Култура
Доделени Пулицеровите награди за 2010, во новинарство, публицистика и уметност
Во Њујорк, во понедeлник, беа објавeни имињата на добитниците и финалистите за Пулицеровата награда, најпрестижното американско признaние за новинарство и публицистика
Новинарската награда за јавна служба ја добил весникот Herald Courier од Бристол во Вирџинија, за написите на новнарот Даниел Џилберт за махинaциите со надоместоците за природниoт гас, кои ги примаат илајдници земјопоседници од југот на Вирџинија, написи кои поттикнаа истрага на парламентот на оваа сојузна држава.
Наградата за известување во вест во низа ја доби редкацијата на весникот The Seattle Times, за покривањето на инцидентот и 40-часовната потера по убиецот откако беа убиени четворица полицајци додека пиеја кафе во еден локал подготвувавајќи се да ја преземат нивната смена.
Наградата за истражувачко новианрство ја добија Барбара Лејкер и Венди Рудерман од Philadelphia Daily News за написите за оптпадничка полициска екипа за борба против трговијата со дрога, како и Шери Финк од ProPublica, во соработка со The New York Times Magazin за приказната за лекари од една болница отсечена со ураганот Катрина во 2005 г.
Наградата за аналитичко известување ја доби Мајкл Мос и членовите на редакцијата на The New York Times за пишувањето за хамбургерите затруени со бактерии и за други проблеми со безбеднста на храната во САД.
Наградата за локалното известување е доделена на Ракел Ралтиџ од Milwaukee Journal Sentinel, која пишувала за измамите и злоупотребите во програмите за грижа за деца од сиромашни семејства.
За национално известување награден е Мат Ричтел и членовите на редакцијта на The New York Times за написот за опасната употреба на мобилни телефони, компјутери и други апарати при управувањето со автомобили.
Наградата за меѓународно известување ја добил Ентони Шадид од The Washington Post за серијата написи за Ирак за повлекувањето на американските сили и наследството коешто останува зад нив.
Наградата за посебен прилог ја доби Џејн Веингартен, исто така од The Washington Post, за статија за родителите кои случајно ги усмртиле своите деца, заборавајќи ги заклучени во автомобилите.
Во The Washington Post дојде уште една награда, за коментар која ја доби Кетлин Паркер за колумната посветена на спектарот политички и етички прашања. Наградата за уметничка критика ја доби Сара Кауфман исто така од за нејзиниот пристап во критиката за современиот танц.
Наградата за пишување уводници им е доделена на Тод Робинсон Колин Мекејн и Вилијам Мекензи од Dallas Morning News, а за карикатура на Марк Фиоре, самостоен автор кој обајвува во San Francisco Chronicle.
За фотографии во серија наградена е Мери Чинд од The Des Moines Register, за снимање на спасителите кои од вода се обидуваат да извадат една жена, додека, пак, наградата за репортажна фотографија ја доби Крег Волкер од The Denver Posta, за портрет на тинејџер кој се пријавил во американската војна во екот на насилствата во Ирак .
Во понеделник навечер беа обајвени и имињата на добитниците на Пулицеровите награди за уметност, кои ги добија за белетристика – романот Tinkers, на Пул Хардинг (Bellevue Literary Press), за драма рок-мјузиклот Next to Normal, на музика на Том Кит на текст и стихови на Брајан Јорки.
За историска литература наградена е „Lords of Finance: The Bankers Who Broke the World” на авторот Лиакат Ахмед (The Penguin Press), за биографија „The First Tycoon: The Epic Life of Cornelius Vanderbilt by T.J. Stiles” на авторот Алфред Кноф. За поезија е наградена книгата „Versed”, на авторот Ри Армантрут (Wesleyan University Press), за публицистика „The Dead Hand: The Untold Story of the Cold War Arms Race and Its Dangerous Legacy“, напишана од Дејвид Хофман (Doubleday) а за музика е награден Виолинскиот концерт на Џенифер Хајгдон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Љубов, серенади и поезија во срцето на Дебар Маало
Општина Центар и годинава е домаќин и покровител на традиционалната манифестација „Дебармаалски средби и серенади“, која се одржува по повод празникот на виното и љубовта, во организација на здружението „Гороцвет“ и Здружението на пензионерите од Општина Центар.
Манифестацијата почна кај познатата кафеана „Кај Жабарот“, каде што градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со познатиот уметник Живко Поповски-Цветин и присутните граѓани, симболично закрои лозово гранче и испрати порака за љубов и мир.
„Центар ќе продолжи да ја поддржува оваа прекрасна традиција, која нè враќа во старите убави времиња на серенади, поезија и романтика. Дебар Маало и денес е место каде што се негуваат дружењата, уметноста и културата. Наша обврска е да ги чуваме овие вредности и да ги пренесуваме на идните генерации“, рече Герасимовски.
Програмата продолжи со поетски рецитал, староградска музика и прошетка низ дебармаалските улички и ресторани. Со поддршката на ваквите културни настани, Општина Центар ја потврдува својата посветеност на зачувување на традицијата, културното наследство и автентичниот боемски дух на Дебар Маало.
Култура
Mozzart го отвори „Театарот на хуманоста“: Племенита уметност која ја храни душата
Кога уметноста и хуманоста ќе се спојат, резултатот е вистинско ремек-дело.
Полна сала, насмевки и громогласен аплауз во Театар Комедија го одбележаа изведувањето на претставата „Олд Сејбрук“, првата за која компанијата Mozzart им делеше бесплатни билети на граѓаните.
Со оваа фантастична комедија започна проектот „Театарот на хуманоста“, кој има двојна цел – да им овозможи на љубителите на театарот да уживаат во претстави без да купуваат карти, а истовремено да поттикне хуманост преку донации за Банката за храна на Македонија.

Посетителите добиваа флаери со број за донации, а секоја испратена порака значеше бесплатен оброк за оние кои не можат да си го дозволат.
„Прекрасно е што секој има можност да дојде и да ја погледне претставата, а истовремено да направи добро дело,“ порача актерката Маја Љутков, која ја толкува една од главните улоги во претставата.
Од компанијата Mozzart велат дека ова е само почеток: „Успешно ја започнавме реализацијата на проектот ‘Театарот на хуманоста’. Целта е љубителите на театарот да уживаат во културни содржини, а истовремено да донираат за хуманитарни цели. Првата претстава помина одлично, а веќе се подготвуваме за следната,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Фактот дека картите беа поделени за само половина час зборува за огромната љубов на граѓаните кон театарската уметност. Токму затоа Mozzart најавува уште неколку бесплатни претстави, продолжувајќи да ја поддржува културата и хуманоста.
(ПР)
Култура
Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин
Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа.
На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.
„Ниту еден филм всушност не го променил мислењето на кој било политичар. Но можеме да ја промениме претставата што луѓето ја имаат за тоа како треба да живеат. На оваа планета постои голем јаз меѓу луѓето што сакаат да ги живеат своите животи и владите што имаат поинакви идеи. Затоа мислам дека филмовите влегуваат во тој јаз“, изјави Вендерс, пренесува „Варајети“.
Вим Вендерс е претседател на овогодинешното жири, во кое се и американскиот режисер Рејналдо Маркус Грин („King Richard“), јапонската режисерка Хикари („Rental Family“), продуцентката на филмот „The Zone of Interest“ Ева Пушчинска, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам („Shambala“), јужнокорејската актерка Бе Дуна и индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур („Celluloid Man“).
„Мораме да се држиме подалеку од политиката“
Претседателот и членовите на жирито беа прашани конкретно за конфликтот во Газа и поддршката што германската влада – која финансира голем дел од фестивалот – му ја дава на Израел.
Пушчинска прва одговори, оценувајќи дека прашањето е „малку неправедно“.
– Секако, се трудиме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за тоа каква одлука ќе донесат, дали ќе го поддржат Израел или ќе ја поддржат Палестина – рече Пушчинска и додаде:
– Постојат многу други војни во кои се врши геноцид, а за нив не зборуваме. Затоа ова е многу комплицирано прашање и мислам дека е малку неправедно да нè прашувате што мислиме, како поддржуваме или не поддржуваме, дали разговараме со нашите влади или не.
Вендерс додаде дека како филмски автори „мораме да се држиме подалеку од политиката“.
– Ако снимаме филмови што се изрично политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мораме да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите.
Берлинале – фестивал на „лицата на светот“
За време на прес-конференцијата, Вендерс – кој во 2015 година ја доби почесната Златен мечка – зборуваше и за тоа по што овој фестивал се издвојува од другите.
– Можете да бидете сигурни дека тука ќе видите повеќе лица на светот отколку на кој било друг фестивал. Тоа е неговата голема сила, нели?
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) ќе се одржи од 12 до 22 февруари во Берлинале Паласт, а 76. издание ќе го отвори светската премиера на филмот „No Good Men“ на наградуваната авганистанска режисерка Шарбана Садат.
На свеченото отворање ќе ѝ биде врачена Почесната Златна мечка за исклучителен придонес во филмот и кинематографијата на актерката Мишел Јео.
Во селекцијата Главна натпреварувачка програма се вклучени 22 филма, меѓу кои „A New Dawn“ на Јошитори Шиномија, „A voix basse“ на Лејла Бузид, „At the Sea“ на Корнел Мундуцo, „Dust“ на Анке Блонде, „Everybody Digs Bill Evans“ на Грант Ги и „Josephine“ на Бет де Араужо. Во програмата се и „Nightborn“ на Хана Бергхолм, „Rose“ на Маркус Шлајнцер, „The Loneliest Man in Town“ на Рајнер Фримел, „The Blood Countess“ на Улрике Отингер и други.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.

