Контакт

Култура

Десет години издаваштво и 300 наслови на Макавеј

Објавено пред

Издателството Макавеј веќе десетта година уверливо ги афирмира најистакнатите авторски пројави во македонскиот книжевен и културен простор. Освен тоа таа афирмира и преводна литература на македонски јазик, како и дела од македонската литература на други јазици

dobivaj vesti na viber

Забележливо е дека Макавеј во сите години од постоењето покажува посебна грижа за македонските млади автори а со афирмираните творци (поети, прозаисти, научници и преведувачи) постигнува високи дострели во одделни области, што уредникот Владимир Цветкоски, го илустрира со романот „Нишан“ од Блаже Миневски кој ги освои Наградата роман на годината на „Утрински весник“ и наградата „Стале Попов“, поетските книги „Штит“ од Радован Павловски, „Столисник“ од Весна Ацевска и „Големата љубовна песна“ од Братислав Ташковски ја освоија наградата „Браќа Миладиновци“, книгата „Вечноста и мигот“ од Бранко Цветкоски наградата „Димитар Митрев“, а поетските дела на Ристо Јачев, Јордан Даниловски, Иван Чаповски, Катица Ќулавкова, Трајан Петровски и др., се постојани автори на едицијата за македонската современа поезија.„По десет години постоење, и по тристотини  објавени наслови од домашната и светска творечка и научна мисла, можам да кажам дека сепак, останува уште многу да се поработи врз некои одделни аспекти од работата на Макавеј. Ако во изминатиот период прележувавме разни ‘детски болести’, во наредниот период треба да дадеме сè од себе да растеме и да се развиваме. Од името на сите во Макавеј им благодарам на нашите автори и на медиумите за конструктувната соработка. Нашата десетгодишнина е убав повод да ги поканам сите наши автори, преведувачи, читатели и пријатели да нè посетат на нашиот штанд на годинаштиот саем на книгата.“, изјави Владимир Цветкоски.Цветкоски ја потенцира и и сториската студија „Македонија и Грција…” од австралискиот научник Џон Шеј на полезен и аргуметиран начин го претстави спорот за името на Македонија, „Предавствата и атентатите во македонската историја“ и „Репресијата и репресираните во најновата македонска историја“ од домашните историчари В. Ачкоска и Н. Жежов предизвика нагласено интересирање, преводите на делата од класичната мисла како „Исповедите“ од Св. Августин и „Освојување на среќата“ од Бертранд Расел се едни од најчитаните книги, истото може да се рече и за делата на Г.Г. Маркес – „Да се живее – за да се раскаже“, “Сто години осаменост“, „Сеќавање на моите тажни проститутки“, романите на М. Маџунков „Времето на ирвасите“ и на М. Јовановски – „Продавница за љубопитните“ беа во најтесна конкуренција за роман на годината на „Утрински весник“, а редица македонски раскажувачи и критичари (Ташко Георгиевски, Митко Маџунков, Миле Неделкоски, Ристо Давчевски, Трајан Петровски, Санде Стојчевски, Младен Србиновски, Блаже Миневски и други) ги објавија најзрелите свои остварувања токму кај Макавеј.Макавеј секоја издавачка сезона води грижа и застапува во својата едиција за преводи видни светски, балкански и домашни автори од немакедонска националност. Во изминатите сезони се објавија преводи на врвни дела од Васко Попа, Назим Хикмет, Владо Даверов, Костас Валетас, Новица Тадиќ, Марко Семов, како и од македонските поети од другите етникуми, Луан Старова, Илхами Емин, Ким Мехмети, Фахри Али, Нехас Сопај, Линдита Ахмети и др.Макавеј своите изданија ги доближува до читателите преку бројните промотивни активности, преку својата електронска страница (www.makavej.com.mk), преку живите презентации во училиштата и библиотеките и преку средствата за јавно информирање.Самата издавачка куќа располага со дизајн-студио и лекторско-уредничка и редакциска база за најпрофесионална целосна подготовка на целиот процес на создавањето на книгата сè до етапата на печатење за што секогаш води посебна грижа.Макавеј разви копродукциската соработка со неколку бугарски издавачи и на тој начин врши афирмација на македонската литература во Бугарија. Објавени се на бугарски јазик четириесетина дела од македонски автори, меѓу кои од Рацин, Т. Георгиевски,  К. Ќулавкова, Радован Павловски,Митко Маџунков, Иван Џепароски, Јордан Даниловски, Ким Мехмети, Али Алиу, М. Јовановски, Р. Лазаров, Б. Цветкоски, Т. Петровски, писатели или вкупно 35 наслови од македонски автори.Во таа насока Макавеј оствари и повеќе од петнаесет промоции на дела од македонски автори во Македонскиот културно-информативен центар во Софија и ја основа Меѓународната книжевна манифестација „Македонска книжевна визита во Софија“ која и годинава по петти пат треба да се одржи во превдечерјето на празниците на словенските просветители свети Кирил и Методиј.Од 2007 г., Макавеј почна да го издава книжевното списание „Книжевно житие“ што претставува нова респектабилна трибина за афирмација и критичко  вреднување на новите книжевни дела, настани и културни процеси во  Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Љубов, серенади и поезија во срцето на Дебар Маало

Објавено пред

Општина Центар и годинава е домаќин и покровител на традиционалната манифестација „Дебармаалски средби и серенади“, која се одржува по повод празникот на виното и љубовта, во организација на здружението „Гороцвет“ и Здружението на пензионерите од Општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Манифестацијата почна кај познатата кафеана „Кај Жабарот“, каде што градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со познатиот уметник Живко Поповски-Цветин и присутните граѓани, симболично закрои лозово гранче и испрати порака за љубов и мир.

„Центар ќе продолжи да ја поддржува оваа прекрасна традиција, која нè враќа во старите убави времиња на серенади, поезија и романтика. Дебар Маало и денес е место каде што се негуваат дружењата, уметноста и културата. Наша обврска е да ги чуваме овие вредности и да ги пренесуваме на идните генерации“, рече Герасимовски.

Програмата продолжи со поетски рецитал, староградска музика и прошетка низ дебармаалските улички и ресторани. Со поддршката на ваквите културни настани, Општина Центар ја потврдува својата посветеност на зачувување на традицијата, културното наследство и автентичниот боемски дух на Дебар Маало.

Прикажи повеќе...

Култура

Mozzart го отвори „Театарот на хуманоста“: Племенита уметност која ја храни душата

Објавено пред

Кога уметноста и хуманоста ќе се спојат, резултатот е вистинско ремек-дело.

dobivaj vesti na viber

Полна сала, насмевки и громогласен аплауз во Театар Комедија го одбележаа изведувањето на претставата „Олд Сејбрук“, првата за која компанијата Mozzart им делеше бесплатни билети на граѓаните.

Со оваа фантастична комедија започна проектот „Театарот на хуманоста“, кој има двојна цел – да им овозможи на љубителите на театарот да уживаат во претстави без да купуваат карти, а истовремено да поттикне хуманост преку донации за Банката за храна на Македонија.

Посетителите добиваа флаери со број за донации, а секоја испратена порака значеше бесплатен оброк за оние кои не можат да си го дозволат.

„Прекрасно е што секој има можност да дојде и да ја погледне претставата, а истовремено да направи добро дело,“ порача актерката Маја Љутков, која ја толкува една од главните улоги во претставата.

Од компанијата Mozzart велат дека ова е само почеток: „Успешно ја започнавме реализацијата на проектот ‘Театарот на хуманоста’. Целта е љубителите на театарот да уживаат во културни содржини, а истовремено да донираат за хуманитарни цели. Првата претстава помина одлично, а веќе се подготвуваме за следната,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Фактот дека картите беа поделени за само половина час зборува за огромната љубов на граѓаните кон театарската уметност. Токму затоа Mozzart најавува уште неколку бесплатни претстави, продолжувајќи да ја поддржува културата и хуманоста.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Култура

Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин

Објавено пред

Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа.

dobivaj vesti na viber

На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.

„Ниту еден филм всушност не го променил мислењето на кој било политичар. Но можеме да ја промениме претставата што луѓето ја имаат за тоа како треба да живеат. На оваа планета постои голем јаз меѓу луѓето што сакаат да ги живеат своите животи и владите што имаат поинакви идеи. Затоа мислам дека филмовите влегуваат во тој јаз“, изјави Вендерс, пренесува „Варајети“.

Вим Вендерс е претседател на овогодинешното жири, во кое се и американскиот режисер Рејналдо Маркус Грин („King Richard“), јапонската режисерка Хикари („Rental Family“), продуцентката на филмот „The Zone of Interest“ Ева Пушчинска, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам („Shambala“), јужнокорејската актерка Бе Дуна и индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур („Celluloid Man“).

„Мораме да се држиме подалеку од политиката“

Претседателот и членовите на жирито беа прашани конкретно за конфликтот во Газа и поддршката што германската влада – која финансира голем дел од фестивалот – му ја дава на Израел.

Пушчинска прва одговори, оценувајќи дека прашањето е „малку неправедно“.

– Секако, се трудиме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за тоа каква одлука ќе донесат, дали ќе го поддржат Израел или ќе ја поддржат Палестина – рече Пушчинска и додаде:

– Постојат многу други војни во кои се врши геноцид, а за нив не зборуваме. Затоа ова е многу комплицирано прашање и мислам дека е малку неправедно да нè прашувате што мислиме, како поддржуваме или не поддржуваме, дали разговараме со нашите влади или не.

Вендерс додаде дека како филмски автори „мораме да се држиме подалеку од политиката“.

– Ако снимаме филмови што се изрично политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мораме да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите.

Берлинале – фестивал на „лицата на светот“

За време на прес-конференцијата, Вендерс – кој во 2015 година ја доби почесната Златен мечка – зборуваше и за тоа по што овој фестивал се издвојува од другите.

– Можете да бидете сигурни дека тука ќе видите повеќе лица на светот отколку на кој било друг фестивал. Тоа е неговата голема сила, нели?

Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) ќе се одржи од 12 до 22 февруари во Берлинале Паласт, а 76. издание ќе го отвори светската премиера на филмот „No Good Men“ на наградуваната авганистанска режисерка Шарбана Садат.

На свеченото отворање ќе ѝ биде врачена Почесната Златна мечка за исклучителен придонес во филмот и кинематографијата на актерката Мишел Јео.

Во селекцијата Главна натпреварувачка програма се вклучени 22 филма, меѓу кои „A New Dawn“ на Јошитори Шиномија, „A voix basse“ на Лејла Бузид, „At the Sea“ на Корнел Мундуцo, „Dust“ на Анке Блонде, „Everybody Digs Bill Evans“ на Грант Ги и „Josephine“ на Бет де Араужо. Во програмата се и „Nightborn“ на Хана Бергхолм, „Rose“ на Маркус Шлајнцер, „The Loneliest Man in Town“ на Рајнер Фримел, „The Blood Countess“ на Улрике Отингер и други.

Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ9 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија9 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија10 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија11 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија11 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион12 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија13 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија13 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет13 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет14 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа14 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет14 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет15 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа15 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...