Контакт

Култура

Премиерно: „Суд“ преточена во трилер

Објавено пред

Претставата „Суд“ во режија на Љупчо Ѓеорѓиевски, која е направена според текст на Коле Чашуле премиерно ќе биде изведена на 5 јануари во Македонскиот народен театар

dobivaj vesti na viber

Проект кој беше започнат и планиран за 2009 година, конечно ќе доживее своја премиера но, со жанр на трилер во кој се соочуваат патриотите и предавниците. Претставата се води според текстот на Коле Чашуле, „Суд“, но како што соопштија на пресконференцијата нема да биде класичната приказна од итоимениот текст. „Ова ќе биде трилер каде што патриотите се борат против предавниците“, рече Сашко Коцев, актерот кој ќе го глуми Дрен во претставата.Инспирирани од моменталната состојба на Македонија и битките што се водат со актуелната тема лустрација, биле само дополнителни причини за реализација на оваа претстава. Учествуваат актерите од Македонскиот народен театар, Славиша Каевски во улогата на Темелко, Гораст Цветковски како Андон Дрварот, Сашко Коцев ќе го глуми Дрен, Борче нацев во улога на Даскал Наум и комитата и Оливер Митковски во улога на Војводата Дамјан. Како сценограф се потпишува Валентин Светозарев, костимографија Благој мицевски и музиката ја прави Марјан Нечак.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Мојот последен здив“ – промовирана автобиографијата на Луис Бињуел

Објавено пред

Во средата, во полната киносала на Кинотеката, беше промовирана автобиографијата на големиот шпански режисер Луис Буњуел, со наслов „Мојот последен здив“.

dobivaj vesti na viber

Промотори на ова издание беа историчарот на уметност и заменик-амбасадор во шпанската амбасада во Скопје – Ернесто Eредеро дел Кампо, проф. д-р Иван Џепароски од Филозофскиот факултет при УКИМ и доц. д-р Атанас Чупоски, советник филмолог во Кинотеката и професор на Факултетот за филмски уметности при Универзитетот „Европа Прима“, кој воедно е автор на предговорот.

На присутните им се обрати заменик-амбасадорот Ернесто Ередеро дел Кампо, кој зборуваше за создавањето на идејата за превод на ова дело на Буњуел, кое е поврзано со претходната соработка со Кинотеката, поточно со одржувањето на ретроспективата на филмските остварувања на Луис Буњуел, која се одржа минатата година во рамките на Филозофскиот филмски фестивал.

„Луис Буњуел е многу повеќе од филмаџија, тој е уметник во секоја смисла на зборот. Тој е еден од ретките режисери што ја надминува приказната што сам ја раскажува. Во самата книга може да се согледаат оние елементи што се провлекуваат и низ неговите филмови како што се религијата, класната нееднаквост, насилството, желбата, сексуалната патологија, нејасната граница помеѓу фантазијата и реалноста, свесното и несвесното. Во неа се гледа една Шпанија, која е растргната помеѓу традицијата и револуцијата, каде што верските и политичките елементи се бореле со големо насилство, општествени промени, политичкиот екстремизам, граѓанската војна итн.“, изјави Ернесто Ередеро дел Кампо.

Промоторот на оваа книга, проф. д-р Иван Џепароски, во своето излагање истакна дека Буњуел сѐ уште буди интерес кај новите генерации и е предизвик кој нѐ носи кон еден негов свет кој се поврзува со доживувањето на целиот 20-ти век. Тој говореше за односот на Буњуел кон уметноста, неговата поетика, а го истакна и значењето на Луис Буњуел во однос на Надреализмот. Џепароски истакна дека филмот АНДАЛУЗИСКИ ПЕС бил од големо значење и за неговата генерација и времето кога тој како студент се соочил со него на Филозофскиот факултет на средината на 70-тите години.

„На вежбите по естетика, кои ги имавме со тогашната моја колешка Кица Барџиева, и, се разбира, професорот Старделов, како и одењето во Кинотеката, која тогаш беше во МКЦ, и во една малечка киносала ги гледавме филмовите на Буњуел. Но моето доживување на ‘Андалузиски пес’ се поврзува со мојот престој во Париз во 1979 година во една мансарда наспроти ‘Жорж Помпиду’ во Бобур, во чија библиотека одев секој ден за да го сработам тоа што имав зацртано да го сработам и да ги посетувам изложбите. Во мансардата во која престојував беше премногу ладно, па најчесто го посетував ‘Помпиду’ за да се затоплам, а во тоа време беше првата голема изложба на Салвадор Дали. Во рамките на таа изложба, која траеше од октомври до јануари, имаше една киносала, каде што постојано се вртеше АНДАЛУЗИСКИ ПЕС без престан. Убавината беше што тогаш во салата има онакви поп-артовски фотелји на воздух, каде што можеше да се легне и јас таму спиев дури и се топлев, а го гледав АНДАЛУЗИСКИ ПЕС дури и кога спиев“, изјави Џепаровски.

Тој ја истакна важноста на Буњуел, а особено на филмот АНДАЛУЗИСКИ ПЕС бидејќи со него надреализмот добива една друга димензија, особено за една нова уметност како филмот која допрва ќе почне да се развива.

„Таа иронија и самоиронија избива од секоја страница на оваа книга. Преку неговиот прочуен однос кон религијата што најдобро се епитомизира преку неговиот исказ ’Фала му на бога, сѐ уште сум атеист‘ гледаме каков е и неговиот однос кон религијата. Дури и крајот на книгата тој завршува со таа филмска сцена во којашто самиот си се замислува себе си како ги изненадува неговите најблиски со тоа што на смртната постела повикува свештеник за да се исповеда“, објасни професорот Џепароски говорејќи за протовиречностите кои го одбележувааат Буњуел.

Џепаровски истакна дека иако ова е автобиографија на Луис Буњуел, еден од најзначајните режисери во историјата на филмската уметност, напишана пред самиот крај на неговиот живот, во Мексико, со помош на францускиот писател и сценарист Жан-Клод Кариер, тоа е книга која силно е обременета со прашањето на сеќавањето, помнењето, а со тоа и со прашањето на личното дожувување.

Доц. д-р Атанас Чупоски, советник филмолог во Кинотеката на присутно накратко им го претстави животот на Буњуел, објаснувајќи го значењето на оваа автобиографија и како прашањето зошто во неа Буњуел многу често употребува множина, како да зборува во името на целата своја генерација, онаа генерација што студирала на универзитетот во Мадрид во 1927 г., или генерацијата на надреалистите во Париз, неколку години подоцна или генерацијата на републиканците во времето на Граѓанската војна.

Истакнувајќи ја работата на Буњуел со други значајни автори од тоа време, а особено неговата блиска врска со Жан-Клод Кариер, Чупоски се осврна на неколку делови и етапи од неговиот живот.

„Иако оваа книга е пишувана на крајот на неговиот живот, Буњуел воопшто не е патетичен и сентиментален во овие негови сеќавања. За тоа сведочи Кариер, можеби не во оваа книга, но вели дека Буњуел бил подготвен за смртта. Книгата е објавена неколку месеци пред неговата смрт и претставува извонредно сведоштво. Сведочи за сите овие настани, за сиот негов живот, од аспект на човек со 80 и кусур годишно творечко искуство. Можете самите да замислите колку е драгоцена оваа книга.“, истакна Чупоски.

Пред полната сала на Кинотека се обрати и директорот Владимир Ангелов, кој на присутните и им заблагодари што дојдоа да ја проследат оваа промоција и истакна дека е особено среќен што и покрај многубројните предизвици ова издание конечно ќе биде достапно до македонската читателска публика.

„Ова е веќе остварување на мојот детски сон, изданието на ’Мојот последен здив‘ е тука. А тоа се чита во еден здив, па затоа на здравје читање“, изјави Ангелов.

Уредник на изданието е директорот на Кинотеката, Владимир Љ. Ангелов, преводот од англиски јазик е на Марија Цветковска, лектурата на д-р Сузана В. Спасовска, а дизајнот на м-р Игор Сековски. Издавањето на книгата е овозможено благодарение на Шпанската агенција за меѓународна соработка и развој (AECID) и Амбасадата на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт и мултимедијален перформанс на Кеско во МКЦ

Објавено пред

Долгоочекуваниот втор албум на македонскиот продуцент на електронска музика – Кеско, ќе биде издаден на 7 април со концертна промоција во МКЦ – Скопје. Албумот го покажува уникатниот начин на кој Кеско ги поврзува електронската, експерименталната, breakbeat и drum and base-музиката, велат од МКЦ.

dobivaj vesti na viber

Голема инспирација се великаните како The Prodigy, Chemical brothers, транс и техномузиката. Настапот ќе биде во живо и ќе биде исполнет со талентиран тим на уметници од повеќе сфери. Поддршка со свој DJ сет има од DJ Flooder и младиот продуцент Kronom. Светлата и визуелниот дел од шоуто се препуштени на Мутер и артистот artist3dx, кој изведува посебни инсталации за настапот во живо. Младата уметничка Тања Кеско зазема дел од визуелното шоу со нејзините уметнички дела. Се очекува целосно мултимедијално патување на кое ќе треба да се препуштат присутните.

Вратите се отвораат во 22.22 часот, а настанот почнува во 23 часот.

Влезниците може да ги набавите во билетарницата на МКЦ или на нивата веб-страница.

Прикажи повеќе...

Култура

Трибина „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“

Објавено пред

РСМ НУ Македонски народен театар – Скопје има чест да ве покани на трибината „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“.

dobivaj vesti na viber

Настанот ќе се одржи на 3 април 2023, понеделник, во 12 часот, на малата сцена на Македонскиот народен театар – Скопје по повод 78 години од првата премиера на театарот.

Модератор на трибината е проф. д-р Ана Стојаноска, а за значењето на драмскиот автор ќе говорат и самите автори Јордан Плевнеш, Русомир Богдановски, Дејан Дуковски и Сашо Димоски, чии драмски текстови се поставени во МНТ, како и Бранко Ставрев, кој е режисер на најмногу претстави од македонски автори во МНТ.

На сцената на МНТ од самите почетоци (третата поставена претстава е „Чорбаџи Теодос“, премиера: 16.8.1945 година) до денес постојано се поставуваат дела од македонски автори. Од досега над 400 поставени/обновени претстави, повеќе од 100 се дела на македонски автори од разни генерации.

Целта на оваа трибина е да се прикажат авторите од разни генерации, чии дела во континуитет постојано се прикажуваат на сцената на театарот.

Тоа се, меѓу другите, Војдан Чернодрински, Антон Панов, Ристо Крле, Васил Иљоски, Живко Чинго, Коле Чашуле, Богомил Ѓузел, Русомир Богдановски, Горан Стефановски и други.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ахмети: Согласно статутот во ДУИ не се дозволени фракции, ќе треба да се почека до следниот конгрес

Претседателот на партијата Али Ахмети на седницата на Централното претседателство на ДУИ изјави дека фракции според статутот не се дозволени,...

Топ3 часа

По трагедијата во Прага каде почина матурант, професори и студенти се враќаат од екскурзијата во Хрватска

Матурантот од средното училиште „Мате Балоте“ од Пореч во Хрватска, кој загина на матурска екскурзија во Прага, е 17-годишен ученик...

Македонија4 часа

Беџети од „Огнената група“: Од денеска ќе делуваме како фракција, ќе имаме наши ставови

Членовите на таканареченета „Огнена група“ најавија дека ќе делуваат како фракција. Градоначалникот на општина Сарај и дел од Огнената група, Блерим...

Македонија5 часа

Ване Цветанов по кривичната побегна, се жали дека е жртва на политичка репресија

Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов избегал од Македонија откако пред четири месеци против...

Македонија7 часа

Војната во ДУИ на дневен ред во Мала Речица, опција е и разрешување на „огнените“ од партиските функции

Војната помеѓу двете групи во ДУИ, може да заврши и со разрешување на „огнените“ од функциите во партијата. Ова се...

Македонија7 часа

Тинејџерките биле најдени близу „Бит Пазар“; МВР: Биле во близина на продажен објект

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички, Аниса Ајро и Мелиса на подрачјето на Бит Пазар. Во моментот кога биле затекнати,...

Македонија10 часа

Арсовска ќе го враќа споменикот на Ќосето пред судовите во Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска почнува со постапка за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје. Од општина Центар,...

Свет11 часа

Сторми Даниелс: Не се плашам да се соочам со Трамп на суд, сум го видела гол

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повеќе не е недопирлив, изјави порно ѕвездата Сторми Даниелс во петокот вечерта во своето прво...

Македонија12 часа

Георгиевски: Со донираното оружје за Украина, се врши големо обезоружување на нашата држава

ВМРО-Народна партија ја поддржува политиката на поддршка на Украина, но исто така апелира дека се врши големо обезоружување на нашата...

Економија12 часа

Работниот час најевтин во Бугарија, а најскап во Луксембург

Најниски трошоци за работната сила во Европската Унија има во Бугарија и Романија, а највисоки во Луксембург. Како што објави...

Свет13 часа

(Видео) Торнадо однесе покрив за време на концерт во САД

Едно лице загина, а десетици се повредени кога покривот на концерт на хеви метал бенд во Илиноис се урна при...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Лицето кое јавно се заканува на Мицкоски и неговите деца е поддржувач на Ковачевски, а добил благодарница од Пендаровски

Заканите кон семејството и децата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се акт на вандализам и варварско водење на политиката...

Топ1 ден

Исчезнати две тинејџерки од Скопје, полицијата трага по нив

Исчезнати се две тинејџерки од Скопје. Полицијата од вчера трага по 12-годишната Аниса Ајро и 15-годишната Мелица К. Двата случаи...

Свет1 ден

Путин потпиша нова руска глобална стратегија, насочена е против Западот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша нов руски стратешки документ чија цел е ограничување на „западната доминација“. Во документот се...

Македонија1 ден

Влада: Платите нема да се зголемат 78%, разгледуваме можност за намалување на коефициентите

Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани...

Македонија1 ден

„Го жалам Ковачевски, работи во интерес на ДУИ“ – Хајредини не ги штеди ниту Ахмети, ниту Груби, ниту Османи: aјдуци на власт

Дали се задоволени албанското его и решавањето на меѓуетничките односи во државата, дали со поставувањето премиер Албанец ќе биде ставен...

Македонија1 ден

(Видео)Побарајте помош ако имате напнатост и несоница по лажните вести за киднапирање и труење ученици

Анксиозност, нерасположеност, социјално изолирање од другите и чувство на срам иако не направиле ништо лошо се очекувани последици од лажните...

Македонија1 ден

Болните од цистична фиброза го потсетија Ковачевски: Рековте лек ќе има за сите

Болните од цистична фиброза се уште го чекаат лекот. Тие ги потсетија надлежните на ветувањата, дека лек ќе има за...

Македонија1 ден

Османи: Политичарите треба да бидат последни на листата за зголемување на платата

Политичарите треба да бидат последни што ќе добијат поголема плата, изјави денеска Министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според него,...

Топ1 ден

Обвинителството за убиството во Капиштец: Осомничениот пукал неколкупати, па продолжил да го удира со кундакот по главата

Скопското Обвинителство го заврши увидот на самото место во казиното во кое утрово се случи убиство во Капиштец, при што...