Контакт

Култура

Изложба на Христијан Санев во Куманово

Објавено пред

Во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, во вторник (30 март) ќе се отвори изложба на графики изработени од Христијан Санев

Изложбата носи наслов Минувачи и ова е прво самостојно претставување на Санев пред кумановската ликовна публика. Проектот Минувачи содржи 60-тина дела изработени во две техники: литографија и линорез, представувајќи современ осврт кон една позната и лесно препознатлива тематика – портрет.Човечки глави, симплифицирани кружни линии, пресечени тела движејки се во непознат правец, се дел од изразувањето во овој проект, во кој минималистичкото графичко решение се сведува на црно – бели контрастни површини. Лица во форма на отисоци, отисоци со одраз на емоци, емоции повеќе или помалку видливи, на минувачи случајни или не.  Секој во свое време, раскажувајки своја приказна.

Христијан Санев е роден 1975 г. во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика со под-отсек рачно правење хартија. Магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек

Графика и дипломирал на Универзитетот Париз 8, одел за уметност.

Има неколку самостојни изложби во Париз и во Скопје, а учествувал на повеќе групни изложби низ целиот свет.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Ретроспективна изложба „Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар“

Објавено пред

Ретроспективната изложба „Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар“ ќе се одржи на 3 декември на плоштад „Македонија“ во Скопје, во 12 часот.

Оваа изложба со која се означува четридецениското творештво на Делимар е во кураторство на Ивана Васева и е дел од програмските активности на организацијата „Факултет за работи што не се учат (ФР~У)“.

Станува збор за прво претставување на Делимар во земјава и изложбата вклучува три видеоперформанси: „Прошетка како Лејди Годива“, „Двајца мажи и една жена” и видеоперформансот специјално подготвен за оваа изложба и насловен „Копнеж за Македонија“, кои ќе бидат прикажани на голем видеоекран на плоштад Македонија. Овој видеоекран е истовремено и изложбен простор кој може да биде и „бела“, но и „црна“ коцка и во овој случај е единствено место каде што се случува ретроспективата на Делимар.

„Изложбата ‘Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар’ во Скопје во ‘она време што го знаевме’ би се манифестирала преку архива на нејзини минати дела, како и понуда од реизведби на перформанси од самата авторка, во обид да се извлече архивата на времето во нејзиното тело или што точно нејзиното тело памети. Реенакментите или реизведувањето на идеите преку нејзиното тело нема за цел да ги повтори работите онака како што биле, туку критички да се пристапи кон нив – колку тие се промениле, дали биле доволно критички и јасни и дали токму таквата субверзија била „најправилниот“ пристап во овој свет преполн со манипулации.

Но во овој сегашен момент се соочуваме не само со тоа како да се „предаде“ перформансот од минатото туку и флуидниот, ранлив и минлив карактер на самиот перформанс – дали во форма на реенактмент од самиот автор, како жива архива или како документација, се соочува со уште посериозен удар, а тоа е токму неговата изведба. Како да се изведе кога владее пандемија на коронавирус?Ангажирањето на тела во специфичен простор, време и начин стана ризична мисија, како впрочем и целото восприемање на уметноста и културата. Но се чини дека творештвото на една од најпознатите перформанс уметнички во Хрватска и пошироко, Власта Делимар, во овој меѓупериод, може да нè поттикне да размислуваме за работите – онака како што биле и како ќе бидат – и за тоа во каков свет живееме и каков свет посакуваме. Пандемијата нè соочи со уште едно нешто – сигурноста на домот на уметноста кој уште повеќе ја засилува автономијата на уметноста во нејзината најбуквална варијанта и доколку остане само таму, таа може да биде каква што сака, да биде сè – додека се наоѓа во својот дом. А уметноста на Власта Делимар не може да биде таква.
Таа не може да се конформира, особено затоа што постојано нè потсетува на неконформноста со секојдневниот шовинизам и сексизам, на неподлегнувањето на притисокот од нормирањето, од општествено наметнатите конвенции за женската сексуалност, сексуалниот идентитет и родовата рамноправност, на патријархалното општество и малограѓанскиот морал, на нескротувањето на уметниковата идеја сè додека трае ова, но и на човечноста, искреноста и веродостојноста. И на тоа таа постојано и неуморно нè потсетува, со присуството на нејзиното тело, како што нè потсетувала од почетоците на својата кариера.

А присуството на нејзиното голо, природно, егзистенцијално, немирно, неразубавено и непоколебливо тело го потенцира неговото отсуство во земјава, но и постојано го потенцира отсуството на знаење за прифаќање на различноста, отуството на сфаќање за другиот, па и за себеси, етикетирањето, неискрената врска со себе и скриените и потиснати предрасуди. Делимар е бескомпромисна во она што го прави и во текот на сите 40 години. Останала доследна и не потпаднала под никакви трендови. Во целата општествена промена, таа е единствената константа – „за неа времињата не се менуваат.“

Оваа нејзина изложба си игра со присуството и отуството. Со еден критички начин на кој функционирала сцената со својот институционализиран модернизам кој не се занимавал суштински со себекритика и преиспитување на својот самоколонијален или автоколонијален став од западните центри на моќ, а од друга страна и со она што таа треба да нè потсети – дека телото памети и не се откажува од својата борба за слободата на изразувањето во која било форма“, вели кураторката Ивана Васева во својот текст за изложата.

Изложбата во Скопје е дел од серијата изложби „Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар“, со кои Делимар одбележува 40 години од својата уметничка работа преку изложбена турнеја низ градовите на поранешна Југославија каде што работела на почетоците на својата кариера, во доцните 70-ти и 80-ти години на минатиот век. Во тој период била формирана силна уметничка сцена на современа уметност, сцена која на некој начин го формирало нејзиното творештво. Во текот на 2020 година требаше да се одржат изложби во градовите на поранешна Југославија, вклучувајќи ги Љубљана, Загреб, Риека, Сараево, Цетиње, Нови Сад, Белград, Скопје, сите различни и со различен пристап кон нејзиното творештво. Во ноември 2019 година се одржа првиот настан во Културниот центар Месничка во Загреб, како најава за целиот проект. Тоа е и првиот настан бидејќи пред 40 години, во 1979 година, таа го извела својот прв јавен настан со Жељко Јерман. Потоа следуваше изложба во Загреб, во јануари 2020 година, во ХДЛУ и во Галерија Шкуц во Љубљана, а сега и во Скопје. Сите останати изложби, поради новонастанатата ситуација со светската пандемија, се одложени за 2021 година, кога ќе се произведе и заедничка книга како целина од кураторските и теориските текстови.

Власта Делимар (1956 година, Загреб) е една од најпознатите и најзначајни уметнички на денешнината. Таа е една од клучните фигури кои го дефинирале современиот перформанс низ призмата на сопственотот тело како медиум и содржина – женското, голо тело кое и во денешното општество сè уште не престанува да биде точка на контроверзии. Истражувајќи го во своето творештво феминитетот, женско-машките односи и стадиумите на животниот циклус – од младоста и желбата, преку партнерството и мајчинството, па сè до стареењето – во јавниот простор изнесува автобиографски наративи што го преиспитуваат разграничувањето помеѓу јавното и приватното и нормативите на политиката на идентитетот. Во 1977 година дипломирала на Факултетот за применета уметност во Загреб. Студирала историја на уметност и етнологија. Членува во Здружението на уметници на Хрватска и Здружението на хонорарни уметници на Хрватска. Делимар е уметничка директорка на организацијата „Мојата земја, Штаглинец” и е организаторка на Меѓународниот фестивал за перформанс во Штаглинец. Таа е бескомпромисна во критиките на идеологиите со кои се занимава во својата уметничка кариера што ја започнала во раните 70-ти години на минатиот век. Добитничка е на наградата „Седум секретари на СКОЈ“ во 1986 година. За себе вели дека не поддржува идентификација или припадност на која било идеологија, религија, политичка партија или држава, а се залага за човековите права, слободата на индивидуалноста, почитувањето на различностите и екологијата. Таа има богата интернационална кариера и досега се претставувала во Белград, Белфаст, Берлин, Болоња, Будимпешта, Бидгошчт, Бафало, Дуизбург, Франкфурт, Женева, Глазгов, Грац, Касел, Клагенфурт, Кјото, Лондон, Лион, Њујорк, Одензе, Париз, Питсбург, Квебек, Прага, Сараево, Сиднеј, Санкт Петербург, Солун, Тел Авив, Токио, Трст, Упсала, Виена, Вајмар, Загреб итн.

Ивана Васева е кураторка и истражувачка на кросдисциплинарни, соработнички и општествено ангажирани дела и програми во современата визуелна уметност. Досега курирала и претставила многу изложби, дискурзивни проекти и различни програми во земјава и во странство и издала и уредила повеќе публикации. За проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ ја доби престижната награда „Златна трига“ на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор во 2019 година (кураторка на проектот). За истражувачкиот проект „Kолективното делување како политичка, а не организациска одлука“ (2015 година, коавторка) е добитничка на наградата „Ладислав Баришиќ“ на АИКА – Македонија, а е добитничка и на посебната награда за архитектура од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (2014 година, коучесничка). Таа е програмска директорка на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У) и е кокураторка на АКТО Фестивалот за современи уметности кој постои од 2006 година. Васева дипломирала на Факултетот за историја на уметност при УКИМ во Скопје, а специјализирала кураторство на Кураторската програма на de Appel arts centre во Амстердам, Холандија.

Факултет за работи што не се учат (ФР~У) е организација на културни работници кои функционираат во полињата на едукација и продукција на современи визуелни уметности и култура, со посебен фокус на истражувачката методологија, учеството и колективната акција во различни социополитички и културни контексти. Идејата на ФР~У се однесува на едукативни и на практични структури, содржејќи работи/предмети/часови што предлагаат и истражуваат нови модели на предавање и на учење, како и на инсистирање на принципите на споделување, соработка, самоорганизација и заедничко учење. Формиран е во 2000 година како неформална платформа на повеќе уметници, студенти на драмски студии, архитектонски студии и визуелни уметности, додека во 2003 година е основана организацијата за продукција на современи уметности и културни настани.

Прикажи повеќе...

Изложби

Ретроспективна изложба – 45-годишно творештво на Мики Трендафиловски во Куманово

Објавено пред

Во периодот од 3 до 10 декември во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде поставена ретроспективната изложба „45 години творештво на Мики Трендафиловски“.

Изложбата содржи 30-тина слики и цртежи преку коишто се претставени творечките фази на овој ликовен автор. Проектот е подржан од Министерството за култура.

Мирослав Трендафиловски-Мики e сликар, роден 1958 година во Куманово, каде што живее и работи како самостоен уметник. Досега има реализирано 27 самостојни изложби ( Куманово, Скопје, Свети Николе, Крива Паланка, Штип, Прилеп, Неготино, Кочани, Струмица, Крушево, Кратово, Кавадарци, Битола, Виница Охрид, Приштина, Врање, Јагодина, Крагуевац, Ниш) и учествувано на голем број меѓународни ликовни колонии и групни изложби во земјава и надвор од неа.

Своето прво самостојно претставување го има доживеано во далечната 1981 година од минатиот век како војник во Приштина тогашна СФРЈ. Добитник е на повеќе награди, признанија и благодарници за своето 45-годишно ликовно творештво. Во последните дваесет години од своето ликовно творештво работи како уметнички раководител на повеќе Меѓународни ликовни колонии и културни манифестации во земјава и надвор.

Прикажи повеќе...

Култура

Играниот филм „Дедо и внук“ на Илија Пиперкоски награден на фестивал во Индија

Објавено пред

Играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски ја освои наградата за најдобра режија на Интернационалниот филмски фестивал Буда во Индија.

ТБИФФ е посветен на прикажување нови и иновативни филмови додека ја поттикнува следната генерација на филмаџии. Фестивалот е силен поборник за социјални промени и ја охрабрува културната разновидност и разбирање меѓу народите. Се стреми да ја поттикне филмската уметност на сите континенти стимулирајќи го развојот на квалитетно кино и промовирајќи одлични филмови, со големи вредности од целиот свет.

Ова е четврта награда за првиот долгометражен филм на Пиперкоски, кој претходно доби две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival и уште една награда на TIFF -Tagore International Film Festivalв во категоријата играни филмови.

Светската промоција на „Дедо и внук“ се одржа на Меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ 2020 во Приштина. Директорот на фотографија, Патру Паунеску, има освоено уште две награди за најдобар Директор на фотографија – кинематографер.

Филмот ја раскажува приказната по смртта на еден млад пациент, во која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај неговиот дедо. Последен пат бил кај него пред 10 години. Ова е филм за конфликт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други. Монтажер е Данчо Стефков, композитор Оливер Тевчев, костимограф Жаклина Крстевска, сценограф Владимир Зафирковски. Продуцент на филмот е Огнен Антов. Зад продукцијата на филмот стои „Pandora’s Box“, продукција од Охрид во соработка со „Dream Factory“ од Скопје и „Alien Film“ од Романија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Македонија4 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија4 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија5 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија5 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија5 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет5 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион6 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет6 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион6 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија6 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет8 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет9 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет9 часа

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Свет10 часа

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари...

Македонија22 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија23 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија23 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ1 ден

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Досие