Култура
Изложба на Јан Брандес
На 25. март во 20 часот во Отворено графичко студио ќе биде отворена изложбата „Светење во темнината” на фотографот од Хамбург, Јан Брандес
Секое општество има свои идоли, кои просветлуваат од мрачноста на толпата. Предметите на нашето внимание можат да бидат поинакви во различните културни контексти, и дури и нашите во нив проектирани желби го дополнуваат нивното значење.Јан Брандес се занимава со трансформацијата на овој многустран феномен преку општествените промени во денешно време. Лајтмотивот на неговата работа е да ги внесува и спротивставува различните – стари и нови форми на одушевување. Набљудуваните сцени даваат мешавина на култура за забава, фетиш, помодарство, патриотизам, религија, секс и херојство.Јан Брандес (1977) живее и работи во Хамбург. Од 2005 работи како уметник исамостоен фотограф. Во 2006 беше еден од победниците на фотографскиот натпревар за млади уметници организиран од Гете Институт во Минхен и Адам-Мицкиевич Институтот во Варшава. Неговите дела досега биле претставени на повеќе изложби во Германија и источна Европа. Тежиштето на неговите фотографски есеи е во полето на општествените теми. Во „Светење во темнината” се занимава со феноменот на почитувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Од Белград до Лос Анџелес: Ѕвездата на „Stranger Things“ – Никола Ѓуричко настапува во МНТ за роденденската прослава
Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март со стенд-ап шоуто „Шоубиз“ (SHOWBIZ), во изведба на белградскиот и светски познатиот актер Никола Ѓуричко. Наградуван актер и во театарот, филмот и телевизијата, чија долга и успешна кариера му го отвори патот до значајни улоги на холивудската сцена. Тој е долгорочно поврзан со Југословенското драмско позориште (ЈДП) во Белград, каде беше постојан член на ансамблот уште од 1995 година и каде реализира бројни успешни театарски улоги, а од крајот на 2019 година живее и работи во Лос Анџелес, САД.
Ѓуричко e светски препознатлив и по улогата на Јури во хит серијата „Stranger Things“, како и во филмот „World War Z“ и други меѓународни продукции.
По три години од успешниот стенд-ап „Сѐ што сакавте да знаете за Џони, а никогаш не се осмеливте да го прашате“, Ѓуричко подготви нова програма под наслов „Show biz“, со која настапува низ Србија, регионот и дијаспората во рамки на големата турнеја.
Новиот материјал, како и претходниот, е потпишан од актерската ѕвезда и се однесува на неговиот живот, кариера и семејство. И оваа шоу-програма на духовит начин ги раскажува интересните детали од неговиот живот и професионален пат.
„Show biz е моето ново стенд-ап шоу. Речиси три години не настапував, па се зажелев за луѓе, за публика. Имам многу нов материјал… тоа се само некои нови животни искуства и сознанија, кои сакам да ги споделам со луѓето, како на пример, зошто ме фаќаа за јаката, зошто морав да присуствувам на породување или зошто го пријавив син ми во полиција.“, вели Ѓуричко.
Вечерта на 30 март, Ѓуричко најавува вечер исполнета со хумор, анегдоти и лично сведоштво од меѓународната кариера.
Неговиот настап е дел од роденденската прослава на МНТ. Во чест на првата претстава во Македонскиот народен театар, изведена на 3 април 1945 година, мината година, театарот одбележа 80 години од постоењето. Годинава продолжува со одбележувањето на јубилејот и на 81 година од постоењето. Роденденот на МНТ беше одбележан со македонски сценски спектакл, каде беше степенувана важноста на ансамблот на МНТ и претстави од македонски автори, кои оставија достоинствен белег во институцијата. Годинава пак, прославата се надоврзува на таа традиција, со ново проширување — рецентни меѓународни гостувања и настапи на светски познати уметници, како сведоштво за континуитетот и современата визија на театарот.
Билетите се пуштени во продажба онлајн, како и на билетарницата во МНТ.
Култура
47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“: Подгответе се за исклучителен избор на филмови, дружење со реномирани светски кинематографери и разговори за седмата уметност
ИФФК „Браќа Манаки“, првиот и најстар фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите, го најавува своето 47. издание, кое ќе се одржи во Битолa, од 19 до 25 септември 2026 година. „Подгответе се за многу незаборавни дружења со реномираните светски кинематографери и разговори за визуелните деликатеси на седмата уметност“, порачуваат организаторите.
Од своето основање во 1979 година, овој фестивал сведочи за уметноста на кинематографијата, славејќи ги пионерите на филмската камера од Балканот, Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки.
На 47. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во текот на седум дена, посетителите можат да очекуваат исклучителен избор на играни филмови, документарни филмови, кратки филмови и студентски филмови кои пленат, инспирираат и предизвикуваат.
Покрај извонредните пет натпреварувачки програми, фестивалот се гордее со својот Клуб на великаните.
Низ годините, плејада кинематографери од светски глас беа добитници на престижните награди. Лауреатите на Манаки се врвни мајстори на филмската фотографија, чии епохални остварувања ја разбранувале филмската индустрија. И годинава ќе бидат доделени наградите: Златна камера 300, Сребрена камера 300, Бронзена камера 300, Железна камера 300, Мала камера 300 и Кристална камера 300, како и почесните награди: Златна камера 300 за животно дело во кинематографијата, Специјална Златна камера 300 за извонреден придонес во светската кинематографија, Златна камера 300 за креативна синергија и Голема ѕвезда на македонскиот филм што ја доделува ДФРМ.
Култура
Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down
Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here Without You“, почина на 47-годишна возраст, неколку месеци откако објави дека боледува од тешка болест.
Бендот ја објави тажната вест
„Со тешко срце ја споделуваме веста дека Бред Арнолд, основач, главен пејач и текстописец на 3 Doors Down, почина во саботата, на 7 февруари“, објави бендот на Инстаграм.
„Почина во сон, опкружен со љубов, покрај својата сопруга Џенифер и семејството, по храбра борба со рак“, додадоа тие, споменувајќи ја неговата сопруга Џенифер Сандерфорд.
Бендот се присети на Арнолд како на основач, пејач и оригинален тапанар, кој оставил силен белег во мејнстрим рокот, спојувајќи пост-гранџ звук со емоционално директни текстови кои лесно допирале до публиката.
„Песните на Бред одбележаа една генерација и создадоа некои од најголемите хитови на 2000-тите, вклучително и онаа која го прослави бендот – ‘Kryptonite’ – која ја напиша на час по математика на само 15 години“, стои во објавата. „Неговата музика го надмина концертниот простор, создавајќи моменти на поврзаност, радост и заедничко искуство кои ќе живеат и по неговите настапи.“
Го опишаа и како „посветен сопруг“, додавајќи: „Неговата добрина, хумор и великодушност ги допреа сите кои имаа среќа да го познаваат. Најблиските ќе го паметат не само по талентот, туку и по неговата топлина, скромност, вера и длабока љубов кон семејството и пријателите.“
„Семејството е длабоко благодарно за излеаната љубов и поддршка во ова тешко време и моли за почитување на приватноста“, се заклучува во соопштението на бендот.
Борба со тешка болест
Во мај минатата година, Арнолд објави дека боледува од рак на бубрег во четврта фаза. Во видео објава на Инстаграм откри дека болеста се проширила на белите дробови, поради што морале да ја откажат турнејата.
Почетоци на бендот и хитот напишан во средно училиште
Бред Арнолд е роден во 1978 година во Ескатаупа, Мисисипи. Бендот 3 Doors Down го основал како матурант, заедно со пријателите Тод Харел (бас) и Мат Робертс (гитара).
Во 1998 година им се придружил гитаристот Крис Хендерсон и заедно издале независно CD издание со рана верзија на песната „Kryptonite“, која постигнала голем успех на локалните радио-станици.
„Ја напишав таа песна на час по алгебра во средно училиште“, се присети Арнолд во едно интервју, објаснувајќи дека токму креативното пишување го поттикнало да ги создава текстовите како кратки приказни.
Патот до ѕвездите
Во 1999 година, бендот потпиша договор со Universal Republic Records. Им се придружи тапанарот Ричард Лајлс, што му овозможи на Арнолд целосно да се посвети на пеењето и пишувањето.
Нивниот деби албум The Better Life излезе во 2000 година и постигна голем успех, пред сè благодарение на синглот „Kryptonite“, кој им донесе и номинација за Греми.
Албумот Away from the Sun од 2002 година ги донесе хитовите „When I’m Gone“ и „Here Without You“, а и следните албуми продолжија да се искачуваат високо на топ-листите. Вкупно имаат издадено шест студиски албуми.
Личен живот и хуманитарна работа
Во 2004 година, бендот ја основа хуманитарната организација The Better Life Foundation. Арнолд претходно јавно зборуваше и за својата борба со алкохолизмот, и дека побарал помош и останал трезен.

