Контакт

Култура

„Домот на куклата” од Ибзен на македонски јазик

Објавено пред

„Македонска реч” од Скопје неодамна го објави познатото драмско дело „Домот на куклата” (попознато и по насловот „Нора”) на големиот норвешки писател Хенрик Ибзен, во компаративен превод на Ленче Тосева

dobivaj vesti na viber

„Домот на куклата” е  пиеса со извонредна драматуршка конструкција и е најчесто поставуваната драма на Ибзен. Во времето кога се појавила, била исклучително смела во третманот на жената во општеството и семејството и во контекстот на цврстите морални норми, што предизвикала многу полемики, но и восхит.Ова дело на Ибзен се појавило во 1879 г., во времето на револуции и општествени промени, кога се појавува и движењето за рамноправноста на жената. Токму оваа драма во тоа време предизивикала бура од реакции, преку приказната за жената која е сопруга и мајка, но која пред се’ сака да биде слободна жена. Била жестока критика на општеството со силна порака за индивидуалната слобода. Преку неа Ибзен внесува нова поетика и естетика во драмската литература, врз која се темели една нова ера на драмската уметност во Европа и во светот. Во неа тој ги внесува елементите на модерната драма, создава динамичен дијалог, кој уште подинамично ги зацврстува психолошките конструкции на ликовите. Оваа драма молневито ја освоила Европа и с# уште не се симнува од театарските сцени во светот.Најголемиот норвешки драмски писател Хенрик Ибзен (1828-1906) дури триесетина години од својот живот минал надвор од татковината, кога ги напишал своите највредни драмски дела, меѓу кои е и „Домот на куклата” (во театарските кругови уште од тоа време преименувана како „Нора”), а со чие објавување Ибзен дефинитивно норвешката драмска литература ја исфрлил во светскиот врв.Работел како драматург и управник на театар. На млади години од револт ја напуштил својата земја, а од доброволниот егзил се вратил во 1891 г., триумфално, како автор со светска слава. Напишал дури 25 драмски пиеси, од кои голем број и денес се поставуваат на театарските сцени во светот. Неговата писателска активност е прекината во 1900 г. откако доживеал мозочен удар и останал неподвижен и неспособен за пишување.Ибзеновите пиеси се психолошки о општествено-политички драми, во кои се анализираат моралните проблеми. Со своето творештво извршил огромно влијание врз културниот живот во нордиските земји, но и врз англиската, француската и германската литература (а токму во Германија овој негов драмски текст станува посебно популарен и во тамошните театри е преименуван во „Нора”). Познат е по неговата мајсторска обработка на женските ликови, а неговите социјално-критички драми се оценувани како темни и мачни драми. За нив и самиот рекол дека во нив тој поставува прашања, но не дава одговори.Хенрик Ибзен, награден со повеќе норвешки и европски признанија и награди, ја обележа епохата во светската драмска литература и театар на 19 и 20 век. Заедно со Чехов и Стриндберг извршил силно влијание врз новата светска драматургија.Најпознати дела му се драмите „Домот на куклата” („Нора”), „Столбовите на општеството”, „Народен непријател”, „Хеда Габлер”, „Пер Гинт”…Ибзен го минал контрадикторниот пат од лекарски помошник до почесен доктор, од трпелив самоук и контроверзен провинциски бунтовник до сематорски мудрец и светски автор, одликуван и наградуван. По карактер и нежен и насилник, Ибзен е талкач по светот, а во литературата е мајстор на симболистичко-експресионистичката драма. Самата негова биографска приказна му е исполнета со постојана напнатост, конфликти и драматични пресврти. Неговите драми доживуваат невидени тиражи, а за него е напишана цела библиотека статии, огледи, теориски толкувања на многу јазици.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Промоција на „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ во Кинотека на Македонија

Објавено пред

Кинотеката на Македонија најавува промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“, која ќе се одржи на 27 февруари 2026 година, со почеток во 19:00 часот во просториите на Кинотеката.

dobivaj vesti na viber

Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика.

Промотори на изданието: д-р Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков, со присуство на авторите на изданието.

Настанот ќе биде збогатен со пригодна изложба на избор од македонските филмски плакати.

Прикажи повеќе...

Култура

Крива Паланка ги отвора вратите за „Невестинско поклонение“: Празник на носиите, обичаите и заедништвото на 1 март во Конопница

Објавено пред

Во дворот на Црквата „Св. Теодор Тирон“ во село Конопница, во недела на 1 март 2026 година со почеток во 13 часот, ќе се одржи 16-тото издание на културната манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон“.

dobivaj vesti na viber

Настанот го организира Општина Крива Паланка во соработка со Здружението за рурален развој РЗР „Патник“. Манифестацијата е посветена на негување на македонските автентични носии, традиционалните обичаи и локалниот културен идентитет.

Програмата ќе биде збогатена со музички настап на Андријана Алачки и бендот на Гоце „Синтезис“.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, по повод манифестацијата изјави:

„Со вистинска радост и како вистински домаќини, ги отвораме вратите за сите добронамерници кои сакаат да го доживеат овој празник. Ветуваме дека ќе го зачуваме духот на традицијата, убавината на обичаите и автентичните носии, и заедно ќе ги пренесеме овие вредности на идните генерации.“

Од Општината ги повикуваат граѓаните и љубителите на културата да присуствуваат и заедно да го одбележат овој културен настан.

Прикажи повеќе...

Култура

Фотографска изложба на Александра Костадиновска во КИЦ Белград

Објавено пред

На 24 Февруари 2026 год. во 19 часот во Македонскиот културно – информативен центар во Белград ќе биде претставена самостојната изложба на фотографката Александра Костадиновска насловена „Осончена тишина“.

dobivaj vesti na viber

Фотографската серија која Костадиновска ја изложува пред белградската публика е приказна за личното искуство со универзалноста на светлината како симбол на нови почетоци, на топлина и на живот, раскажана преку 24 одделни фотографски наративи. Изложбата е реализирана во соработка со Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“ – Скопје, а во рамките на проектот за патувачки изложби „МузеумЛинк“ под кураторство на Јасминка Намичева-кустос советник. Претставувањето пред белградската публика е благодарение на подршката од МКИЦ Белград и Министерството за култура и туризам, а изложбата вечерва ќе ја отвори директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров.

Фотографиите на Костадиновска се креирани во корелација на тенката линија меѓу документарното и поетското. Во нејзините кадри се препознава смелоста да се напушти комфорната зона, но и тивката радост од прифаќањето на непознатото со осет за миговноста на моментот.

Архитектонските структури, крајбрежните перспективи, тишината на скаменетите дини или случајните сенки кои се проектраат на фасадите не се само регистрирани мотиви – тие се прераскажани во вид на лични записи, каде сонцето е водич, но и сведок. Тоа е визуелна приказна која го надминува поимот на класичен патепис. Тоа е серија фотографии што истовремено функционираат како интимен дневник, како документ на едно лично патување низ европските простори, и како универзална медитација за светлината – нејзината материјалност и нејзината нематеријална сила.

„Осончена тишина“ е и студија за времето: за утринската мекост на светлината, за попладневниот интензитет и за нежната златна нијанса на зајдисонцето кое отскокнува од мазната површина на водата. Секоја фотографија ја носи во себе идејата за минливоста но истовремено и постојаноста – моментот исчезнува, но светлината како чувство во нашата меморија останува.

Со својата суптилност и истовремено силна визуелна експресија, „ Осончена тишина“ претставува покана кон сите нас да ги забележуваме сопствените „сончево бакнати“ моменти – оние мали, минливи фрагменти што се претвораат во вечни спомени замрзнати во личната мемориска капсула.

Изложбата ќе биде поставена пред белградската публика до средината на месец март.

Во вториот дел од вечерашнава програма, предвиден е омаж за неодамна починатиот д-р Коста Балабанов (1929-2026), преку прикажување на неколку документарни филмови од некогаш исклучително популарниот телевизиски серијал „Закопана мистрија“

Д-р Коста Балабанов беше една од најистакнатите личности во македонската историја на уметност, конзерватор, научник, дипломат и културен деец, кој остави длабока трага во прочувањето, зачувувањето и меѓународната афирмација на македонската средновековна уметност.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија12 минути

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија27 минути

„На кого веќе не му е јасно? Домашниот притвор за Груби –дил за политички цели“, велат од СДСМ

„Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка. Таа е директна последица на политички дил и целосно...

Македонија1 час

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа2 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет3 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет3 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет3 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете граѓански научници ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на...

Свет4 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија18 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија19 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ21 час

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија22 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија22 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија24 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија1 ден

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија1 ден

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија1 ден

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет1 ден

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...