Култура
Изложба на скулпутири од Башески во КИЦ
Во вторник вo Културно-информативен центар Скопје (КИЦ), ќе биде отворена изложба на скулптури од Жарко Башески, изложбен салон Империјал 2. Изложбата ќе биде отворена до 5-ти мај
Досега Башески има реализирано девет самостојни изложби во Скопје, Њујорк, Битола и Прилеп. Учесник е на повеќе групни изложби во земјата и странство. Има изведено 9 јавни скулптури и споменици во Македонија. Добитник е на осум национални награди за скулптура.Во скулптурите на Жарко Башески, повеќе елементи се новина во македонската скулптура – хиперреалистичниот третман, техничката изработа и употреба на новиот материјал, димензиите на делото, концептот-кои споени во едно нудат повеќеслојни исчитувања на уметничкото дело. Не само според изработката, туку и според својата технолошка изведба, делата се сведуваат во рамките на реализмот, за кој се подразбира дека како основа ја користи фотографијата како „имперсонален и објективен почеток на прикажувањето“. Конкретно, се „ користи“ моќта на фотографијата за пренесување на најситните детали и за изразување на интензивна и прецизна хипер-реалност .Изложбата претставува три различни типа на човек. Врската меѓу трите лика – авторот/уметник, обичниот човек и имагинарниот портрет- ја наоѓаме во генералната претстава на човештвото, поточно човекот како симбол на постојаната егзицијална борба која опфаќа реални животни и историски влијанија, но и имагинарни состојби на духот.Роден е во Прилеп 1957 год. Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје 1988 год.. Постдипломски студии ги завршил во истата институција во 1998 год. Член на ДЛУМ од 1988 год. Од 1989 год., работи на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а во 2010 год., е избран за редовен професор на Катедрта за вајарство на истиот факултет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.
Култура
Почина Георги Сталев Поповски
Друштвото на писателите на Македонија информира дека на 30 декември 2025 година, во 95. година од животот, почина Георги Сталев Поповски, поет, прозаист, преведувач, драмски писател, научен работник и поранешен универзитетски професор, доктор по филолошки науки и најстар член на писателската асоцијација.
Георги Сталев Поповски е роден на 22 април 1930 година во Витолиште, а почина во Скопје. Високото образование го завршил на Филозофскиот факултет во Скопје. Во текот на својата богата професионална кариера, меѓу другото, бил и долгогодишен уредник на списанието „Современост“.
Член на Друштво на писателите на Македонија бил од 1956 година, како прв член примен во Друштвото по заслуга на своите достигнувања во областа на книжевниот превод.
Поповски е добитник на бројни признанија и награди, меѓу кои двапати наградата „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за книжевна критика и есеистика, наградата „Златен лавров венец“ за најдобар драмски текст на фестивалот „Мали и експериментални сцени“ во Сараево (1972), наградите „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“ за книжевен превод, медалот од Фондот „Лермонтов“ во Москва, како и македонските државни награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, како и наградата на Град Скопје „13 Ноември“.
Тој останува актуелен и во 2025 година како еден од авторите на збирката раскази Она што се памети живее („Никогаш докрај раскажани приказни“) во издание на ДПМ, во која е застапен со расказот „Доста ми е власт играње“ – сеќавање на неговиот татко, Стале Попов, корифејот на македонскиот роман.
Култура
Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.
Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.
Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.
„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.
Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.
„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.
Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

