobivaj vesti na viber

По тој повод министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска  во просториите на Министерството за култура оствари средба  Елена Стевковска и во присуство на директорот на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, Бошко Тренески, и’ го честиташе високото признание и истакна дека успесите и многубројните награди на Стевковска се и признание за македонската традиционална музика и култура воопшто.Оваа млада вокалистка првата награда за традиционално пеење ја освои во конкуренција од повеќе од триста учесници од повеќе држави, меѓу кои најбројни беа од Русија, Молдавија, Украина и Турција. Овој фестивал беше организиран од страна на фондацијата „Надежен фонд на меѓународен форум за млади“ поддржан од Европската Унија.Првата награда на Стевковска и’ ја донесе и можноста, со поддршка на Министерството за култура, македонската традиционална музика годинава да ја претстави и во Дрезден, Германија и во Париз, Франција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Лајбах вечерва за прв пат ќе настапи во Филхармонија

Објавено пред

Глобално најпровокативниот музички состав и уметнички колектив со авангардна музика и револуционерни настапи, Лајбах вечерва се враќа во Скопје и за прв пат ќе одржи концерт во Македонската Филхармонија.

dobivaj vesti na viber

Со почеток во 20:00 часот, во големата сала на Филхармонија, Лајбах во живо ќе ја претстави својата нова концертна програма базирана на култниот албум „Opus Dei“, првиот ремастериран албум на групата. Покрај овој материјал, програмата вклучува и селекција од нивните класици и одбрани песни од богатиот опус, вклучувајќи ги и објавените пред „Opus Dei“.

Концертот се одржува во рамки на офф-програмата на фестивалот „Таксират“ и е дел од светската турнеја на Лајбах – OPUS DEI REVISITED. Оригинално, Opus Dei е објавен во 1987 година како прв албум на групата за издавачката куќа „Mute“, миксиран од Рико Конинг (Wire, Pere Ubu, Swans, William Orbit) и е албум со кој Лајбах се појави под светлото на мејнстрим рефлекторите, албум со кој стекна слава и стана еден од меѓународно најпризнатите бендови кои се појавиле од поранешните комунистички земји во источна и централна Европа. Со своето дело Лајбах успеа да го трансформира пејзажот на современата музика комбинирајќи го политичкиот дискурс со уметноста и музиката, додека пак нивните настапи во живо важат за уникатно доживување и секогаш прецизни, монументални, восхитувачи и бескомпромисни перформанси.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“ во Куманово

Објавено пред

Фото клуб Куманово со гордост ја претставува 12-тата Национална изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“, традиционален настан кој ја слави креативноста, талентот и визијата на жените во светот на фотографијата. Изложбата, која секоја година се одржува во чест на 8-ми март – Светскиот ден на жената, станува сѐ поважна платформа за афирмација и поддршка на женското фотографско творештво во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Фотографијата отсекогаш била медиум преку кој жените ги раскажуваат своите приказни, го изразуваат својот глас и ја споделуваат својата перспектива за светот. Од првите денови на оваа уметност, па сѐ до денес, жените фотографи успеваат да внесат длабочина, емотивност и уникатност во своите дела, надминувајќи ги бариерите и градејќи своја историја.

Оваа година, изложбата привлече учеснички од бројни фото клубови низ земјата, со повеќе од 250 пријавени фотографии. Стручниот селектор направи избор на 80 најдобри дела кои го претставуваат богатството на женската фотографска визија. Овие фотографии не само што сведочат за мајсторството на авторките, туку и ја потенцираат нивната способност да доловат емоции, светлина и моменти кои остануваат запаметени.

„Жените и фотографијата“ не е само изложба – тоа е симбол на борбата за рамноправност, за еднакви можности и за признание на жените во фотографската уметност. Затоа, ве покануваме да ја прославиме оваа приказна заедно, да оддадеме признание на талентот и трудот на жените-фотографи и да уживаме во нивните дела.

Свеченото отворање на изложбата ќе се одржи на 6-tи март ( четврток) во 19:00 часот во Изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово Ве покануваме да бидете дел од оваа уметничка вечер и да ја почувствувате моќта на женската фотографија.

Изложбата ќе биде поставена во наредните 14 дена.

Прикажи повеќе...

Култура

Изведба на раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ на 7 март на сцената на Националната опера и Балет

Објавено пред

На 7 март со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе впечатливата балетска претстава „Дамата со камелии“. Оваа драматична и раскошна претстава е работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

dobivaj vesti na viber

Претставата ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, концерт-мајстор е Верица Ламбевска.

Во главните улоги на Маргарита и Арманд ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименес Руиз (Шпанија) заедно солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

„Не е првпат тажната приказна во „Дамата со камелии“ да ги инспирира кореографите. Заедно со костимографот и сценограф, Павол Јураш, сакав претставата да ја направиме класична, традиционална, но и наша оригинална, различна од другите.“ – Василиј Медведев, кореограф.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Сиљановска ја штити и релативизира Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон...

Македонија2 часа

Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди, најави АХВ

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови...

Македонија2 часа

(Видео) Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајни незгоди, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се...

Свет2 часа

Американски експерт за надворешна и безбедносна политика: Она што го прават САД, Путин го толкува како бело знаме

Добро е што САД „разговараат со противникот“, но во моментов звучи како да сакаат мир и договор повеќе од Русија,...

Македонија2 часа

Утрово најстудено во Берово, денеска максималната температура до 16 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -8 степени, -7 било на Попова Шапка, -6 во Маврови Анови...

Европа3 часа

Би-би-си: Какви опции има Зеленски сега? Јасно е што сака Трамп

„Што може Зеленски да направи за да ја промени ситуацијата? Да му се извини на претседателот Трамп? Да го прифати...

Свет5 часа

(Видео) Венс: Зеленски не е подготвен за мир, тоа е вистинскиот проблем

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс рече дека верува оти украинскиот претседател Володимир Зеленски „на крајот“ ќе се помири со учеството...

Свет5 часа

Трамп ја паузира воената помош за Украина, објави „Ројтерс“

Соединетите држави ја паузираат воената помош за Украина само неколку дена откако сегашниот американски претседател Доналд Трамп се судри со...

Македонија18 часа

Средба Муцунски-Сијарто: Унгарија е меѓу десетте најголеми трговски партнери и инвеститори во Македонија

Во рамките на Втората меѓувладина седница со Унгарија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Будимпешта...

Македонија18 часа

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за случајот „Рекет“ во кој е обвинет Бојан Јовановски – Боки 13. Боки 13 во...

Македонија21 час

Онака сложно како што ги зачуваа патните трошоци, пратениците да изгласаат дополнително покачување на минималната плата од 6.000 денари, побара Трендафилов

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), денес, до Владата, до Собранието и до работодавците достави предлог во кој бара дополнително...

Топ21 час

Вработените во Филхармонијата до Мицкоски и Љутков: За директор треба да се избере најквалификуваниот, а не партиски договорениот кандидат

Пред неколку дена, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков во изјава за еден медиум рече дека одлуката кој ќе...

Свет22 часа

Трамп: „Зеленски нема да има друга опција, освен да се предаде“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на својата социјална мрежа Truth Social сподели објава во која тврди дека украинскиот претседател Володимир...

Македонија23 часа

Платите да се исплаќаат до петти место до петнаесетти во месецот, предлага Левицата

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица и портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ, обзнани дека пратениците од Левица поднеле предлог во...

Македонија24 часа

За електронски индекс ќе треба една и пол година, месецов почнува дигитализацијата на студентските сервиси на УКИМ, вели ректорката Ангелова

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) месецов почнува со дигитална трансформација. Ректорката Билјана Ангелова најави дека првин ќе се дигитализираат...

Македонија1 ден

ДУИ подготвува бојкот на локалните избори за да го избегне поразот, велат од „Влен“

За да го избегне поразот ДУИ планира да ги бојкотира изборите и да провоцира тензии на денот на гласањето, веалт...

Македонија1 ден

Возел под дејство на алкохол, со голема брзина и тешко повредил пешак: истрага за сообраќајна несреќа во Скопје

Мерки на претпазливост, кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или...

Европа1 ден

Лавров: Зеленски се претвори во чист нацист и предавник на Евреите

Украинскиот лидер Володимир Зеленски по доаѓањето на власт се претвори во „чист нацист“ и предавник на Евреите, изјави рускиот министер...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: Подготвен сум да заминам во замена за членство во НАТО

Володомир Зеленски рече дека ќе биде подготвен да замине во замена за членството на Украина во НАТО, навестувајќи дека ќе...

Европа1 ден

Макрон: Предлагаме едномесечен прекин на огнот во Украина

Франција и Велика Британија предлагаат едномесечен прекин на огнот во Украина „во воздух, во море и во енергетската инфраструктура“, изјави...